Хаос во Собранието: Крмов искрши монитор и микрофони, па со Апасиев фрлаа хартии кон Мисовски

Хаос во Собранието попладнево направија двајцата пратеници од Левица, револтирани што не беа прифатени нивните амандмани на новиот Деловник...

Крмов кршеше компјутери, телефони и микрофони, а заедно со Апасиев фрлаа со хартија по потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, барајќи од него да ја прекине седницата...

Во Собранието е Сандра Спасовска.. Сандра, Мисовски два пати даваше пауза..

Ветеринарната комора на РМ одбележува 30 години постоење

Ветеринарната комора на РМ годинава одбележува јубилеј, 30 години од формирањето. По тој повод, од денеска до 20 октомври во Охрид ќе бидат одржани повеќе настани.

Одбележувањето ќе почне попладнево со Свечена академијa на која ќе бидат доделени плакети и благодарници на институции и личности кои имаат дадено значаен придонес во развојот на Комората.

Утре и задутре Комората организира конгрес на тема „Втори Охридски ветеринарно-медицински средби”, со меѓунарoдно учество. Најавени се предавачи од земјава и регионот со тематски излагања од повеќе области на ветеринарната медицина.

На Конгресот ќе присуствуваат и државни претставници, бројни делегации на ветеринарни комори со кои Комората има потпишано билатерални договори за соработка, како и преставници од европски асоцијации.

Синер подобар од Ѓоковиќ и ќе игра со Алкараз во финалето во Саудиска Арабија

Јаник Синер и Карлос Алкараз ќе се сретнат во финалето на егзибициониот тениски турнир „Сикс Кингс Слем“ во Саудиска Арабија.

Светскиот рекет број 1 го победи Новак Ѓоковиќ во маратонска битка со 6-2, 6-7 (0), 6-4, додека Шпанецот со 6-3, 6-3 го совлада својот идол и сонародник Рафаел Надал.

Денеска е ден за одмор, а в сабота покрај финалето ќе има и меч за третото место меѓу Ѓоковиќ и Надал.

По неговиот крај, Синер и Алкараз ќе излезат на теренот и ќе се борат да си заминат со најголемата награда во историјата на тенисот - 6 милиони долари или речиси двојно повеќе од она што го добива шампион на Гренд слем турнир (3,8 милиони долари).

Либанската телевизија ЛБЦИ јави дека Калед Машал е именуван за в.д. лидер на Хамас

Еден од лидерите на Хамас, Калед Мешал е назначен за вршител на должноста лидер на ова милитантно движење по ликвидацијата на Јахја Синвар, јавува либанската телевизија ЛБЦИ, повикувајќи се на свои извори.

Машал сега е одговорен за сета комуникација со клучните страни вклучени во преговорите и прашањата за затворениците, пренесува либанската телевизија.

Извори потврдија за ЛБЦИ дека раководството на Хамас ги информирало турските, катарските и египетските власти за смртта на Синвар за време на операцијата во Тел ал Султан.

Покрај тоа, наведуваат дека за убиството на Синвар и неговото влијание врз преговорите и потенцијалниот прекин на огнот разговарале американскиот државен секретар Ентони Блинкен и катарскиот премиер и министер за надворешни работи шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.

Хамас најави дека по убиството на Синвар, преговорите за размена на заробеници и завршување на војната „ќе стануваат сè потешки и сложени“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) вчера официјално соопштија дека Синвар, за кој се верува дека е организаторот на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, бил убиен од израелската армија во Појасот Газа.

притисни ентер