Документот од оценската мисија на ЕК бил земен од екс министерот Лога, објави министерот Филков

Кренар Лога кога ја напуштил министерската функција си ги зел документите со препораки од Европската Комисија за Судскиот совет, па сега министерството за правда остана без целосниот доверлив допис- тврди актуелниот министер Игор Филков.

Според него тоа што исчезнал овој документ од архивата на правда, ќе значи предизвик во реализација на реформите во судскиот совет за кој оценската мисија даде конкретни забелешки. Филков најави дека од поранешниот министер ќе бара одговорност за овој случај.

-Иако документот е класифициран, истиот е земен од мојот претходник и Министерството за правда не располага со него. Затоа, се потпираме на електронски верзии на дел од документите кои ги содржат препораките, без официјално образложение и без допис од ЕК. Тоа е прашање за мојот претходник – што правел и каде го однел документот. Кај нас постапката е во тек, се утврдува одговорност и ќе бараме одговорност. Игор Филков – министер за правда.

Освен исчезнатите документи, Филков вели дека наследил и празен буџет, неплатени фактури, нефункционален возен парк, додека во подрачните одделенија затекнал несразмерен број на вработени во однос на нивниот обем на работа.

-Целосно испразнет кабинет од потребна документација. Но преполн со тукушто набавени чадори, маици, торби, чаши и други предмети, секое во количина од над 200 парчиња и неплатена фактура од 956 илјади денари за добавувачот на истите. Непостоење на евиденција за добивање и користење на мобилни уреди, лаптопи и електрични скутери.. Игор Филков – министер за правда.

Поранешниот министер Лога ги негира сите обвинувања- вели дека довеливиот дел од писмото од оценската мисија стои архивирано во правда, а истото тогаш било испратено и до претседателот на работната група, академик Камбовски. Тој тврди и дека не оставил долгови, набавките биле за кампањи на министерството, а уредите за највредните вработени.

-Писмото од Оценската мисија е добиено по електронски пат, исто како што го добија и вицепремиерот Маричиќ, претседателот на Судскиот совет Сашко Горгиев и други. Еден дел од писмото беше наменет за јавноста, додека другиот беше класифициран само за министерот. Тоа писмо е архивирано од службено лице во Министерството кое ракува со доверливи материјали. Министерството нема долгови, бидејќи на време беа подмирени сите фактури. Наместо да бидете среќни што го имате материјалот со кој јас не располагав, вие неосновано критикувате зошто сите тие матерјали се двојазични односно и на албански јазик. – стои во писмениот одговор од Кренар Лога.

Обвинувањата до претходникот, министерот Филков ги упати од прес конференцијата по повод 100 дена влада. Во отчетот кажа дека поставиле темел за подлабоки промени во правосудството, а за следниот период најави и формирање на нова работна група за судски совет, како и јавни дебати за законите за судскиот совет и советот на јавни обвинители.

Шер се трансформира поради корекција на лицето, фановите шокирани (ВИДЕО)

Легендарната икона на светската музичка сцена Шер се прошета на модната писта на ревијата на Викторија Сикрет, а нејзиниот изглед предизвика бура од реакции.

Поп-легендата излезе на сцената вчера за нереалното шоу, што го означи враќањето на годишната екстраваганција на модните писти по нејзиното откажување во 2019 година, поради критиките за недостатокот на инклузивност.

Таа на розовиот тепих се појави со 40 години помладиот дечко Едвард, а потоа доминираше на сцената.

Таа во специјален костим изведе два големи хита „Strong Enough“ и „Believe “.

Сепак, она што овојпат привлече можеби најмногу внимание - е нејзиниот изглед, поточно лицето.

Како што се коментира, таа повторно направила некои операции на лицето, до таа мера што изгледа „на работ да пукне“.

Шер си го „средила“ лицето, а тоа не им се допадна на многумина: „Повторно си направи нешто на себе, а изгледа како да ќе пукне“, „Ах, ја сакам Шер, но ова навистина не ѝ одговара , таа е искривена“, „Сега отиде предалеку со овие јаготки“…

Словачкиот премиер Фицо рече дека гледа голема веројатност војната во Украина наскоро да заврши

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска дека гледа голема веројатност војната во Украина наскоро да заврши, јавија светските агенции, повикувајќи се на словачките медиуми.

Ова Фицо го изјави пред заминувањето на самитот на Европската унија, каде претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе го претстави својот „План за победа“ во војната против Русија.

„На среден рок, веројатноста војната во Украина да заврши е голема. Утре очекувам некакво навестување, бидејќи одеднаш се појави темата за поканата на Украина за НАТО“, изјави словачкиот премиер пред парламентарната комисија во Братислава. /МИА

Бекер: Синер и Алкараз се идните Ѓоковиќ и Федерер

 Поранешната светска тениска ѕвезда Борис Бекер ги спореди Јаник Синер и Карлос Алкараз со играчите од големата тројка во последните две децении.

- Гледав многу натпревари на Јаник во последно време и тој е навистина во форма. Од УС Опен тој го игра својот најдобар тенис. Тој личи на Ноле. Стил, а особено стабилност. Никогаш не паѓа под одредено ниво и секогаш игра тенис на највисоко ниво. Тој шутира со голема брзина и врши притисок врз противниците од основната линија. Кога Ноле беше помлад, дури и пред неколку години, можеше да доминира во игра на основната линија со својата техника, работа со нозете и брзина. Синер и Алкараз можете да ги наречете идните Ѓоковиќ и Федерер кои испишаа историја во спортот, како и Рафа Надал. Стилот на игра на Алкараз по убавина повеќе наликува на Швајцарецот и покрај тоа што негов идол отсекогаш бил Надал. Од чисто стилска гледна точка, Шпанецот може да се спореди со Федерер, а Италијанецот со Ѓоковиќ, изјави Бекер.

Во моментов Синер е лидер на АТП ранг-листата, додека Алкараз е на втората позиција.

притисни ентер