Дневен хороскоп за 8. јануари 2025 година

Дневен хороскоп за среда, 8. јануари 2025 година.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

На оригинален начин ќе се справите со проблемите во својот љубовен живот и ќе отворите врата за негово подобрување.

Кариера

Само продолжете да го развивате она што е се појасно. Денеска добивате потврда од новите соработници , кои ве поддржуваат.

Здравје и совет

Разбудете се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот . Секој ќе сака да ужива на свој начин.

Кариера

Во работата што ја работите ќе се вмешаат други луѓе , со кои ќе треба да научите како да комуницирате. Ќе има мали проблеми.

Здравје и совет

Погледнете добар филм и опуштете се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Мали нервози малку ќе ви ја пореметат самодовербата , но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде добро.

Кариера

Постојат луѓе кои ве нервираат , зашто не знаат да работат онака прецизно како вас, па сепак ќе мора со нов да соработувате.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Од вас ќе се бара да бидете внимателни и со интерес да слушате што ви зборува другата страна. Послушајте ја.

Кариера

Прекрасни идеи ќе доаѓаат од вашата потсвест. Потребно е што повеќе да се сконцентрирате на себеси.

Здравје и совет

Наполнете си ги батериите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

И покрај понекое ситно недоразбирање во комуникациите , вие сепак успешно ги градите љубовните мостови.

Кариера

Пред вас се многубројни нови работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и посветено. Најдобро е веднаш да почнете.

Здравје и совет

Сконцентрирајте се на целта.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Работите доаѓаат во памнотежа и се движат со вообичаен тек. Успеавте да се договорите и сега одите понатаму.

Кариера

Она што потајно сте го истражувале , денеска се отвора и добивате договори ир ешение на таа тема.Ова ќе го употребите за да го комплетирате успехот.

Здравје и совет

Преминете од зборови на дела.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Препознавате нови љубовни шанси , а во тоам ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете.

Кариера

Немојте да се чудите доколку ви предложат некои мали промени. Тие се многу извесни и ќе ви донесат сигурност и стабилност.

Здравје и совет

Можете малку да земете пауза.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно ќе покажете извесна несигурност , што малку ќе ја обесхрабри другата страна. Потрудете се да верувате во она што го живеете.

Кариера

Ќе ви изгледа како вашите деловни обврски да се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација.

Здравје и совет

Ќе ги почувствувате последиците на хедонизмот.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот позитивен став полн со хумор ќе ви доенсе убави поени во љубовта. оние кои и натаму се сами , ќе освојуваат со леснотија.

Кариера

Оние кои лажеле ќе бидат разоткриени на неочекуван начин. Така ќе се осрамотат. Немојте да ги исмевате.

Здравје и совет

Одете каде што ви е добро.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашите додворувања денеска би можеле да бидат речиси извештачени . Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени,

Кариера

Младите лица со кои соработувате денеска ќе ја покажат својата мрзеливост и неспособност. Ќе мора подобро да ги обучите.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Своите грижи ќе им ги препуштите на другите и ќе се свртите кон секојдневието. Така ќе си ја олесните душата и ќе станете реални.

Кариера

Оние чија работа не е конкретна , ќе имаат одлични достигнувања. Другите и натаму ќе го слушаат својот внатрепен глас и ќе им биде одлично.

Здравје и совет

Бидете упорни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно ќе бидете во искушение денот да го минете играјќи видео игри.Пресечете и со паметно молчење, издржете.

Кариера

Пред вас е тежок ден во кој ќе мора добро да утврдите што сакаат шефовите , која е целта, кои се пријатели ,а кои непријатели.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Лоеб: Нема издржани аргументи за нашето исклучување

Деветкратниот светски шампион во рели, Себастиен Лоеб, објасни дека одлуката на ФИА да го дисквалификува од релито Дакар страдала од „недостаток на цврсти аргументи“ и призна дека е разочаран од неговото предвремено отпаѓање.

Вчера, Лоеб и неговиот совозач Фабијан Луркин имаа тешка несреќа на самиот старт на третата етапа од релито, но успеаја да продолжат и да го доведат својот прототип „Дачија Сандрајдер“ до целта и покрај тоа што загубија повеќе од еден час.

Сепак, последователната проверка на автомобилот откри дека дел од ролната на автомобилот е свиткана и затоа екипажот е исклучен, а „Дачија“ изјави дека ќе се жали на одлуката.

-Навистина е разочарувачки што мораме да се вратиме во Џеда наместо да ја продолжиме борбата. Видовте што се случува со болидите. Еден час и 15 минути од лидерот ништо не е загубено. Да, ќе почневме поназад, но ќе имавме шанса да постигнеме нешто, изјави Лоеб.

Легендарниот возач вчера потроши време и на самата несреќа - превртувањето со голема брзина.

-Немам зборови да објаснам што се случи. Не притискав многу, но беше многу непријатна компресија и задникот отскокна, едноставно е. Во овој момент не можев многу да направам. Се случуваат такви работи, но тоа не ја прави ситуацијата помалку непријатна, призна Французинот.

Тој даде мислење и за одлуката на ФИА по проверката на неговиот болид.

-Вчерашната одлука е многу тешко да се прифати. За мене ова е непријатно и разочарувачко, бидејќи според мене на оваа одлука и недостасуваат цврсти аргументи. Се разбира, безбедноста е супер важна, тоа го разбирам. Но, лимитот поставен од ФИА се чини дека не е многу погоден за нашата дисциплина бидејќи се натпреваруваме во екстремни услови. Нашиот тим обезбеди докази за да докаже дека ролната останува цврста и силна, имам целосна доверба во тимот. Дури и со голо око, можете да видите дека нема компромис за безбедноста. Да, ова е тешко да се прифати, изјави уште Лоеб. /МИА

Невработеноста во САД останува 4,2 отсто, помал број Американци пријавиле невработеност

Бројот на Американци кои примаат надоместок за невработеност неочекувано се намалил минатата недела, а тоа укажува на стабилност на пазарот на трудот на почетокот од годината, додека стапката на невработеност се предвидува да остане 4,2 отсто.

Иако на почетокот од годината бројот на барања за надоместок за невработеност обично е нестабилен, годинава овој показател можеби е поврзан со ниското ниво на отпуштања. Стабилноста на пазарот на трудот е потврдена со податоците објавени во синоќа што кои покажуваат раст на бројот на работни места во ноември: на секој невработен имало 1,13 отворени работни места, споредено со 1.12 во октомври.

Се очекува дека состојбата на пазарот на трудот во САД да овозможи Федералните резерви (американската Централна банка) во јануари да не вршат интервенција со каматните стапки.

Во САД во ноември биле отворени 227.000 нови работни места. Се прогнозира дека стапката на невработеност ќе остане непроменета и ќе изнесува 4,2 отсто.

Сепак, иако нивото на отпуштања останува ниско споредено со историските податоци, вработувањето во САД е забавено. Некои од оние што останале без работа бараат нова работа со месеци./МИА

Шејнбаум: „Мексикански залив“ е меѓународно признато име

Трамп вчера најави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во Американски залив

По вчерашната изјава на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за неговата идеја за преименување на Мексиканскиот Залив во „Американски Залив на Америка“, претседателката на Мексико Клаудија Шејнбаум денеска посочи дека „Мексиканскиот залив“ е меѓународно признато име и дека Трамп „живее во минатото““.

-Мислам дека на претседателот Трамп погрешно му кажале, му кажале дека Фелипе Калдерон сè уште е претседател. Но, не, во Мексико луѓето се одговорни, рече Шејнбаум на прес-конференција, пренесуваат британските медиуми.

Калдерон го водеше Мексико од 2006 до 2012 година.

Шенјбаум покажа карта на поранешно Мексико, која ги вклучува териториите кои сега се дел од Соединетите Американски Држави.

-Мексиканска Америка, тоа звучи убаво, рече Шејнбаум.

Трамп вчера најави дека ќе го смени името на Мексиканскиот залив во Американски залив./МИА

притисни ентер