Во Тетово, но и други општини главните булвери беа накитени со албански знамиња, но и имаше и такви на Голема Албанија, кои за прв пат во толкав број беа ставени на тетовските улици. Ситуацијата сепак кулминираше во текот на вечерните часови. Голем број граѓани со автомобили од повеќе делови на Скопје синхорнизирано тргнаа кон центрот на градот. Во колони, со автомобили накитени со знамиња го блокираа собраќајот во централното градско подрачје.
Тука се случија и првите инциденти, со сквернавење на македонското знаме, дивеења и навредливи скандирања од неодговорни групи.
Како што можеше да се забележи од видео снимките објавени на социјалните мрежи овие македонски знамиња беа симнати од уличните бандери, дел од нив беа и запалени.
Инцидентите кулминираа пред крстосницата кај трговскиот центар Мавровка во Скопје. Од повеќе видеа можеа да се чујат истрели, кои звлучат на рафална стрелба од автоматско оружје.
Страшните глетки превизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи. Граѓаните револтирани од синоќешниот инцидент кога „настрада“ македонското знаме побараа експресна реакција од полицијата и итна одговорност за сторителите на делото.