По тротинетите, во Скопје од февруари ќе се изнајмуваат и електрични возила

Од март идната година скопјани ќе можат да изнајмуваат електрични возила. 

Пилот-проектот најпрво ќе започне да се реализира со 100 возила во општините Аеродром, Гази Баба и Чаир. Станува збор за инвестиција вредна 30 милиони евра од приватна странска команија, од каде објаснуваат дека во понудата ќе има различен тип на возила - од помали градски автомобили, до луксузни и транспортни. Овие возила на граѓаните ќе им бидат достапни за изнајмување во секој период од денот преку мобилна апликација со која возилото се лоцира, отклучува и електронски се наплаќа услугата по измината минута и километар. Финалната цна на услугата ќе биде позната во февруари, а како пример беше наведена цена на превоз од центарот на градот до Скопскиот аеродром која би чинела најмногу 15тина евра.

-Сите други трошоци за осигурување, одржување на возилото, гориво веќе се вклучени во цената. Паркинг простор секогаш има достапен, не мора да плаќате паркинг, не мора да барате паркинг, едноставно ја наоѓате локацијата која што е најблиску до вашата дестинација и немате апсолутно никаков проблем.- Матеј Чер – Авант кар

За министерот за животна средина Изет Меџити и министерката за енергетика Сања Божиновска, проектот е чекор напред кон намалување на долгогодишниот проблем со загаениот воздух и сообраќајниот метеж во главниот град.

- Нашиот град долго време се соочува со последиците од урбаното загадување, затоа целта е на овој начин директно да влијаеме на co2 и загадувањето, што е наш приоритет како министерство.

- Енергијата во овие полначи ќе биде исклучително од обновителни извори, за нас тоа е навистина важно а исто така апликацијата ќе може да се употреби ако се оди на аеродром со ова возило и се патува до Љубљана или Загреб со истата апликација таму може да се користат тие возила. - Сања Божиновска

Ваквиот тип на транспорт е присутен во 4 други европски земји, во кои значително се намалила зависноста од користење на фосилни горива. Проценките се дека по целосната интеграција на проектот, бројот на возила во Скопје ќе се намали за околу 15 илјади и значително ќе се зголеми и бројот на слободни паркинг места.

Седумгодишно дете намерно предивикало пожар во супермаркет во Братислава, сите итно евакуирани

Седумгодишно момче намерно предизвикало пожар во супермаркет во Братислава, при што е причинета материјална штета над еден милион евра, соопшти денеска портпаролот на регионалната полиција Михал Сеиф.

"Момчето намерно предизвикало пожар во делот со тоалетна хартија и пелени за бебиња. Поради неговото однесување пожарот се проширил и на другата стока", објаснил портпаролот по анализа на доказите, пренесе ТАСР.

Нема повредени, иако клиентите и вработените морале да бидат итно евакуирани.

Полицијата поведе постапка за загрозување на јавноста.

„Поради возраста на сторителот, полицијата презема различни дејствија, во соработка со вработените во службите за социјална заштита“, додаде Сеиф.

Пожарот избувнал во саботата попладне и го изгаснале 28 професионални и девет доброволни пожарникари од Ружинов и Рача.

Протест на граѓаните на Загреб по нападот во основното училиште „Пречко“

Во центарот на Загреб од 18 часот се одржува протест кој има за цел да ја зголеми безбедноста во училиштата, по нападот што се случи во петокот кој го потресе целиот регион.

Во нападот што го извршил млад човек (19) со психички растројства загинало едно дете, а ранети се наставничка и неколку ученици.

На протестот во центарот на Загреб се собраа околу 200 луѓе, пренесува Индекс.

Граѓаните во центарот на Загреб носат транспаренти и палат свеќи.

Протестот го организираат три училишни синдикати, кои ја поканија јавноста да им се придружи.

Фановите на Џенифер Лопез се воодушевени од нејзиниот нов телохранител: Убаво ѝ прилега (ФОТО)

Папараците ја снимиле Џенифер Лопез за време на божиќниот шопинг во Лос Анџелес, а најголемо внимание привлече нејзиниот нов асистент и телохранител.

Социјалната мрежа Х е преплавена со коментари за неговиот изглед, а некои корисници велат дека Лопез на фотографиите изгледа „среќно покрај него“.

„Изгледа подобро покрај овој човек отколку што изгледала покрај Бен Афлек“, „Нејзиниот нов телохранител е толку убав, тој изгледа како витез покрај неа што ја штити“, „Се надевам дека таа ќе го освои“, беа само некои од коментарите.

Според странските медиуми, овој човек почнал да работи за Лопез откако таа објавила дека се разведува од Афлек.

„Тој е нов член на нејзиниот тим за обезбедување, но не е единствениот. Таа има неколку телохранители околу себе секогаш кога излегува, тие едноставно едвај се гледаат“, изјавил извор за Дејли Мејл во ноември.

Потсетуваме, познатата пејачка и актерка неодамна се осврна на разводот со Бен Афлек и објасни како ги надминува тешкотиите кои ѝ се случија неодамна.

„Мислам дека некои работи не ми се случуваат мене и се обидувам да сфатам која е лекцијата што треба да се научи во овој момент“, рече таа и додаде: „Кога размислувам за такви работи и останувам во еден вид попозитивен начин на размислување за тоа, полесно е да се сфати како лекција“.

Таа истакна дека секогаш размислува што треба да научи од животните ситуации кои ѝ се случуваат, а истакна дека не верува во случајности. „Ништо не се случува случајно. Сè се случува со причина“, додаде таа.

„Секогаш се прашувам што можам да научам и како да излезам на другата страна подобра, посилна, пообразована и некако да пораснам од таа точка“, заклучила таа.

притисни ентер