Мигрант запали жена среде метрото во Њујорк- гледа како гори и ја снима (Вознемирувачко видео)

Себастијан Запета-Калил (33), мигрант од Гватемала, е осомничен дека ја запалил жената и ја убил, а наводно ја гледал како гори додека полицајците ја поминувале платформата за да ја спасат.

Осомничениот наводно седел на клупа на платформа на метрото во Бруклин пред вагонот додека пожарот беснеел внатре. Трагичниот настан се случил во неделата наутро, а полицајците кои биле на местото на настанот не го уапсиле веднаш Себастијан.

„Не знаејќи за полицајците што реагираа, осомничениот остана на местото на настанот и седеше на клупа на платформата веднаш надвор од вагонот, а камерите на телото на полицајците што реагираа обезбедија многу јасен детален поглед на убиецот“, рече комесарот на НЈПД, Џесика Тиш.

Осомничениот ѝ пришол на жената која била „неподвижна“ во вагонот додека се приближувал до станицата на авенијата Стилвел околу 7.30 часот, соопшти полицијата. Властите првично рекоа дека жената спиела. На видеото од внатрешноста на возот се гледа како осомничениот става ќебе врз жената, а жртвата е таму веќе вивната во пламен, според Си-Ен-Ен.

Запета-Калил е уапсен околу осум часа подоцна во воз на станицата Хералд Сквер во Мидтаун Менхетен, изјави началникот на транзитната полиција на Њујорк Џозеф Гулота. Во џебот имал запалка.

Жртвата се уште не е идентификувана. Надлежните не веруваат дека таа и осомничениот се познавале, пишува Метро.

Главниот службеник за безбедност на Метрополитенската транспортна управа, Мајкл Кемпер, тоа го нарече „брутално убиство“. Окружниот обвинител во Бруклин, Ерик Гонзалес, рече дека „изопаченоста на ова ужасно злосторство е надвор од разбирање“.

„Мојата канцеларија е посветена да ги изведе сторителите пред лицето на правдата. Овој ужасен и бесмислен чин на насилство врз ранлива жена ќе има најсериозни последици. Секој њујорчанец заслужува да се чувствува безбеден во нашата подземна железница, а ние ќе направиме сѐ што е во наша моќ да обезбеди одговорност во овој случај“, рече тој.

Инцидентот се случи само три дена откако гувернерката Кети Хочул објави дека 250 членови на Националната гарда ќе бидат распоредени низ системот на метрото на градот за да се зголеми безбедноста за време на празникот.

Запета-Калил влегол во САД илегално и бил обвинет за убиство од прв степен и подметнување пожар. Неговата адреса била засолниште за бездомници за мажи со проблеми со злоупотреба на супстанции во источен Њујорк.

Сообраќајот во зимски услови, снег провејува на неколку патни правци

Сообраќајот во зимски услови, снег провејува на патот Ресен-Крушево и на планиските премини Ѓавато и Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. Слаб снег што не се задржува на коловозот провејува во Ресен, на патот Ресен-Крушево и на планиските премини Ѓавато и Плетвар.

Од ЈП Македонија пат информираат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Потсетуваат дека има забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Со целокупната расположива механизација и работна сила, екипи на ЈП Македонија пат се вклучени во расчистување на патиштата.

Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Салах критикуван за божиќната фотографија на социјалните мрежи

Египетскиот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах се најде на удар на навивачите откако објави семејна фотографија пред новогодишна елка.

Триесет и двегодишниот фудбалер е муслиман, а во исламската традиција не е вообичаено да се слави Божиќ. Во коментарите на фотографијата, многу корисници на Интернет го критикуваа Салах, најекестремните дури го нарекуваат, меѓу другото, и предавник на својата религија.

Салах игра за Ливерпул од 2017 година. Претходно беше објавено дека играчот е блиску до продолжување на договорот со англискиот клуб до 2027 година.

Оваа сезона напаѓачот одигра 24 натпревари за Ливерпул на сите турнири, на кои постигна 18 гола и 15 асистенции.

СДСМ: ДКСК да ја повлече скандалозната одлука за Христовски и да ја преиспита

СДСМ бара повлекување на скандалозна одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата диплома.

Фактите кои што ги објавија медиумите и се достапни за целата јавност се загрижувачки и отвораат низа прашања за основите врз кои е донесена одлуката, дури и за можен конфликт на интерес во самата ДКСК.

Ова мора да биде целосно расчистено затоа што е удар не само врз угледот на ДКСК туку е дамка и за нејзината работа.

Анонимната претставка во која беше оспорена факултетската диплома на Бојан Христовски, издадена од еден Универзитет во Скопје ДКСК ја отрфли повикувајќи се на анализа на Државниот просветен инспекторат. Оваа диплома, која самиот Христовски ја пријавил, предизвика основани сомнежи поради експресното завршување на студиите за само 1 година. Замислете, наместо 4 за една успеал.

Вчера, една национална телевизија објави информација за конфликт на интерес во самата ДКСК. Членка на ДКСК, која беше задолжена за овој случај и ја реферираше одлуката дека „сè е во ред“ со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на истиот универзитет од каде што е издадена спорната диплома.

Овие информации беа јавно достапни и на интеренет страната на Универзитетот и на страната на Државната комисија за спречување на корупција.

Но по објавата на прилозите во медиумите, Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска од наставен на интернет страницата.

Оваа ситуација ја загрозува веродостојноста на одлуките на ДКСК и ги поткопува во целост.

Во Етичкиот кодекс на Антикорупциската комисија е наведено дека членот треба да се откаже од одлучување во предмети кои се поврзани со судир на интереси. (член 9).

Едноставно, е неприфатливо вакви нерегуларности да бидат премолчени или оправдани.

СДСМ бара итно:

1. Повлекување и преиспитување на одлуката од страна на ДКСК за случајот со дипломата на директорот на АНБ.

2. Расчистување на прашањето за конфликт на интереси во редовите на ДКСК.

3. Преуспитување на анализата направена од Државниот просветен инспекторат.

Мора да се обезбеди транспарентност и одговорност во процесот, со цел граѓаните да добијат јасни одговори и да имаат доверба.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

Скопје, 26.12.2024

СДСМ

притисни ентер