Божиќна честитка од ВМРО-ДПМНЕ

Христовото раѓање дава смисла на човештвото и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба, среќен Божиќ

Христовото раѓање е празник кој дава смисла на нашето човештво и вербата за подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба.

Да се насочиме кон добрите дела и хуманоста, бидејќи тие се темелите на христовата вера.

ВМРО-ДПМНЕ посакува празничните божиќни мигови, да ги исполнат вашите домови со топлина, мир и хармонија. Нека се пренесе гласот дека Христос е роден.

Да ги споменеме и сите оние кои страдаат и да им помогнеме. Да правиме добри дела и да подаваме рака на секого. Без оглед на разликите, едни со други треба да си бидеме потпора во животот. Само така ќе покажеме дека сме силни и сме фактор во општеството.

Само со труд, работа и верба во Бога, да придонесеме за подобрување на животот на сите граѓани во Македонија.

Нека е честит и вековит празникот Божиќ.

Да е вечна Македонија!

Христос се роди! Навистина се роди!

ВМРО-ДПМНЕ

Популарноста на Зеленски значително се намали во 2024 година, според истражување

Поддршката за украинскиот лидер, кој е на функција од 2019 година, е поголема во западнитеи централните украинските региони релативно поштедени од војната.

Мнозинството Украинци сè уште го поддржуваат претседателoт Володимир Зеленски, речиси три години по целосната инвазија на Русија, иако оваа поддршка значително се намали во текот на изминатата година, според резултатите од истражувањето објавено денеска од Mеѓународниот институт за социологија во Киев.

Институтот спроведе телефонско истражување на 2.000 луѓе кои живеат на територијата под контрола на Украина, во периодот од 2 до 17 декември - околу еден месец по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, што повторно ги поттикна шпекулациите за можни мировни преговори со Москва.

Според резултатите од истражувањето на крајот на 2024 година 52 отсто од анкетираните Украинци рекле дека „имаат доверба“ во Зеленски, број што нагло се намали од крајот на 2023 година (77 проценти), што ја одразува загубата на поддршката за украинскиот претседател по речиси три години војна со висок интензитет.

Поддршката за украинскиот лидер, кој е на функција од 2019 година, е поголема во западните (60 отсто) и централните (52 отсто) украинските региони релативно поштедени од војната, во споредба со оние на исток (само 42 отсто) и во југ (46 проценти), каде што се водат најголем дел од борбите.

Според истражувањето, речиси 39 отсто од Украинците сега велат дека „немаат доверба“ во Зеленски, што е речиси двојно повеќе од цифрата за декември 2023 година (22 проценти).

Украинскиот претседател беше избран во април 2019 година, ветувајќи дека ќе продолжи со мирот со Русија. Неговиот рејтинг потоа се намали пред да се зголеми на речиси 90 отсто по целосната инвазија на Русија во 2022 година./МИА

Тотенхем и Сон го продолжија договорот до 2026 година

Фудбалерот на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин го продолжи договорот со клубот до летото 2026 година, објави прес-службата на Спарс.

Триесет и двегодишниот Кореец се пресели во лондонскиот клуб во летото 2015 година. За тоа време одигра 431 натпревар, постигна 169 голови и 90 асистенции.

Сон се наоѓа на 4. место на листата на најдобри стрелци на Тотенхем.

Сезонава напаѓачот има седум гола и шест асистенции на 23 натпревари./МИА

Кина ги осуди САД поради тоа што разгледуваат воведување забрана за кинески дронови

Кина, исто така, ги повика САД да ги почитуваат фактите и веднаш да престанат со, како што наведе, „погрешните практики“.

Кина го осудува и смета дека е крајно неодговорно што САД разгледуваат воведување забрана или ограничување на кинеските беспилотни летала во таа земја поради наводните ризици за националната безбедност, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.

Во соопштението се наведува дека тоа се „неосновани сомнежи“ на САД и дека Кина ќе продолжи да ја следи ситуацијата.

Кина, исто така, ги повика САД да ги почитуваат фактите и веднаш да престанат со, како што наведе, „погрешните практики“./МИА

притисни ентер