Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешен министер за култура

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешен министер за култура за несовесно работење во службата.

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднела кривична пријава против Хусни Исмаили. поранешен министер за култура, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата од член 353-в ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик.

- Пријавениот Хусни Исмаили во својство на службено лице- министер во Министерството за култура, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност на начин што во периодот од 27.06.2019 до 30.08.2020 година, на ден 24.07.2020 година, несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање на проекти во вкупен износ од 31.824.000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на буџетот од страна на Владата на Македонија објавен во Службен весник бр.126 од 15.05.2020 година, недостасуваат финансиски средства за веќе преземените тековни обврски во однос на годишните конкурси за финансирање на проекти, се појаснува во соопштението од Финансиската полиција.

Со горенаведените дејствија, се подвлекува, пријавениот Х. И. предизвикал штета на Буџетот на министерство за култура по основ потпишани решенија и склучени договори во износ од 31.824.000 денари.

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Изјавите на Христијан Мицкоски, кој е очигледно разочаран од консолидацијата на СДСМ, се уште еден доказ за неговата лицемерна политика и стравот од силната опозиција која ја предводи нашата партија. 

СДСМ, како најсилна опозициска партија, продолжува да биде коректив и столб на прогресивните вредности во нашата држава.

Очекувањата на Мицкоски за распад на СДСМ не само што не се остварија, туку реалноста го принудува да се соочи со вистината: СДСМ е консолидирана, мотивирана и подготвена за нови победи. Новото раководство на СДСМ е тим кој ги обединува капацитетите на млади и искусни кадри со целосна посветеност на интересите на граѓаните.

Мицкоски е последниот кој може да зборува за „квалитет на кадри“. Во неговите редови има луѓе осудени за криминал, лица кои се под истраги од институциите и личности чиј углед е сериозно нарушен со бројни скандали во изминатите пет месеци. Неговата партија е заробена во коруптивни афери, кои ја деградираат не само ВМРО-ДПМНЕ, туку и целокупната политичка сцена во Македонија.

Токму затоа, изјавите на Мицкоски се обид да ја дефокусира јавноста од проблемите во неговите редови. Наместо да ги решава нерегуларностите и да се справува со лицата кои ја рушат довербата во институциите, Мицкоски се занимава со празни критики кон СДСМ, кои само ја рефлектираат неговата неспособност и немање визија за иднината на земјата.

СДСМ ќе продолжи да се бори за интересите на граѓаните, да предлага и реализира решенија за подобра иднина, и да биде вистинска алтернатива на Владата која Мицкоски ја претставува. Локалните избори, кои тој ги спомнува, ќе бидат тест не за СДСМ, туку за неспособноста на неговото раководство да испорача резултати на терен.

На граѓаните им е јасно: Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ немаат капацитет да се справат со сопствените проблеми, а камоли да ја водат државата кон стабилна и европска иднина. Затоа, СДСМ останува подготвена да ја предводи борбата за напредок, чесност и правичност.

Со СДСМ, Македонија има иднина. Со Мицкоски, само нови скандали.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Граѓаните на Базел сакаат Евровизија и покрај критиките од екстремната десница

Швајцарија ја доби организацијата на песната на Евросонг откако нејзиниот претставник Немо, кој се декларира како небинарна личност, победи на овогодинешниот натпревар во Малме.

Гласачите во Базел, Швајцарија го поддржаа предлогот нивниот град да биде домаќин и да го финансира следниот натпревар за песна на Евровизија, на референдумот распишан по екстремно десничарските обвинувања дека натпреварот промовира хомосексуалност, небинарни личности и сатанизам.

На референдумот во Базел, две третини од граѓаните ја поддржаа идејата градот да одвои 37,6 милиони евра од пар даночни обврзници за организација на Евровизија (ЕСК) и сите придружни настани. Парите ќе бидат потрошени за свечен пречек и сместување на гостите и за зајакнување на градскиот јавен превоз во деновите на фестивалот.

Против гласале 33,4 отсто од гласачите, јавуваат медиумите на германски јазик. Референдумот беше инициран од малата, ултра-конзервативна христијанска партија, Федералната демократска партија (ЕДУ), со петиција со 4.000 потписи.

ЕДУ како причина за распишување на референдумот ги наведе напнатата политичка ситуација и безбедносните ризици, како и фактот дека натпреварот промовира антисемитизам и ќе му наштети на угледот на Швајцарија.

Швајцарија ја доби организацијата на песната на Евросонг откако нејзиниот претставник Немо, кој се декларира како небинарна личност, победи на овогодинешниот натпревар во Малме.

Натпреварот, кој вклучува три натпреварувачки вечери и ќе трае една недела, ќе се одржува под мотото „ Надминување на границите“. Тие три натпреварувачки вечери, според постоечките податоци, ширум светот ги следат меѓу 150 и 180 милиони гледачи. Базел ќе го организира ЕСК во мај 2025 година во мултифункционалниот комплекс Јакобшале, кој е во сопственост на градот.

Претходно и политичари и бизнисмени дадоа поддршка за организацијата на настанот./MИА

Блумберг: Ле Пен се заканува дека ќе ја собори француската влада поради преговорите за буџетот

Лидерката на француската десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, се заканува дека ќе ја урне француската влада на тој начин што пратениците од нејзината партија ќе гласаат против усвојувањето на предлог-буџетот за следната година

Лидерката на француската десничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен, се заканува дека ќе ја урне француската влада на тој начин што пратениците од нејзината партија ќе гласаат против усвојувањето на предлог-буџетот за следната година, доколку тој биде во парламентот во сегашната форма, пишува Блумберг.

Според американската агенција, Ле Пен го заостри својот тон во последните неколку недели откако се соочи со обвинувања за проневера на средства од ЕУ за финансирање на работата на нејзината партија во Франција.

Обвинителот препорача итна петгодишна забрана за вршење јавна функција, а Ле Пен негираше дека сторила нешто лошо и ги обвини обвинителите за задушување на демократијата.

По разговорот со францускиот премиер Мишел Барние, таа оцени дека предлог-буџетот за следната година има многу недостатоци и дека владата има малку време да го отстрани.

Ле Пен рече дека црвената линија за нејзината партија се мерки кои ќе ги загрозат приходите на домаќинствата.

Доколку Ле Пен одлучи да се приклучи на гласањето за недоверба на владата, таа би можела да го урне кабинетот на Барние, а со оглед на недостатокот на мнозинска поддршка во парламентот, се очекува Барние да ја искористи уставната одредба позната како 49,3 за да го заобиколи Националното собрание и да го помине буџетот во декември.

Како што се проценува, ваквиот начин на усвојување на буџетот би можел да доведе до изгласување недоверба на владата, за што би била потребна поддршка и од екстремната десница и од левичарската алијанса Нов народен фронт. Двете групи го критикуваа владиниот предлог-буџет.

Ле Пен, сепак, рече дека екстремната десница не сака да биде, како што ја нарече, „агент на хаосот“, бидејќи се обидува да изгради репутација за одговорност пред идните избори, по значајните придобивки на европските и парламентарните избори претходно оваа година.

Според Блумберг, клучното прашање е дали судиите ќе одлучат дека каква било забрана на Ле Пен да извршува јавна функција треба веднаш да се спроведе, бидејќи тоа потенцијално би можело да ја исклучи од претседателската трка во 2027 година, каде, според последните анкети, таа и понатаму води. Одлуката на судиите се очекува на почетокот на следната година.

Ле Пен никогаш немала поголема моќ од јунските избори на кои владејачката коалиција на францускиот претседател Емануел Макрон го загуби мнозинството во парламентот.

Трошоците за задолжување во Франција во однос на Германија дополнително се зголемија денеска бидејќи инвеститорите гледаат ризик во усвојувањето на францускиот буџет за следната година.

притисни ентер