Самиот Ноле со објава на Инстаграм потврди дека се работи за скинат менискус на десното колено, што е повреда која ќе го оддалечи извесно време надвор од терените, објави Телеграф.
Како што неофицијално дознава Телеграф, Новак веднаш по добивањето на информациите и деталните резултати од магнетната резонанца започнал со нова мисија - опоравување до Олимписките игри во Париз.
Веднаш биле контактирани водечките стручњаци за ваков вид повреди и операции во Србија и светот. Ноле и неговиот тим работат напорно за да се најде најдоброто решение и клиниката каде ќе биде опериран, за да може да го започне процесот на опоравување од повредата.
Како што неофицијално дознаваме, Новак сака да биде подготвен и не се откажал од настапот на Олимписките игри. Сега веќе почнува трката со времето, за да се опорави до почетокот на Олимписките игри во Париз.
Сосема е сигурно дека следен чекор ќе биде операцијата на менискусот на Новак, веројатно во некоја странска клиника која е најдобра кога станува збор за овој тип на операција. И тогаш започнува трката со времето.
Олимпискиот тениски турнир започнува на 27 јули, дотогаш има нешто повеќе од седум недели.
Останува само да се надеваме дека повредата не е од посериозна природа и дека ќе има шанси Новак да се опорави. Она што поттикнува дека е така е фактот што и со вакво колено и скинат менискус Новак успеа да најде начин да го победи Серундол.
Нема сомнеж дека хируршката интервенција ќе ја изведат најдобрите светски стручњаци и дека нема да има грешки, а се надеваме и дека Новак ќе успее да се опорави до Париз.
Позитивен знак е тоа што има огромна волја за игра и ќе направи сѐ за да биде во Париз и да се обиде да го освои единственото нешто што го нема освоено во кариерата - златото на Олимписките игри.
Она што може да го охрабри Новак е фактот што еден од најголемите стручњаци во Србија во оваа област, д-р Дејан Александриќ, во изјава за Телеграф објаснува дека процесот на рехабилитација за врвните спортисти по операцијата, во зависност од степенот на повредата, може да биде од четири до шест недели.
- Во зависност од степенот на повредата, доколку е потребно да се оперира, во случај на повреда на коленото опоравувањето за професионалните спортисти може да трае од четири до шест недели. Така што, кога е во прашање Новак Ѓоковиќ, верувам дека можеме да се надеваме дека ќе игра на Олимписките игри во Париз - изјави д-р Александариќ за Телеграф.