Ѓоковиќ до гледач на трибините: Подобро би ми било 2 часа во автобус 39 на ЈСП (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ го победи Лоренцо Музети во третото коло на Монте Карло и се пласира во четвртфиналето, каде утре ќе се соочи со Алекс де Минор.

Иако Новак победи во два сета, тоа беше исцрпувачка битка и психички и физички, објави Телеграф.

Музети одигра добро, особено во првиот сет, кога имаше брејк предност.

Ноле во еден момент се скара со публиката што го разбуди ѕверот во него, па набрзо го врати брејкот и стигна до првиот сет.

Борбата продолжи и во вториот сет, се чинеше дека Ноле физички се мачи, па од големо значење беше Ѓоковиќ да победи во два сета и мечот потенцијално да не оди во третиот сет.

По завршувањето на натпреварот, Новак искрено му призна на некој од публиката како се чувствува.

- Брате, подобро да поминав два часа во 39-ка, отколку овде - рече Новак и ги насмеа луѓето на трибините и коментаторот на Спорт Клуб, алудирајќи на автобус на ЈСП со број 39.

Филипче на средба со претседателката Сиљановска-Давкова

Во овие моменти во Вила Водно почнува работната средба на претседателот на СДСМ, Венко Филипче и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова.

Изјави секако се најавени по завршувањето на средбата, која се одржува на барање на Филипче.

Пред Вила Водно е Ивана Стојановска.

Какви детали имаме засега за средбата, и кои се темите на разговор?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Данела Арсовска нема да се кандидира за нов мандат

„Апсолутно не размислувам за нов мандат“ – се зборовите со кои градоначалничката Данела Арсовска денеска откри и ги отфрли сите можности повторно да се кандидира за прв човек на Скопје на локалните избори догодина. 

Причина за тоа, како што кажа, е поларизираната атмосфера која ја наметнуваат политички елити во државата, кои според нејзе не заслужуваат соработка со луѓе кои сакаат да донесат позитивни промени. Обвини, ако некој не „игра“ по нивно, тогаш се соочува со блокади и саботажи од страна на градскиот совет, а на тој начин вели одбива да работи.

-Јас кога се кандидирав за градоначалник ја имав поддршката од страна на ВМРО-ДПМНЕ, која за жал не успеа да се надмине себеси, односно неговото раководство, суетите се преголеми да му дозволите некому да работи без да му кажувате што и како да прави и благодарам, меѓутоа јас од такви луѓе и од луѓе кои што знаат само да саботираат и да блокираат не би сакала ни сакала никогаш повеќе да работам. - Данела Арсовска – Градоначалник на Скопје.

Арсовка ова го откри на претставувањето на новите шест ЦНГ - автобуси со кои се поднови ЈСП и се од турско производство, а се донација од ЕУ. Засега истите не се знае на која линија ќе сообраќаат, а на улица граѓаните ќе можат да ги видат за околу две недели, откако ќе завршат техничките процедури. Амбасадорот на ЕУ во земјава Рокас и министерот за животна средина Меџити кажаа дека пред се, со ваков тип на автобуси, целта е да се намали загадувањето.

Сепак, овие шест автобуси се далеку од решение на моменталната состојба на ЈСП. Се уште се користат владините 250те тони гориво кои беа позајмени на претпријатието, а се доволни за 10 до 14 дена. Во меѓувреме распишана е јавна набавка по скратена постапка за директно преговарање со добавувач, но до каде е процедурата, градоначалничката не откри. Арсовска сепак посочи дека главниот проблем останува долгот од државата кон претрпијатието за студентски стандард кој во јануари ќе изнесува 10 милиони евра, пари кои се потребни за сервисирање на автобусите, од кои повеќето се со дефекти паркирани во депоата.

Хуманитарен концерт на неколку штипски здруженија

Здружението на слeпи лица-Штип заедно со фолклорниот ансамбл „Ветерани“ и здружението на пензионери организираат хуманитарен концерт, кој  вечер ќе се реализира на сцената на Центар на култура „Ацо Шопов“ Штип со почеток од 18 часот. 

Претседателот на Здружението на слепи лица, Драги Витанов вели влезот е слободен, но со можност граѓаните, љубителите на народната музика да донираат средства, кои ќе се искористат за голем број активности на здружението на слепи лица, кои догодина слават 70 годишен јубилеј.

-Собраните средства ќе бидат наменти за активности на здружението на слепи лица на град Штип. Планираме да организираме меѓународни шаховски турнири, концерт, ќе имаме гости од Бугарија и Сребија и слично, изјави Витанов.

Овој концерт се реализира за првпат годинава, со тенденција да прерасне во традиција. Концертот ќе се одвива во неколку делови, а ќе има гости од повеќе градови од државата.

-Од нашиот град ќе бидат група „Бекрии“, оркестарот при здружение на пензионери Штип, пеачката група „Орнаменти“, народниот оркестар, гости ќе имаме од Кочани, пријатели од Пробиштип, Штип и солисти од слепите лица од Кочани и Штип, вели Ванчо Ристов претседател на Фолклорен ансамбл на ветерани-Штип.

притисни ентер