Германската министерка за внатрешни работи предупреди за зголемување на шпионажата

Германската министерка за внатрешни работи Фезер предупреди за зголемување на шпионажата и кибер заканите од странски земји.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер денеска предупреди за зголемување на шпионажата и кибер заканите од странски земји, вклучувајќи ги Русија, Кина и Иран.

„Заканата за нашата демократија од шпионажа, саботажа, дезинформации и кибер-напади достигна нова димензија“, им рече Фесер на новинарите во Берлин на промоцијата на извештајот за заштита на Уставот од 2023 година, кој дава информации за природата и обемот на прекршување на највисокиот правен акт, како што се активностите на екстремната десница, екстремната левица и исламистичките групи.

Фезер истакна дека Русија ја прилагодила својата разузнавачка стратегија по протерувањето на руските дипломати од Германија во 2023 година.

„Кремљ сега е фокусиран на шпионажа, а во исто време спроведува сајбер напади и кампањи за дезинформација против Берлин“, рече Фезер.

Шефот на Канцеларијата за заштита на Уставот, германската внатрешна разузнавачка агенција на Германија, Томас Халденванг, рече дека кампањата на кибер напади во 2023 година била насочена против високи цели во бизнисот и политиката, вклучувајќи го и извршниот комитет на германската Социјалдемократска партија.

„Овој напад оттогаш и се припишува на групата АПТ 28 контролирана од руското воено разузнавање“, рече Халденванг.

Невреме со силен дожд, град и грмотевици во Скопје

Скопје вечерва е зафатено од силно невреме проследено со силен ветер, грмотевици и град на некои места. 

Во моментов силен дожд, проследен со грмотевици и ситен град има во скопската населба Ѓорче Петров, Карпош и во центарот на градот.

Претходно со силно невреме беше зафатен Полошкиот регион.

Се препорачува граѓаните да не бараат засолниште од дождот под осамени дрвја.

Хјустон Рокетс тргнува по Кевин Дурент

Хјустон Рокетс тргнува по Кевин Дурент, пишуваат американските медиуми.

Според доверливиот НБА инсајдер, Адријан Војнаровски, франшизата од Тексас на секој начин се обидува да ја донесе ѕвездата на Феникс ова лето.

Откако Микел Бриџис беше разменет од Бруклин во Њујорк, франшизата од Тексас ги стекна правата за идните избори на Феникс. И, тој ќе се обиде да ја искористи својата силна преговарачка моќ за да го доведе Дурент, кој е под договор на уште две сезони додека не стане незаштитен слободен агент во 2026 година.

Планот е Рокетс да го отстапат својот избор од првата рунда во 2026 година во корист на Санс. /МИА

Претседателот на Кенија го повлече законот за зголемување на данокот

Претседателот на Кенија, Вилијам Руто денеска најави дека нема да го потпише законот за зголемување на даноците еден ден по немирите во кои демонстрантите упаднаа во зградата на Парламентот, при што загинаа 22 лица.

Руто истакна дека предлог-законот предизвикал „општо незадоволство“ и оти ги слушал граѓаните и се „согласил“ со нив. Тој протестот го нарече предавнички.

Лидерот на кениската опозиција Раил Одинга го осуди убиството на демонстрантите и грубата сила на власта и повика на дијалог. /МИА

притисни ентер