Фото: Наташа Беквалац во секси стајлинг ги покажа бујните облини

„Жешко“ издание на мегапопуларната новосадската „барбика“ , пејачката Наташа Беквалац.

Годишната забава на тиражен магазин во Србија се одржа синоќа во хотел во главниот град, а кремот на српската јавна сцена беше на едно место.

Познатите се потрудија со стајлингот, а најголемо внимание привлече „новосадската барбика“ Наташа Беквалац.

Таа на забавата пристигна во машко друштво, облечена во долг црн фустан од тул со шлиц на страна, кој ја истакна нејзината совршена става. Посебно бујните гради.

Зовре атмосферата меѓу Апасиев и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Собранието на раб на тепачка – пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, со пцовки, навреди и обид за физичка пресметка со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. 

Претходеше долга процедурална расправа меѓу координаторите на двете пратенички групи Мицевски и Крмов, околу тоа колку прашања најавиле а колку поставиле од Левица, во која беше спомнат и Апасиев.. Тој тогаш почна да довикува од место, фрли слушалки кон еден од пратениците, а неговите сопартијци се обидуваа да ја смират тензичната атмосфера.

Откако се смири ситуацијата, на говорницата излезе премиерот Мицкоски, кој беше прашан од Левица зошто Владата дала поддршка за именувањето на Радмила Шекеринска за втор човек на НАТО Алијансата. Тој и денеска повтори дека без ОГЛЕД на идеолошките разлики со неа, логично е да се поддржи единствената Македонка во конкуренција со кандидати од други држави.

Овие дополнителни пратенички прашања се алатка воведена со новиот деловник на Собранието. Целта е покрај редовната седница кадешто се поставуваат прашања до премиерот, министрите и првите луѓе на највисоките државни ограни, за прашања од опозиционерите да биде отстапен дополнителен простор од 2 часа.

Централната банка на Турција ја задржа референтната каматна стапка на 50 отсто

Централната банка на Турција (ТЦМБ) денеска одлучи, осмипат по ред, да ја задржи референтната каматна стапка на 50 проценти.

Додека гувернерот на ТЦМБ, Фатих Карахан изјави дека се подобрени инфлаторните очекувања во Турција се подобрени, што во иднина би можело да доведе до намалување на каматата.

Годишната стапка на инфлација во Турција во октомври се спушти под 49 отсто, што е најниска од јули 2023 година.

Блумберг очекува референтната каматна стапка на Турција да се намали од сегашните 50 отсто на 47,5 отсто до крајот на 2024 година и на 25 проценти до крајот на 2025 година.

Банана на бел ѕид со леплива лента продадена за 5,2 милиони долари

Контроверзно уметничко дело банана закачена на бел ѕид со селотејп лента е продадена за неверојатни 5,2 милиони долари, предизвикувајќи дебата за тоа што претставува уметност.

Станува збор за уметничкото дело „комичар“ на италијанскиот уметник Маурицио Кателан, кој дебитираше во 2019 година на изложбата „Арт базел Мајами бич“, каде тоа стана многу дискутирана сензација.

Провокативното уметничко дело не е ниту историска слика на масло на платно или уникатна скулптура, беа чести коментири во јавноста, откако наддавањето започна со 800 американски долари, а заврши со 5,2 милиони.

притисни ентер