Сѐ повеќе млади девојки се сликаат со лажен труднички стомак, причината е неверојатна

Бизарниот тренд го привлече националното внимание откако младата кинеска инфлуенсерка Мејси Геге се фотографираше со лажен труднички стомак.

Таа на своите милиони следбеници им кажа дека сака „фотографии од бременоста“ додека е витка и во целосна форма, пренесува New York Post.

Тамошните медиуми забележуваат дека многу Кинески, во доцните дваесетти години, сметаат дека се „поминати од својот физички врв“, што ги наведува да посетуваат фото студија пред да се здебелат (за време на бременоста) или да добијат несакани стрии.

По Мејси Гига, други млади жени се најдоа да го направат истото. Така, една 26-годишна жена признала дека претходно се фотографирала со лажен труднички стомак и покрај тоа што не била ни мажена.

Според истражувањето на South China Morning Post, гореспоменатите „помагала“ се лесно достапни и можат да се купат онлајн. Сепак, тоа не е единственото нешто што младите Кинези го „фалсификуваат“.

22-годишна жена направила лажни свадбени фотографии во случај да „добие брчки до 30-тата година“.

Многумина го осудуваат овој тренд кај младите, сметајќи дека промовира „погрешен стандард на убавина“. Луѓето често се шегуваат за ова.

„Сега ќе се фотографирам за мојот 70-ти роденден и подоцна ќе ги објавам на мрежите. Ќе ме направи да изгледам помлад“, напиша еден критичар.

Герасимовски: Џез, вино и костени, предновогодишна вечер за скопјани

Градоначалникот Горан Герасимовски, синоќа присуствуваше на настанот „Џез под ламба“ кадешто беа изведени македонските евергрини во џез верзија на Искра Србиновска квартет.

„Синоќа, Скопје беше обвиено во звуците на македонските евергрини, мајсторски преработени во џез верзии од Искра Србиновска квартет. Во предновогодишна атмосфера, со убави разговори и многу позитивна енергија, заедно го одбележавме културниот настан Џез под ламба. Подиумот беше отворен за сите – од најмладите до највозрасните! Сите во еден глас и ритам се потсетивме на безвременските евергрини, песни што ги обележале животите на многу генерации, а и понатаму ги инспирираат новите“, истакна Герасимовски.

Општина Центар продолжува да ги поддржува македонските уметници со организирање на вакви слични културни настани во кои се оддава признание на македонската музика.

На пленарна седница на 10 јануари дебатата за интерпелациите за Меџити,Тошковски, Исени и Даути

На пленарна седница на 10 јануари треба да почне дебатата за интерпелациите за Меџити, Тошковски, Исени и Даути.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека интерпелациите поденесени за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот на внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени и пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Иљире Даути се очекува да бидат ставени на пленарната седница која би требало да биде свикана за 10 јануари следната година.

-Најавата е дека на почетокот на јануари ќе биде свикана првата седница и ќе биде околу тоа - интерпелациите. Очекуваме околу 10 јануари, но се уште не е свикана седницата. Ќе бидат ставени на дневен ред како што е по Деловник. Ако има одговори, ќе бидат ставени на дневен ред како што доаѓаат одговорите, а ако не ќе ги ставиме во дневен ред како што доаѓале. Така, што по Деловник ќе работиме. За секоја интерпелација се дискутира цел ден, всушност колку пријавени има за збор. Седницата може да трае, но до крајот на денот мора да се гласа по одредената интерпелација. За секоја интерпелација се дискутира по еден ден и на крајот се гласа посебно за секоја, рече Гаши.

Спикерот на законодавниот дом потенцира дека интерпелациите немаат правна последица и егзекутивна моќ.

-Во однос на ефектот на интерпелациите, интерпелацијата како инструмент нема правна последица и нема егзекутивна моќ. Тоа е повеќе демократска алатка за политичка дискусија околу една тема, околу еден носител на должност или избрано и именувано лице од Собранието, рече тој.

Словенија го одбележува Денот на независноста и единството во спомен на референдумот од 1990 г.

Во Словенија денеска се одбележува Денот на независноста и единството, во чест на настаните од 1990 година, кога словенечкиот Парламент ги објави резултатите од плебисцитот. 

На тој референдум, кој се одржа на 23 декември 1990 година, 88,5 отсто од гласачите со право на глас се изјаснија за отцепување од тогашна Југославија.

Резултатите официјално беа објавени три дена подоцна во парламентот, што означи почеток на подготовките за прогласување независност. Процесот заврши на 25 јуни 1991 година.

Главните свечености по повод државниот празник, кој е неработен ден, се одржаа во претходните денови, вклучително и централната прослава во петокот во „Цанкаревиот дом“ во Љубљана.

Денеска, по повод празникот, претседателската палата во Љубљана ќе биде отворена за посетители од 9 до 16 часот. Пред зградата е построена почесна стража од Словенечката армија, а посетителите ќе ги пречека актуелната претседателка на Словенија, Наташа Пирц Мусар.

притисни ентер