Ѓоковиќ го откажа учеството на Мастерсот во Париз: Им се извинувам на сите

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ официјално го откажа доаѓањето на АТП Мастерс 1000 турнирот во Париз, кој ќе се одржи од 28 октомври до 3 ноември.

Ваквото сценарио беше очекувано бидејќи Ѓоковиќ навести дека го пропушта Париз на неодамнешниот егзибициски турнир во Ријад, каде го освои третото место со победата против својот голем ривал Рафаел Надал.

„Им се извинувам на сите што се надеваа дека ќе ме видат оваа година во Париз, но нема да настапам. Имам многу убави спомени од турнирот во Париз, особено седумте победи, но се надевам дека ќе дојдам следната година“, изјави Ѓоковиќ, моментално четвртиот играч на АТП скалата.

Ова го прави под знак прашалник дали Ѓоковиќ ќе се квалификува за финалето на АТП оваа година, каде што ќе се натпреваруваат осумте најдобри светски играчи. Моментално е на шестото место на тоа рангирање. Јаник Синер, Карлос Алкараз, Александар Зверев, Данил Медвједев и Тејлор Фриц се пред него во рангирањето на Трката во Торино, а зад него се Каспер Руд, Андреј Рубљов и Алекс де Минаур.

Она што се знае за распоредот на Ѓоковиќ до крајот на 2024 година е егзибицискиот меч против Хуан Мартин дел Потро во Буенос Аирес на 1 декември, на официјалното збогување од тенисот на аргентинскиот тенисер.

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

 Напаѓачот на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување на нов договор со клубот, пренесе „Барса Универзал“.

Според изворот, договорот со 17-годишниот шпански репрезентативец ќе биде продолжен на 6 години кога тој ќе наполни 18 години.

Во договорот ќе биде вклучена откупна клаузула од една милијарда евра.

Оваа сезона Јамал одигра 16 натпревари за Барселона, постигнувајќи 6 гола и 8 асистенции.

Актуелниот договор со Каталонците е до летото 2026 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 150 милиони евра. /МИА

ЦУК: Изминатото деноноќие четири пожари на отворено, сите се изгаснати

На бројот за итни случаи 112 во ЦУК изминатото деноноќие имало 1 752 повици, од нив „реални“ повици биле  61,76 отсто, а 38,24 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало четири пожари на отворено и сите се изгаснати. Интервенирале пожарникарите од Скопје, Битола, Струмица и од Тетово, гаснејќи депонии, ѓубришта, мешана шума и ниска вегетација, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

На бројот за итни случаи 112 во ЦУК изминатото деноноќие имало 1 752 повици, од нив „реални“ повици биле 61,76 отсто, а 38,24 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полиција биле упатени 64,74 отсто, кон итната медицинска помош 23,99 отсто, кон пожарникарите 1,73 отсто, а кон АМСМ 0,29 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Од ЈПКР „Услуга“- Берово информирале дека водата од водоснабдителниот систем во Општина Берово од 12 ноември 2024 година се уште е забранета за пиење и готвење, заради зголемено присуство на манган.

Од ЈСП „Скопје“ известиле дека поголем дел од автобусите не се вклучени во јавниот превоз и дека само мал дел сообраќаат по делничен возен ред во последното деноноќие и дека денеска се очекува да се нормализира јавниот градски превоз во Скопје.

Од ЦУК информираат дека жичницата на Водно во последното деноноќие не работела поради врнежи од дожд и силен ветер. Јачината на ветерот ги надминала дозволените граници за функционирање непречено и безбедно. Кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, ќе продолжела со непречено превезување на патниците.

Доминација на Хамилтон и Мерцедес во Лас Вегас

Се одржаа првите тренинзи пред трката за ГН на САД во Лас Вегас. Луис Хамилтон во Мерцедес беше најбрз и на двата.

Седумкратниот светски шампион покажа дека се уште не ја завршил мисијата во Мерцедес. Тој беше најбрз на двата тренинзи досега.

Во првиот забележа време од 1:35.001. На дополнително задоволство на сите во „сребрените стрели“, веднаш до него беше тимскиот колега Џорџ Расел, со аостанување од 396 илјадити делови од секундата. Трет беше Ландо Норис со Мекларен, единствениот во секунда - 953 илјадитинки заостанување.

Истата тројка беше на првите три места на вториот тренинг. Хамилтон повторно беше прв со време од 1:33.825. Овој пат Ландо беше втор со само 11 илјадитинки заостанување, додека Расел трет со 190 илјадитинки заостанување.

Актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман Макс Верстапен беше петти на првиот тренинг, а едвај 17-ти на вториот тренинг. Тимот на Ферари покажа добра форма. Шарл Леклер беше четврти на првиот тренинг, петти на вториот тренинг, а Карлос Саинц беше шести на првиот и четврти на вториот тренинг. /МИА

притисни ентер