Донесена наредба за воведување мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции

Од невладиниот сектор велат дека ваквите мерки не се доволни за справување со загадениот воздух и дека се потребни долгорочни.Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Филипче на отворањето на Конгресот на СДСМ: Поразот не е крај, тоа е шанса за нов почеток

Претседателот на СДСМ , Венко Филипче го отвори 30 Конгрес на партијата.

Филипче рече дека овој Конгрес е пресвртница во опозициското делување и дека ќе ја врати партијата таму каде што ѝ е место - на победничката патека. Немам волшебно решение со кое преку ноќ СДСМ може да стане владејачка партија, рече Филипче. Нѐ чека многу макотрпна работа. Со многу критики се согласувам и тие се водилка на кои ќе се водиме во иднина. СДСМ нема да се откаже, тоа на сите треба да им биде јасно. Оваа партија не е ничија сопственост, рече Филипче на отворањето на 30. Конгрес на партијата.

Поразот не е крај , тоа е шанса за нов почеток. Сите сме виновни и сме соочени со предизвик за враќање на довербата кај граѓаните.

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен за да се борат во Украина

Руските вооружени сили регрутираа стотици Јеменци да се борат во Украина, што доведе до операција за шверц на луѓе што ги истакнува растечките врски меѓу Москва и бунтовничката група Хути.

Јеменските регрути кои отпатувале во Русија изјавиле за британскиот дневен весник дека им биле ветени високо платени работни места, па дури и руско државјанство, но дека кога пристигнале во земјата со помош на компанија поврзана со Хутите, биле насилно примени во руската армија. и испратени на фронтот во Украина, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Американскиот специјален пратеник за Јемен, Тим Лендеркинг, за весникот изјави дека Русија работи на зајакнување на врските со Хутите и дека се разговара за трансфер на оружје.

„Знаеме дека во Сана има руски персонал кој помага да се продлабочи овој дијалог. Видовите на оружје за кои се разговара се многу алармантни и би им овозможиле на Хутите попрецизно да ги таргетираат бродовите во Црвеното Море, а можеби и пошироко“, рече Лендеркинг.

Хутите поддржани од Иран, кои контролираат огромни делови од Јемен, почнаа да таргетираат комерцијални бродови во Црвеното Море во знак на, како што рекоа, солидарност со Палестинците во војната во Газа, предизвикана од терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Магед Алмадаџи, шеф на Центарот за стратешки студии во Сана, истражувачки центар фокусиран на Јемен, исто така рече дека Русија се интересира „за која било група во Црвеното Море или на Блискиот Исток, која е непријателски настроена кон САД. Тој потврди дека платениците се организирани од Хутите, како дел од напорите за градење врски со Русија.

Тиквеш и Камник со трофеи за најдобри вина на „Винска Визија на Отворен Балкан“

Српската вицепремеирка Ирена Вујовиќ на третиот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ синоќа ги додели трофејните награди за најдобри вина на саемот, меѓу кои се и наградите за македонските винарии Камник и Тиквеш.

Меѓу наградените во повеќе категории, а по одлука на меѓународно стручно жири кое оценуваше над 900 примероци вина, во категоријата Национален трофеј на Отворен Балкан за најдобро вино од Македонија беше прогласено виното на Тиквеш- Bela voda red 2021 Tikveš Chateaux&Domanines.

За најдобро црвено вино од автохтона сорта прогласен е Вранец на винаријата Камник- Terroir grand rezerva 2020 Chateau Kamnik.

Оваа винарија доби уште една награда за најдобро розе вино- Pure elegance rose 2023 Chateau Kamnik.

Вицепремиерката Вујовиќ, која во име на Владата на Србија ги додели наградите на најдобрите винари, рече дека на стручното жири не му било лесно да донесе одлука меѓу многуте успешни винари од целиот регион кои ги собрала визијата на Отворен Балкан и што ја претвори оваа винска манифестација во еден од најдобрите саеми во Европа.

-Важно е овде да се соберат луѓето од Отворениот Балкан и сите оние кои ја поддржуваат таа визија, токму за да покажеме дека заедно можеме да направиме добра работа и голем резултат, да ги подигнеме нашите економии и да работиме за доброто на нашите народи, рече Вујовиќ на доделувањето на наградите.

Саемот Винска Визија на Отворен Балкан кој се одржува под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, собра околу 650 изложувачи од 38 земји од светот. Половината од изложувачите беа од земјите на Отворен Балкан, од кои 80 винарии и дестилерии беа од Македонија.

Саемот го отворија српскиот претседател Александар Вучиќ, македонскиот премиер Христијан Мицкоски и премиерот на Албанија Еди Рама (преку видео врска).

Саемот за вино важи за трет по големина вински саем во Европа.

притисни ентер