Јанчев: Во Михајлово снежна покривка од 25 см, се расчистува снегот на патните правци

Зимската служба на ЈП Комуналец Кавадарци интензивно работи на чистење на патните правци во високите места од наноси на снег., објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Зимската служба на ЈП Комуналец Кавадарци интензивно работи на чистење на патните правци во високите места од наноси на снег. Проодни и исчистени се патните правци кон селата Бојанчиште,Бохула,Чемерско,Бошава, Крњево, Страгово, за безбедно одвивање на сообраќајот, истакна првиот човек на Кавадарци, Јанчев.

Утринава Михајлово се разбуди во најубавата снежна покривка од околу 25см [❄️], напиша на својот профил на Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Ова е уште предзнак дека љубителите на снегот, од крајот на декември ќе може да уживаат во убавините на Скијачкиот центар Михајлово [🍀],с тои во објавата на Јанчев.

Натали Портман го дочека Божиќ на Карибите, снимена е во бикини (ФОТО)

Холивудската актерка Натали Портман (43) реши да го помине Божиќ во летно издание.

Фотографите ја снимиле како доаѓа со нејзината ќерка Амалија (7) на плажата во Сент Бартс, популарно одморалиште на Карибите.

Актерката дошла на плажа во црна маица, тексас здолниште и очила за сонце. Таа за кратко време влезе во морето облечена во црно бикини во кое ја покажа својата витка линија.

Ова беше прв одмор за актерката по разводот, кој беше финализиран во март годинава. Минатото лето таа објави дека се разведува од францускиот танчер Бенџамин Милепид, со кого беше во брак 12 години. Двојката се запознала во 2009 година на сетот на филмот Црн лебед, во кој Натали ја играше балерината Нина, а Бенџамин беше еден од танчерите.

Покрај ќерката Амали, парот заедно го доби и синот Алеф (13). Извесен период живееле во неговата родна Франција, каде во октомври оваа година Милепид бил снимен како се бакнува со непозната жена. Извор близок до актерката тогаш изјави за Us Weekly дека Натали не била изненадена.

„Таа мислеше дека тој брзо ќе продолжи понатаму“, рекол еден извор. Друг тврдеше дека актерката не се замара за потенцијалните врски на нејзиниот поранешен сопруг: „Таа е многу среќна со својот живот и има приоритет со семејството и пријателите“.

Кина гради три пати поголема хидроцентрала од онаа која ја забави ротацијата на Земјата

Кина ја одобри изградбата на најголемата хидроцентрала во светот, започнувајќи амбициозен проект на источниот раб на Тибетската висорамнина, кој може да влијае на милиони луѓе во Индија и Бангладеш.

Според проценката на Power Construction Corp of China за 2020 година, браната, која ќе се наоѓа во долниот тек на реката Јарлунг Зангбо, може да произведува 300 милијарди киловат часови електрична енергија годишно. Тоа е три пати повеќе од проектираниот капацитет од 88,2 милијарди kWh на најголемата хидроцентрала во светот, Трите клисури, лоцирана во централна Кина. Таа хидроцентрала е толку огромна што ја забавила ротацијата на Земјата за 0,06 микросекунди, пренесе Јутарњи.

Проектот ќе игра клучна улога во исполнувањето на целите на Кина за јаглеродна неутралност, ќе ги зајакне поврзаните индустрии како што е инженерството и ќе создаде работни места во Тибет, објави официјалната новинска агенција Ксинхуа. Дел од реката Јарлунг Зангбо се спушта на драматични 2.000 метри на краток распон од 50 километри, обезбедувајќи огромен хидроенергетски потенцијал, но и уникатни инженерски предизвици.

Трошоците за изградба на браната, вклучувајќи ги и инженерските трошоци, се очекува да бидат повисоки од браната Три клисури вредна 35 милијарди долари. Ова вклучуваше преселување на 1,4 милиони луѓе и беше четири пати повеќе од првичната проценка. Властите не прецизираа колку луѓе ќе треба да бидат раселени поради проектот и како тој ќе влијае на локалниот екосистем, кој е еден од најбогатите и најразновидните на платото.

Според кинеските власти, хидроенергетските проекти во Тибет, за кои тврдат дека имаат повеќе од една третина од хидроелектричниот потенцијал на Кина, нема да имаат големо влијание врз животната средина или снабдувањето со вода.

Сепак, Индија и Бангладеш се загрижени за браната, бидејќи проектот потенцијално ја менува не само локалната екологија, туку и текот на реката. Јарлунг Зангбо станува река Брамапутра кога излегува од Тибет и тече на југ во индиските држави Аруначал Прадеш и Асам, и на крајот во Бангладеш.

Кина веќе започна со изградба на хидроцентрали на горниот тек на реката Јарлунг Зангбо, која тече од запад кон исток во Тибет, и планира повеќе проекти возводно.

Хрватски актер запроси колешка пред преполната театарска сала: Знаев дека е луд (ВИДЕО)

На премиерата на претставата во Вараждин, актерот и комичар Александар Лазиќ ја изненади својата партнерка Наташа Поповиќ, која му беше колешка во претставата.

Актерот клекнал на едно колено пред полн театар и ја запросил.

Публиката беше воодушевена, а на Наташа ѝ требале неколку моменти да се свести и да ја прифати ненадејната понуда.

- Ова е најубавиот момент. Актерот ја запроси актерката на сцената. Честитки, Алекс и Бара, за големата љубов, за одличното шоу и на сите во публиката за прекрасните реакции - пишува на Фејсбук страницата на Театар Керекеш, која го сподели видеото.

- Знаев дека е луд, но ова не го очекував! Ова е она за што сонува секоја девојка, а јас во моментов го живеам мојот сон. И, реков да – изјавила самата актерка.

притисни ентер