Cybertruck е повторно повлечен- Тесла се соочува со нови проблеми

Tesla се соочува со нов проблем на својот футуристички Cybertruck, овој пат поврзан со задната камера, што бара итна поправка.

Овој проблем влијае на 27.000 возила произведени помеѓу ноември 2023 и септември 2024 година, што значи дека практично сите модели на Cybertruck на патиштата ја бараат оваа поправка.

Според извештајот доставен до американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA), проблемот е поврзан со доцнењето во прикажувањето на сликата од задната камера, која може да се појави дури по 8 секунди кога се префрла во рикверц. Ова доцнење може да влијае на способноста на возачот јасно да ја види ситуацијата зад возилото, зголемувајќи го ризикот од судар. Од Тесла наведуваат дека досега немало несреќи, повредени или смртни случаи поврзани со овој проблем.

Tesla најави дека ќе го поправи овој дефект со бесплатно ажурирање на софтверот, но додека тоа не биде достапно, ги советува возачите да ги користат своите ретровизори и да извршат визуелна проверка при возење наназад.

Ова е петто повлекување по ред што влијае на Cybertruck од неговото лансирање во ноември 2023 година, а исто така е најголемо до сега. Претходните повлекувања вклучуваат проблем со капакот на педалот за гас, што може да предизвика несакано забрзување на возилото, како и проблем со преголемиот бришач на шофершајбната што може да откаже.

Иако Tesla се обидува да ги реши овие проблеми со ажурирања на софтверот, оваа серија на повлекувања покренува прашања за доверливоста и квалитетот на Cybertruck. Сепак, компанијата покажа брзина и ефикасност во решавањето на проблемот без потреба од носење на возилото до сервисен центар.

Грчката полиција уништила илјадници садници на канабис, биле скриени меѓу пченка

Грчката полиција денеска соопшти дека уапсила сопственик на фарма и уништила повеќе од 8.300 нелегално одгледувани растенија канабис.

Грчката полиција денеска соопшти дека уапсила сопственик на фарма и уништила повеќе од 8.300 нелегално одгледувани растенија канабис, откриени на поле со пченка во централна Грција, што е едно од најголемите количини на растението некогаш пронајдено во земјата.

Полицијата соопшти дека некои од растенијата канабис биле високи до 3,5 метри, а нивните корени биле заплеткани во пченката, објави Ројтерс.

Се посочува дека 44-годишниот сопственик на фармата е уапсен под обвинение за нелегално одгледување канабис и трговија со дрога како дел од криминална група.

Властите процениле, врз основа на бројот на растенијата канабис, дека групата имала за цел да оствари нелегален профит од 15 милиони евра.

Грција го легализираше канабисот за медицинска употреба во 2017 година, а една година подоцна ја укина забраната за негово одгледување и производство за медицински цели.

Поседувањето, производството и продажбата на канабис за рекреативни цели сè уште остануваат незаконски.

Зграда се урива, мајка во панично бегство си го спасува детето (ВИДЕО)

Следната снимка е ужасна, иако не се знае каде е снимена.Гледаме момент кога мајка трча со бебе во раце, додека зграда се урива зад нив!

Имено, неколку моменти пред зградата да се урне, жената инстинктивно го земала детето и истрча по улицата. Се испоставило дека тоа е спасоносна одлука, објави Итемфикс.

Во еден момент паднала носена од „торнадо“ од камења и прашина. Сепак, успеала да го задржи детето во раце и да не дозволи ништо да му се случи.

После тоа таа стана и се засолни. Немаме што да додадеме, освен дека една е мајка.

Израел: Од почетокот на копнената офанзива во Либан се убиени 250 припадници на Хезболах

Израелската армија соопшти дека од почетокот на копнената офанзива во јужен Либан биле убиени околу 250 припадници на Хезболах, додека во Газа, според тамошни извори, само денеска биле убиени 29 Палестинци.

„Успеавме да му нанесеме тежок пораз на Хезболах“, рече портпаролот на израелската армија Надав Шошани, пренесе Фокс Њуз.

Тој рече дека пет команданти на баталјони и други проирански команданти на шиитската милиција се меѓу загинатите, додавајќи дека 100 членови на Хезболах биле убиени во директни борби и воздушни напади само во изминатите 24 часа.

Хезболах не ги потврди бројките. „Израел во вторникот започна ограничена, локализирана копнена офанзива во Либан. Оттогаш, осум израелски војници се убиени“, соопшти израелската војска.

Во израелските воени напади врз Појасот Газа денеска загинаа 29 Палестинци, соопштија лекарите, а во јужен Израел се огласија сирените како одговор на ракетниот напад на милитантите од палестинската енклава.

Тоа покажува дека Хамас од Газа сè уште успева да истрела проектили кон Израел и покрај една година израелски воздушни и копнени напади кои ја уништија Газа. Денес, израелската војска соопшти дека сирените се огласиле во јужен Израел за прв пат по два месеци.

„Речиси една година по 7 октомври, Хамас продолжува да им се заканува на нашите цивили со својот тероризам и ние ќе продолжиме со операциите против нив“, се додава, во контекст на годишнината од нападот на Хамас врз Израел, што беше причина за војната во Газа.

притисни ентер