Здружението „Рајчица“ и општина Дебар по првпат организираат хуманитарно празнично дружење

По иницијатива на Здружението „Рајчица“, во соработка со општина Дебар, за првпат ќе биде одржано хуманитарно празнично дружење на плоштадот во градот.

Присутните ќе може да се радуваат и бесплатно да се фотографираат со маскоти, жонглери и Дедо Мраз. Ќе има разни слатки по поволни цени, како и други изненадувања од торбата на Дедо Мраз.

-Целта на овој празничен Базар е многустрана и се фокусира на важноста на социјалната инклузија, како и на поврзувањето на децата и нивните родители во пресрет на празниците. Настанот нуди можности за дружење на најмладите преку различни забавни содржини, а истовремено служи и за собирање средства што ќе бидат насочени кон хуманитарни активности за поддршка на најранливите категории во нашето општество, изјавија за МИА од Здружението.

Изразувајќи задоволство што целата локална заедница се вклучила на каков било начин да ја поддржи оваа иницијатива, но посебно, додадоа од Здружението, нè радува фактот што многу млади луѓе, кои се дел од волонтерската група на Здружението „Рајчица“, се вклучија во изработка на многу различни производи, кои ќе бидат поставени на штандовите за време на празничниот Базар.

- Со тоа, токму младите се носители на овој проект, преку изразувањето на нивната свест за поддршка, но и подобрување на соработката меѓу сите лица и институции во локалната заедница, насочувајќи ги своите младешки сили кон благородни цели. Ги покануваме сите наши сограѓани, нашите мили дечиња, родители, баби и дедовци, посочија од Здружението.

Задоволство од одржување на еден вакво настан искажува и градоначалникот Хекуран Дука, ветувајќи поддршка и во иднина на вакви и слични активности.

-Со задоволство ја продолжуваме соработката со здружението „Рајчица“, овој пат со навистина преубав настан, кој за првпат се случува во нашиот град. Како локална самоуправа ќе продолжиме со поддршка на настани кои се во интерес на нашата заедница, тука секако најмладите, кои верувам ќе бидат во голем број заедно со нивните најблиски, рече за МИА, градоначалникот Дука.

Тридневното хуманитарно празнично дружење ќе биде на 26 и 27 декември (четврток и петок) од 16 до 19 часот, и во сабота од 11 до 16 часот.

Фановите на Том Хенкс се загрижени за неговото здравје- му се тресат рацете (ВИДЕО)

Обожавателите на Том Хенкс се загрижени за неговото здравје откако познатиот актер гостуваше во Saturday Night Live.

Гледачите забележале дека рацете многу му се тресат, па своите набљудувања ги споделија на социјалните мрежи.

„Дали му се тресе раката на Том Хенкс?“, „И јас го забележав тоа. А сега сум загрижен“, „Тој претходно беше на шоуто на Греам Нортон и таму го забележав...“, напишаа на социјалните мрежи. „Сите треба да размислите дека има скоро 70 години, тоа им се случува на постарите“, напишал некој.

Ова не е прв пат фановите да бидат загрижени за растреперените раце на актерот. Во Сиднеј, Австралија, кога зборуваше на сцената за време на светската премиера на новиот филм за Елвис Присли, тешко можеше да го сокрие фактот дека рацете му се тресат. Докторот Стјуарт Фишер тогаш изјави дека неговата состојба укажува на дегенеративна болест.

„Паркинсоновата болест би била во првите редови на главите на повеќето лекари. Тресење на рака може да биде ран знак на болеста. Некој би помислил дека до сега би бил на пат до ординација на невролог, ако веќе не е. Треба да поминат неколку недели, месеци или години пред да напредува. Тоа може да биде како со познатиот диригент Џејмс Левин, потребни се многу години за треперењето да се развие во физичка манифестација“, рече тој во тоа време.

„Друга состојба што може да биде е суштински тремор, но тоа обично се случува на помлада возраст - иако може да се влоши од анксиозност и стрес. Обично ги погодува луѓето во нивните 20-ти и 30-ти“, додаде Фишер.

Авион принудно слета во Венеција- итните служби го блокираа просторот околу авионот

Авион на „Бритиш ервејс“, кој летал од Лондон до Шарм ел Шеик, принудно слетал на аеродромот во Венеција, откако четири лица се пожалиле дека им е лошо, јавија денеска италијанските медиуми.

Веднаш по слетувањето на авионот, на пистата пристигнало амбулантно возило кое згрижило една патничка и три стјуардеси, а пожарникарите ја блокираа областа околу авионот, објави Tgcom24.

Патничката и стјуардесите имале поблаги невролошки симптоми, а состојбата на тревога набрзо била укината бидејќи по лекарски преглед било констатирано дека не се работело за посериозна клиничка слика.

Во исто време е утврдено дека во авионот немало загадувачки материи.

Сите четири жени, британски државјанки, одбиле да бидат пренесени во болница на дополнителни испитувања.

Поради ваквата ситуација дошло до мало нарушување на авиосообраќајот на аеродромот во Венеција.

Повторно е отворена фонтаната ди Треви во Рим, но само за ограничен број туристи

Фонтаната ди Треви во Рим вчера повторно е отворена по завршувањето на вонредните работи за одржување пред јубилејната католичка „Света година“, која се слави на секои 25 години.

Работата за реновирање траеше три месеци и чинеше 327.000 евра, пренесе Анса.

На инаугурацијата на оваа легендарна знаменитост присуствуваа градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери, како и градскиот советник за туризам, Алесандро Онорато, советникот за култура, Масимилијано Смериљо и надзорникот за наследство, Клаудио Паризи Пресиче.

Пристапот до споменикот сега ќе биде ограничен на 400 посетители истовремено со цел да се избегне присуството на голем број луѓе.

Посетителите засега нема да мора да плаќаат билет, иако во иднина не е исклучено негово воведување, изјави Гуалтиери.

За време на работите за одржување, беше поставена патека за туристите да ја видат римската атракција додека се чистеше.

На посетителите им беше дозволено да ја фрлат својата паричка во „кофа“ од преминот, изразувајќи ја својата желба да се вратат во Вечниот град.

Фонтаната сега ќе биде отворена секој ден за ограничен број посетители.

притисни ентер