Јапонец провалил во 1.000 домови за да се „ослободи стресот“

Јапонската полиција денеска соопшти дека уапсила маж кој наводно признал дека упаднал во повеќе од 1.000 домови заради неконвенционален начин за ослободување од стресот.

Полицијата го приведе 37-годишниот во понеделникот под сомнение дека влегол во имот во Дазаифу во јужна Јапонија, изјави портпаролот на полицијата.

„Провалувањето во туѓи домови е мое хоби и го имам направено повеќе од 1.000 пати“, го цитира весникот „Мајничи шимбун“ неименуваниот маж.

„Толку сум воодушевен што дланките ми се потат кога се прашувам дали некој ќе ме открие или не, а тоа ми го намалува стресот“, изјави тој на полицијата, објави весникот.

Јавен повик за избор на независни стручни лица - членови на телото „Скопје ЕПК 2028“

Град Скопје, објавен е јавен повик за избор на независни стручни лица – членови на телото Скопје ЕПК 2028, чија цел е водење, спроведување и координација на активностите кои произлегуваат од титулата Скопје 2028 - Европска престолнина на културата.

Во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје, објавен е јавен повик за избор на независни стручни лица – членови на телото Скопје ЕПК 2028, чија цел е водење, спроведување и координација на активностите кои произлегуваат од титулата Скопје 2028 - Европска престолнина на културата.

Како што информира Град Скопје, јавниот повик е отворен за учество за физички лица со живеалиште на територија на Град Скопје кои имаат значително искуство во една или повеќе области по повикот со кои ќе придонесат за успешна реализација на Скопје 2028 - Европска престолнина на културата. Тоа се: изведбена уметност, музичка уметност, визуелна уметност и уметност на новите медиуми, издавачка и библиотечна дејност, музејска дејност и промоција на културно наследство, креативни индустрии, применета уметност и општествени науки.

Сите заинтересирани повеќе информации за јавниот повик можат да најдат на следниот линк: https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/

Инзаги за победата над Лајпциг: Никогаш не е лесно да се игра со ваков ривал

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги се осврна на синоќешната победа над Лајпциг во 5. коло од Лигата на шампионите.

До трите бода „Нероазурите“ дојдоа со автоголот на Кастело Лукеба во првото полувреме.

-Одигравме одличен натпревар, постојано ја контролиравме ситуацијата, а против Лајпциг не е лесно. Повеќе напаѓаа во завршниот дел од играта, Зомер добро се снајде на голот. Штета што не успеавме да постигнеме втор, изјави Инзаги.

Интер во поредокот во Лигата на шампионите со 13 бодови, Лајпциг нема бодови и е на претпоследното, 33. место.

Муцунски се сретна со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Сарацин

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска се сретна со специјалниот претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин.

На средбата, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, беше дискутирано за евроинтегративните процеси на нашата држава, актуелните внатрешно-политички случувања и постигнувањата во реформските области. Посебно внимание беше посветено на очекувањата од новото раководство на европските институции и нивната улога во засилување на политиката на проширување на Европската Унија во претстојниот период.

Министерот Муцунски изразил благодарност за личниот ангажман на специјалниот претставник Сарацин во динамизирањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан. Тој исто така ја нагласил континуираната и силна поддршка на Германија за европската иднина на државата и на земјите од регионот, посебно преку активностите во рамките на Берлинскиот процес.

притисни ентер