Формула 1 има шест повеќекратни победници во една сезона за прв пат од 1981 година

Возачот на Ферари, Карлос Сајнц победи на вчерашната трка за Големата награда на Мексико Сити и придонесе Формула 1 да изедначи достигнување старо 43 години.

Сајнц кој претходно заврши на првото место во Австралија, стана шестиот возач со две или повеќе победи во 2024 година.

Ова се случи само еднаш во Ф1 – во 1981 година. Тогаш победи на две или повеќе трки остварија: Нелсон Пике (три), Ален Прост (три), Карлос Ројтман (две), Жил Вилнев (две), Жак Лафит (две) и Алан Џонс (две). Таа сезона Пике ја освои шампионската титула, со еден бод повеќе од Ројтеман.

Во тековната сезона која има четири трки до крајот покрај Сајнц победници беа и возачот на Ред Бул, Макс Верстапен (седум пати), тимските колеги од Мекларен, Ландо Норис (три) и Оскар Пјастри (две), претставникот на Ферари, Шарл Леклер (три) и возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон (два). Освен овие возач на Мерцедес, Џорџ Расел, забележа една победа.

Здружението „Рајчица“ и општина Дебар по првпат организираат хуманитарно празнично дружење

По иницијатива на Здружението „Рајчица“, во соработка со општина Дебар, за првпат ќе биде одржано хуманитарно празнично дружење на плоштадот во градот.

Присутните ќе може да се радуваат и бесплатно да се фотографираат со маскоти, жонглери и Дедо Мраз. Ќе има разни слатки по поволни цени, како и други изненадувања од торбата на Дедо Мраз.

-Целта на овој празничен Базар е многустрана и се фокусира на важноста на социјалната инклузија, како и на поврзувањето на децата и нивните родители во пресрет на празниците. Настанот нуди можности за дружење на најмладите преку различни забавни содржини, а истовремено служи и за собирање средства што ќе бидат насочени кон хуманитарни активности за поддршка на најранливите категории во нашето општество, изјавија за МИА од Здружението.

Изразувајќи задоволство што целата локална заедница се вклучила на каков било начин да ја поддржи оваа иницијатива, но посебно, додадоа од Здружението, нè радува фактот што многу млади луѓе, кои се дел од волонтерската група на Здружението „Рајчица“, се вклучија во изработка на многу различни производи, кои ќе бидат поставени на штандовите за време на празничниот Базар.

- Со тоа, токму младите се носители на овој проект, преку изразувањето на нивната свест за поддршка, но и подобрување на соработката меѓу сите лица и институции во локалната заедница, насочувајќи ги своите младешки сили кон благородни цели. Ги покануваме сите наши сограѓани, нашите мили дечиња, родители, баби и дедовци, посочија од Здружението.

Задоволство од одржување на еден вакво настан искажува и градоначалникот Хекуран Дука, ветувајќи поддршка и во иднина на вакви и слични активности.

-Со задоволство ја продолжуваме соработката со здружението „Рајчица“, овој пат со навистина преубав настан, кој за првпат се случува во нашиот град. Како локална самоуправа ќе продолжиме со поддршка на настани кои се во интерес на нашата заедница, тука секако најмладите, кои верувам ќе бидат во голем број заедно со нивните најблиски, рече за МИА, градоначалникот Дука.

Тридневното хуманитарно празнично дружење ќе биде на 26 и 27 декември (четврток и петок) од 16 до 19 часот, и во сабота од 11 до 16 часот.

По тротинетите, во Скопје од февруари ќе се изнајмуваат и електрични возила

Од март идната година скопјани ќе можат да изнајмуваат електрични возила. 

Пилот-проектот најпрво ќе започне да се реализира со 100 возила во општините Аеродром, Гази Баба и Чаир. Станува збор за инвестиција вредна 30 милиони евра од приватна странска команија, од каде објаснуваат дека во понудата ќе има различен тип на возила - од помали градски автомобили, до луксузни и транспортни. Овие возила на граѓаните ќе им бидат достапни за изнајмување во секој период од денот преку мобилна апликација со која возилото се лоцира, отклучува и електронски се наплаќа услугата по измината минута и километар. Финалната цна на услугата ќе биде позната во февруари, а како пример беше наведена цена на превоз од центарот на градот до Скопскиот аеродром која би чинела најмногу 15тина евра.

-Сите други трошоци за осигурување, одржување на возилото, гориво веќе се вклучени во цената. Паркинг простор секогаш има достапен, не мора да плаќате паркинг, не мора да барате паркинг, едноставно ја наоѓате локацијата која што е најблиску до вашата дестинација и немате апсолутно никаков проблем.- Матеј Чер – Авант кар

За министерот за животна средина Изет Меџити и министерката за енергетика Сања Божиновска, проектот е чекор напред кон намалување на долгогодишниот проблем со загаениот воздух и сообраќајниот метеж во главниот град.

- Нашиот град долго време се соочува со последиците од урбаното загадување, затоа целта е на овој начин директно да влијаеме на co2 и загадувањето, што е наш приоритет како министерство.

- Енергијата во овие полначи ќе биде исклучително од обновителни извори, за нас тоа е навистина важно а исто така апликацијата ќе може да се употреби ако се оди на аеродром со ова возило и се патува до Љубљана или Загреб со истата апликација таму може да се користат тие возила. - Сања Божиновска

Ваквиот тип на транспорт е присутен во 4 други европски земји, во кои значително се намалила зависноста од користење на фосилни горива. Проценките се дека по целосната интеграција на проектот, бројот на возила во Скопје ќе се намали за околу 15 илјади и значително ќе се зголеми и бројот на слободни паркинг места.

Секое седмо дете ќе има проблеми со белите дробови поради аерозагадувањето

Секое седмо дете ќе има проблеми со белите дробови како причина е загадениот воздух, објаснува пулмологот Оливер Зафировски. 

Пулмолозите велат дека како прва заштита на секој граѓанин треба да е носење на масака или шал преку носот и устата. На клиниката за пулмологија е зголемен бројот на пациенти кои имаат проблеми со дишењето и без да имаат некои хронични заболувања, вели Зафировски.

Декември е месец со најмноуг пациенти и секоја година на клиниката за пулмолгија традиционално пред нова година се доделува награда и признание за најдобар хигиеничар, медицинска сестра, болничар,административен техничар и доктор.

притисни ентер