Годишно обраќање во македонскиот парламент на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Eвроинтеграциите, правосудството и владеењето на правото во фоксуот на првото обраќање на претседателката Сиљановска Давкова пред пратениците. 

Членството во ЕУ останува стратешки приторитет на земјава, но единствено можно решение за продолжување на евроинтеграциите се уставни измени со одложено дејство порача шефицата на државата. Според неа видлива била промената на ЕУ вокабаларот и одност на Унијата кон земјава, а тоа јасно можело да се почуствуваа од изјавите на европските челници кои се повеќе ја нагласувале дебилатерализацијата на преговарачкиот процес.

Претседателката порача дека е време за храбар ЕУ исчкор порачувајќи дека Унијата не смее да дозволи балканскат пандорина крутија да стане европска, уаптувајќи и низа забалеѓки за можното губење на кредибилитетот на Унијата, поради како што ги нарече, измислените спорови. Според Сиљаносвка Давкова патот до Брисел ќе биде побрз доколку сите чинители во земјава настапуваат синхронизрано и упати повик до опозицијата за обединување околу националните интереси.

Осврнувајќи се на правостсвото и владеењето на правото Сиљановска порача дека се потребни забрзани и длабоки реформи во правосудните органи и дека никој не смее да биде над законот. Ги повика надлежните инстутуции да се познаимаваат со лицата кои се најдоа на американската „црна листа.

Во својот гвоор кој тареше повеќе од една час во Собранието, претседатлаката се осврна и на буџетот, за кој порача дека бил добро усогласен и развоен, на безбедбедносните и разунавачките структури, како и на новоизбраната комисија за помилување порачувајќи дека е потребен нов закон во оваа обалст. На Седницата освен пратениците, присуствуваа и премеиорт Мицкоски, високи функциоенри од судстската фела како и дополамткиот кор.

Мигрант запали жена среде метрото во Њујорк- гледа како гори и ја снима (Вознемирувачко видео)

Себастијан Запета-Калил (33), мигрант од Гватемала, е осомничен дека ја запалил жената и ја убил, а наводно ја гледал како гори додека полицајците ја поминувале платформата за да ја спасат.

Осомничениот наводно седел на клупа на платформа на метрото во Бруклин пред вагонот додека пожарот беснеел внатре. Трагичниот настан се случил во неделата наутро, а полицајците кои биле на местото на настанот не го уапсиле веднаш Себастијан.

„Не знаејќи за полицајците што реагираа, осомничениот остана на местото на настанот и седеше на клупа на платформата веднаш надвор од вагонот, а камерите на телото на полицајците што реагираа обезбедија многу јасен детален поглед на убиецот“, рече комесарот на НЈПД, Џесика Тиш.

Осомничениот ѝ пришол на жената која била „неподвижна“ во вагонот додека се приближувал до станицата на авенијата Стилвел околу 7.30 часот, соопшти полицијата. Властите првично рекоа дека жената спиела. На видеото од внатрешноста на возот се гледа како осомничениот става ќебе врз жената, а жртвата е таму веќе вивната во пламен, според Си-Ен-Ен.

Запета-Калил е уапсен околу осум часа подоцна во воз на станицата Хералд Сквер во Мидтаун Менхетен, изјави началникот на транзитната полиција на Њујорк Џозеф Гулота. Во џебот имал запалка.

Жртвата се уште не е идентификувана. Надлежните не веруваат дека таа и осомничениот се познавале, пишува Метро.

Главниот службеник за безбедност на Метрополитенската транспортна управа, Мајкл Кемпер, тоа го нарече „брутално убиство“. Окружниот обвинител во Бруклин, Ерик Гонзалес, рече дека „изопаченоста на ова ужасно злосторство е надвор од разбирање“.

„Мојата канцеларија е посветена да ги изведе сторителите пред лицето на правдата. Овој ужасен и бесмислен чин на насилство врз ранлива жена ќе има најсериозни последици. Секој њујорчанец заслужува да се чувствува безбеден во нашата подземна железница, а ние ќе направиме сѐ што е во наша моќ да обезбеди одговорност во овој случај“, рече тој.

Инцидентот се случи само три дена откако гувернерката Кети Хочул објави дека 250 членови на Националната гарда ќе бидат распоредени низ системот на метрото на градот за да се зголеми безбедноста за време на празникот.

Запета-Калил влегол во САД илегално и бил обвинет за убиство од прв степен и подметнување пожар. Неговата адреса била засолниште за бездомници за мажи со проблеми со злоупотреба на супстанции во источен Њујорк.

Мајка од Германија си ги убила двете мали деца на Божик, па се обидела да си пресуди

Страшна трагедија се случила на Божиќ кога мајка (39) од Германија со непознат алат ги убила двете малолетни деца на возраст од шест и седум години.

Откако ги убила децата, жената се обидела да се самоубие.

Хоророт се случил околу 3 часот и 30 минути на Божиќ, а полицијата за трагедијата ја известил сведок. Подоцна ја пронашол повредената жена во семејната куќа во областа Розенхајм во Баварија.

Неколку патролни возила веднаш се упатиле кон куќата на Краинштрасе. Полицијата потоа ја открила Германката и безживотните тела на децата во куќата.

За жал, медицинските служби не успеале да ги оживеат децата, па можеле само да прогласат смрт, пишува Билд.

Оружјето што го користела за време на убиствата засега не е детално опишано, а мајката е префрлена во болница каде што се лекува под полициска придружба.

Според лекарите, состојбата на жената е стабилна, а нема индиции дека во делото е вмешано уште некое лице.

На местото на злосторството, во семејниот дом, има кризни екипи на Црвениот крст кои се грижат за членовите на семејството и полицијата која врши увид.

Засега не е познат мотивот зошто мајката ги убила нејзините две деца.

Патниците едвај преживеале, откако машиновозач се фрлил од воз во полна брзина

Француската национална железничка компанија (SNCF) денеска го потврди самоубиството на машиновозач во брз воз (TGV), што во текот на претходната ноќ беше причина за големи прекини кои ги зафатија линиите на брзите возови во Југоисточна Европа.

СНЦФ соопшти дека вчера, на Бадник, кој се слави според Грегоријанскиот календар, машиновозачот „си го одзел животот додека возот се движел“, а дека „автоматските уреди за запирање на возот биле активирани и возот автоматски запрел“, објави Монд.

Компанијата објави и дека „никогаш не била загрозена безбедноста на патниците во возот, ниту безбедноста на сообраќајот“.

Според извор близок до истрагата, машиновозачот вчера вечер скокнал од возот што се движел во полна брзина, што предизвикало доцнење од десет воза, а неговото безживотно тело било откриено нешто подоцна.

Обвинителството соопшти дека е отворена судска истрага за утврдување на причините за смртта на машиновозачот, која ја спроведува жандармеријата во градот Мелун.

„Првите наоди се чини дека укажуваат на тоа дека машиновозачот на брзиот воз извршил самоубиство. Автоматските безбедносни процедури на железницата обезбедија возот да запре“, се вели во соопштението на јавното обвинителство во Мелун претходно денеска, еден ден по големите нарушувања на јужната линија на брзата пруга.

притисни ентер