Петрушевски: СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде

СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира.

СДС се виновни што Груби неказнето крадеше, сите знаеја дека краде, а никој не смееше да го санкционира.

Жално е да се гледа како сега СДС од петни жили се обидуваат да смислуваат сценарија, кога тие додека делеа власт се плашеа да го спомнат Груби, а не пак да го повикаат на одговорност.

Иако сите знаеја за криминалот на Груби, иако и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите ги прозиваа СДС како власт, тие не преземаа ништо, затоа што им беше единствено важно да останат на власт.

СДС свесно го оставија Груби да ја краде државата, за тие да продолжат да владеат ден повеќе.

СДС треба да излезат и да им се извинат на граѓаните, за тоа што молчеа додека Артан Груби правеше милионски криминал, а потоа не само што одмолчеа, туку и му се приклучија нивните функционери како Ковачевски.

СДС е до гуша во криминал, наместо евтини приказни, да почнат длабоко да се реформираат, зошто со криминалци во врвот на партијата тешко дека може нешто да очекуваат освен уште поголеми катастрофи.

БРАНЕ ПЕТРУШЕВСКИ, ПРАТЕНИК НА ВМРО-ДПМНЕ

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Пентагон соопшти дека е убиен еден од лидерите на „Исламска држава“

Во воздушен напад на силите на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) во сириската провинција Деир ез-Зор бил убиен еден од лидерите на „Исламска држава“, јави синоќа Пентагон.

Нападот бил извршен на 19 декември во регион кој претходно бил под контрола на руски и владини сили на отстранетиот претседател Башар Асад.

Како резултат на ударот биле убиени двајца борци на ИД, вклучувајќи го и Абу Јусиф, еден од лидерите на групата.

Пентагон соопшти дека воздушниот напад е дел од задачите на Централната команда за „попречување и ослабување на напорите на терористите за планирање, организирање и извршување напади врз цивили и војници на САД, нивните сојузници и партнери“.

-Како што веќе беше кажано во активности со сојузниците и партнерите во регионот, Соединетите Американски Држави нема да дозволат ИДИЛ да ја искористи сегашната ситуација во Сирија за своја обнова, изјави командантот на ЦЕНТКОМ, генерал Мајкл Ерик Курила.

ИДИЛ значи „Исламска држава на Ирак и Левант“ и е првичното име на организацијата што подоцна беше скратено во „Исламска држава“ (ИД).

-ИДИЛ посакува да ослободи над 8.000 свои борци кои моментално се во притвор во Сирија. Ќе продолжиме активно да ги следиме овие лидери и борци, вклучувајќи ги и оние кои се обидуваат да извршуваат операции надвор од Сирија.

ИД во различни земји е означена од САД како терористичка организација.

Неделава беа извршени неколку напади на американските сили во Сирија. Во понеделникот, командата објави дека извршила прецизни воздушни напади врз кампови на ИД, при што биле убиени 12 борци.

Од администрацијата на Бајден укажаа дека американската војска во Сирија останува и по падот на режимот на Асад, како дел од мисијата за борба со тероризмот и целосно уништување на ИД.

МВР: Претреси во Тетово и тетовско, пронајдени над 75 000 парчиња пиротехника

 Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и тетовско, при што пронајдени  над 75 000 парчиња пиротехника.

- Денеска во периодот од 09.30 до 14.20 часот полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претреси во дом и други простории кај Б.А.(40) во с. Селце, тетовско, како и во дом и други простории кај М.Д. (43) од с. Селце и продавница, како и во три импровизирани тезги во Тетово сопственост на С.М.(35) и М.А.(54) двајцата од Тетово и Ј.Н.(56) од с.Буковиќ, скопско. При претресите се пронајдени 75 889 парчиња пиротехнички средства и 346 килограми тутун, информираат од МВР.

Лицата, информираат од МВР, се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

МВР: Фатени бегалци од затвор

Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи.

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги во содејство со полициски службеници од СВР Куманово денеска околу 12:20 часот на бул. „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово ги лишија од слобода Е.П. (31) од Скопје и Д.С. (41) од Кочани, кои биле барани поради бегство од затвор.

Како што информират од МВР, Е.П. бил баран по потерница од КПУ Затвор Штип, а бил осуден на затворска казна од девет години за кривично дело по чл.418 од КЗ (криумчарење мигранти) и за доиздржување има шест години, три месеци и 12 денови, додека Д.С. бил баран по потерница од КПУ Затвор Струмица, а бил осуден на затворска казна од седум години за кривично дело по чл.236 ст.1 од КЗ (тешка кражба) и за доиздржување има една година.

Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи.

притисни ентер