Десетици илјади луѓе ги поддржаа студентите на големиот протест во Белград

Кулминираат протестите во Србија, десетици илјади студенти и граѓани излегоа на еден од најголемите собири во историјата на земјата. 

Бараат одговорност за несреќата во Нови Сад каде животот го загубија 15 лица и процесуирање на лицата за кои тие велат дека вршат насилство врз нив. Протестот започна од плоштадот Славија, со 15 минутен молк за загинатите, а потоа половина час врева.

-Студентите бараат да се објави целата документација, сметаат дека процесот не бил транспарентен, дека тоа се јавни проекти и дека тоа треба да биде објавено, исто така се бара да прекине насилството кон студентите и учесниците на протестите, исто така да се процесуираат и тие кои го вршат насилството. / Тоа што ние го бараме е да се исполнат барањата, барањата мислам дека се јасни до сега и дека е јасно дека не се исполнети.

Властите во Белград пак тврдат дека сите барања на демонстрантите се исполнети, а ден по протестот, премиерот Вучевиќ во гостување за Пинк порача дека барањата од политичка природа како што кажа, за преодна влада во Србија не се прифатливи, а неговата партија нема никогаш да гласа за таква влада. Иако проценките на дел медиумите и на архивот на јавни собири се дека во Белград имало над 100 илјади луѓе, српската полиција официјално соопшти дека според нив бројката била барем три пати помала, односно најмногу 30 илјади.

-Се одржа и голем собир. Голем собир во Белград. Полицијата вели дека имало 28.000 до 29.000 луѓе. Исклучително голем број. Тие луѓе се ориентирани кон опозицијата и секогаш бев подготвен да слушнам што мислат, како мислат и што мислат дека е важно да се направи за нашата земја. Верувам дека многу повеќе луѓе размислуваат поинаку, па мораме да се слушаме едно со други. / Мене денеска ми беше малку напорен ден, сега со пријателите од претседателството завршив и со китење на оваа елка и утре не чека уште потежок ден. - Александар Вучиќ – Претседател на Србија

Србија изминатите неколку години речиси постојано е со протести, кои сепак нема да доведат до крај на владењето на Вучиќ, но јасна е фрустрацијата кај граѓаните – вели за Канал 5 реномираниот професор и експерт за Балканот Флоријан Бибер, (кој зборуваше и на неколку други теми, а чие интервју ќе го емитуваме деновиве)

-Секако, овие протести очигледно нема да резултират со крај на неговата влада, тој (Вучиќ- преживеал многу протести. Но, граѓани протестираат во Србија, секоја година од 2018 година, за разни причини, ни главната цел е секогаш иста, авторитарно не демократско владеење. И мислам дека е прашање на време и околности кога ова ќе вроди со плод. Дали сега е таква приликата прерано е да се каже, но мислам дека чувството на фрустрација и исто така по насилниот авторитарен одговор на владата сугерира дека трпението на граѓаните е при крај во Србија. - Флоријан Бибер – Професор и експерт за Балканот

Студентските протести во Србија, едни од најголемите изминатите две децении започнаа со блокадата на факултетот за драмски уметности во Белград, а потоа се проширија на повеќе од 50 факултетити ширум земјата. Главна причина за нив беше трагичната несреќа во Нови Сад и барањето за политичка и кривична одговорност.

Протест на граѓаните на Загреб по нападот во основното училиште „Пречко“

Во центарот на Загреб од 18 часот се одржува протест кој има за цел да ја зголеми безбедноста во училиштата, по нападот што се случи во петокот кој го потресе целиот регион.

Во нападот што го извршил млад човек (19) со психички растројства загинало едно дете, а ранети се наставничка и неколку ученици.

На протестот во центарот на Загреб се собраа околу 200 луѓе, пренесува Индекс.

Граѓаните во центарот на Загреб носат транспаренти и палат свеќи.

Протестот го организираат три училишни синдикати, кои ја поканија јавноста да им се придружи.

Фановите на Џенифер Лопез се воодушевени од нејзиниот нов телохранител: Убаво ѝ прилега (ФОТО)

Папараците ја снимиле Џенифер Лопез за време на божиќниот шопинг во Лос Анџелес, а најголемо внимание привлече нејзиниот нов асистент и телохранител.

Социјалната мрежа Х е преплавена со коментари за неговиот изглед, а некои корисници велат дека Лопез на фотографиите изгледа „среќно покрај него“.

„Изгледа подобро покрај овој човек отколку што изгледала покрај Бен Афлек“, „Нејзиниот нов телохранител е толку убав, тој изгледа како витез покрај неа што ја штити“, „Се надевам дека таа ќе го освои“, беа само некои од коментарите.

Според странските медиуми, овој човек почнал да работи за Лопез откако таа објавила дека се разведува од Афлек.

„Тој е нов член на нејзиниот тим за обезбедување, но не е единствениот. Таа има неколку телохранители околу себе секогаш кога излегува, тие едноставно едвај се гледаат“, изјавил извор за Дејли Мејл во ноември.

Потсетуваме, познатата пејачка и актерка неодамна се осврна на разводот со Бен Афлек и објасни како ги надминува тешкотиите кои ѝ се случија неодамна.

„Мислам дека некои работи не ми се случуваат мене и се обидувам да сфатам која е лекцијата што треба да се научи во овој момент“, рече таа и додаде: „Кога размислувам за такви работи и останувам во еден вид попозитивен начин на размислување за тоа, полесно е да се сфати како лекција“.

Таа истакна дека секогаш размислува што треба да научи од животните ситуации кои ѝ се случуваат, а истакна дека не верува во случајности. „Ништо не се случува случајно. Сè се случува со причина“, додаде таа.

„Секогаш се прашувам што можам да научам и како да излезам на другата страна подобра, посилна, пообразована и некако да пораснам од таа точка“, заклучила таа.

Мажот кој со автомобил влета меѓу ученици во Кина, е осуден на условна смртна казна (ВИДЕО)

Маж од кинеската провинција Хунан, Хуанг Вен, е осуден на условна смртна казна бидејќи со својот автомобил влетал во ученици од основно училиште, објави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Нападот се случил на 19 ноември во седум часот наутро, кога Хуанг со своето возило прегазил 18 основци. Возилото застанало поради техничка грешка, а пријавениот излегол од возилото и продолжил да ги напаѓа луѓето во близина.

Во инцидентот повредени се вкупно 30 лица, а причинета е и голема материјална штета на јавен и приватен имот.

Според судот, Хуанг го сторил делото бидејќи претходно изгубил пари и се скарал со семејството.

Условната смртна казна значи дека казната може да се одложи или укине врз основа на одредени околности како што се нови докази или жалба.

притисни ентер