Фото: Салма Хајек го „возбуди“ Кан со своето бујно деколте

Убавата актерка Салма Хајек повторно ја остави јавноста без здив со своето бујно деколте. 

Таа и нејзиниот сопруг уживаат на фестивалот во Кан, а сите погледи се вперени во атрактивната актерка.

Фановите се посебно воодушевени од бујното деколте на 56 годишната актерка.

Хајек тврди дека на неа се е природно, вклучувајќи ги и градите и вели дека тие и понатаму и растат.

Турската лира падна на рекордно ниско ниво по почетокот на новиот мандат на Ердоган

Турската лира денеска падна на рекордно ниско ниво, продолжувајќи го својот пад во однос на американскиот долар откако претседателот Реџеп Таип Ердоган го започна својот трет мандат.

Лирата денеска ослабе за повеќе од шест отсто во однос на доларот. Турската валута падна за осум отсто по назначувањето на новата влада на Ердоган. Валутата од почетокот на годината ослабе за околу 20 отсто.

Вредноста на турската лира во однос на доларот паѓа од 2021 година поради инсистирањето на Ердоган да ги одржува ниски трошоците за задолжување за да се стимулира растот и покрај зголемената инфлација.

Аналитичарите велат дека владата на Ердоган ја зголемила лирата пред претседателските и парламентарните избори во Турција минатиот месец, користејќи ги девизните резерви за да го држи курсот под контрола. /МИА

Нормализиран сообраќајот на патот Градско - Прилеп

Нормализиран е сообраќајот на патот Градско - Прилеп, информираа од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Нестабилно со пороен дожд и грмежи и следните денови, температурите без поголема промена

Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што информира УХМР, утре и во следните денови на повеќе места во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Температурите ќе бидат без поголема промена.

притисни ентер