Тотенхем и Сон го продолжија договорот до 2026 година

Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин го продолжи договорот со клубот до летото 2026 година, објави прес-службата на Спарс.

Триесет и двегодишниот Кореец се пресели во лондонскиот клуб во летото 2015 година. За тоа време одигра 431 натпревар, постигна 169 голови и 90 асистенции.

Сон се наоѓа на 4. место на листата на најдобри стрелци на Тотенхем.

Сезонава напаѓачот има седум гола и шест асистенции на 23 натпревари./МИА

МФ: Со буџетот се предвидени средства за исплата на сите права на вработените

Со буџетот се предвидени средства за исплата на сите права на вработените согласно колективните договори.

одобрува преземање на обврски исклучиво врз основа на планираните средства кај буџетскиот корисник и дадено е позитивно мислење по однос на поднесени барања за потпишување колективни договори онаму каде се предвидени средства во рамки на одобрениот буџет. Со буџетот за 2025 година се предвидени средства за исплата на сите стекнати права на вработените согласно претходно потпишаните колективни договори, за кои потенцираме, дека дел се потпишани и без обезбедено мислење од министерството за финансии. – велат од Министерството за финансии за Канал 5.

Италијанската новинарка Сала ослободена од затвор во Иран

Италијанската новинарка Сесилија Сала, која од 19 декември беше во притвор во Иран, е ослободена и денеска патува кон дома, соопштија италијанските власти.

- Сала полета од Техеран по интензивната работа на дипломатските и разузнавачките канали, истакна италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Новинарката на италијанскиот дневен весник „Ил Фиљо“ (Il Foglio) беше уапсена во Техеран на 19 декември, три дена откако пристигна во земјата. Таа е обвинета за кршење на законите на Иран.

Италијански претставници шпекулираат дека приведувањето и ослободувањето на Сала ќе биде искористено во преговорите за ослободување на Мохамед Абедини, кој на 16 декември беше уапсен на аеродромот во Милано, по американска потерница.

Министерството за правда на САД го обвини Абедини и уште тројца Иранци дека доставувале технологија за производство на дронови, што се користени во напад врз американски воен пункт во Јордан во јануари минатата година, при што загинаа тројца американски војници.

Абедини и понатаму е во притвор во Италија. /МИА

Мерц: Барањето на Трамп за издвојување 5 отсто од БДП за одбрана нема суштинско значење

Фридрих Мерц, потенцијален иден канцелар на Германија, изјави дека буџетските цели за одбрана треба да се засноваат на реални потреби, а не на апстрактни бројки. 

Неговата изјава следи по барањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој побара земјите на НАТО да издвојуваат 5 отсто од својот БДП за одбрана.

- Бројките од 2%, 3% или 5% се ирелевантни. Клучно е да ги правиме неопходните чекори за нашата безбедност“, изјави Мерц за германското радио „Бајерн 2“.

Мерц додаде дека Германија, иако формално ја има достигнато целта од 2 отсто, тоа се должи на специјалниот фонд формиран по руската инвазија врз Украина.

Според него, фокусот треба да биде на обновување на одбранбените капацитети на Германија и НАТО./МИА

притисни ентер