Божиќна ѕвезда – украс за новогодишните и божиќните празници

Голем број семејства за новогодишните и божиќните празници, освен со китење на елката, домот го украсуваат и со цвеќето божиќна ѕвезда, кое цвета во периодот околу Божик.

Цветовите на божиќната ѕвезда всушност не се вистински цветови, туку се листови на растението, кои можат да бидат во различни бои: црвена, жолта, портокалова, бела и крем. Вистинските цветови се многу мали и незабележителни и имаат зелена или жолта боја, а се во форма на бобинки.

Името божиќна ѕвезда ова цвеќе го добило бидејќи листовите му се во облик на ѕвезда. Цвета за Божик, а ја симболизира ѕвездата што на тројцата мудреци им го покажала патот до Исус.

Постојат и други легенди за божиќната ѕвезда. Според една стара мексиканска легенда, првата божиќна ѕвезда настанала од молитвите на девојчето Марија и нејзиното братче Пабло. Тие потекнувале од сиромашно семејство и немале пари да купат подарок за малиот Исус. На Бадник кога оделе кон црквата набрале полски билки наместо подарок. Кога ги ставиле билките околу колепката на Исус, нивните зелени листови станале сјајно црвени цветови.

Според друга легенда, пак, убавината на ова цвеќе се должи на некоја астечка божица, на која поради несреќната љубов ѝ се распарчило срцето. Од капките на нејзината крв израснал огнен цвет со црвена боја опкружен со зелени ливчиња.

Божиќната ѕвезда е совршена за подарок, а со своите прекрасни цветови го разубавува секој простор за време на празниците. /МИА

Во израелските воздушни напади врз Појасот Газа убиени 18 лица, од кои осум деца

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека во синоќешните израелски воздушни напади зафгинаа најмалкуи 18 луѓе, од кои осум деца.

- Телата на осум деца беа донесени до болницата Насер, изјави директорот на детското одделение Ахмед ал Фара.

Во нападите врз градот Хан Јунис уништени се две куќи и еден автомобил.

Изралекста армија се уште не ги коментирала нападите. /МИА

Романија не успева да задржи странски работници: од 100.000 луѓе, 65.000 ја напуштиле земјата

 На 100.000 луѓе од земји кои не се членки на ЕУ во последните години годишно им се дава право на работа во Романија, но голем дел од нив не остануваат трајно во земјата.

Во 2025 година Романија повторно ќе издаде работни дозволи за 100.000 странски работници во потрага по решение за кризата на пазарот на трудот. Исто толку биле ангажирани и лани, но околу 65.000 од нив си заминале.

Во текот на изминатите четири години, Романија дозволи 350.000 работници кои не се членки на ЕУ да влезат на нејзиниот пазар на труд. На крајот на 2024 година записите покажуваат дека од нив останале 150.000.

Претставничката на платформата за регрутирање работна сила, Ана Калугару, коментира дека многу азиски баратели на работа ја гледаат Романија само како транзитна точка кон другите земји во Западна Европа. Според Калугару, друго објаснување за оваа ситуација е неуспешната интеграција на пазарот на трудот.

Главните области на активност на странските работници во Романија се гостопримството и набавките./МИА

Скопје меѓу најзагадените градови во светот, утринава беше на 4 место

Скопјани и утринава дишат токсичен воздух, главниот град и понатаму e меѓу Најзагадените градови во светот , утринава беше на четвртото место, со индекс на загадување од 187, според  податоци на платформата „Ај-кју-ер“. 

Како главен загадувач се наведени ПМ 2,5 честичките чија концентрација е 106, 6 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честитичките се со концентрација од 134,5 микограми на кубен метар. Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 21,3 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на светската здравствена организација

Еко активистите алармираат дека се потребни итни мерки, поради сериозните последици врз здравјето на лугето од аерозагадувањето

притисни ентер