Манастирот кај Маркова Сушица – 7 века бисер на духовноста

Седум века Марковиот манастир и неговиот заштитник светецот Димитрија ја раскажува историјата на христијанството. 

Литургиите и кажаниот збор за религијата нејзината важност и во денешното општество што е многу различно од векот кога се кренале столбовите на манастариот и денес се лек и чистење за душата. Во зимското студено утро, добредојде ни посака јеромнах Атанасиј. Далеку од градскиот метеж, зградите, растрчаните луѓе кои пазарат по продавниците за празниците, отец Атанасиј ја почна приказната за Божиќ за неговото значење, за се она што е најпотрено а не се купува со пари. За она што е најскапо и највредно но не се купува туку се спознава во себе. Тоа е мирот, а мирот го немаме ако не знаеме да простиме.

- Да обрнеме внимание на меѓусебното помирување да побараме прошка или обратно

Преку литургиите учиме да имаме трпение. Денешниот живот е инстант, се што бараме мора да имаме во истиот момент, исто како на еден допир на мобилниот телефон, раскажува Атанасиј. Но трпението е она што не учи да сме посилни, посреќни и да спознаеме и за доброто и за лошото во животот.

Денеска се е поврзано со матријалното, тоа стана симбол за радост кај човекот. Да, матријлните работи се потребни но колку се доволни? Се повеќе ќе бара да има повеќе углед, моќ, матријално.. Но душата бара вистинска храна, раскажува Атанасиј. И оваа порака да не е само за празниците туку и секој ден да биде учење за секој од нас. Тоа е рецептот за среќа.

Марковиот манастир и црквата посветена на светецот Димитирија е бисер во скопско близу селото Љубош и месноста Маркова Сушница. Манастирите имаат посебно смирение. Мирно, пријатно дури и студенилото ви дава чувство на чистење и бистрење на умот и срцето од секојдневната рутина.

Синиша Мали: Целта е просечната плата во Србија да достигне 1.000 евра во декември 2025 година

Мали во објава на Инстаграм истакна дека се дефинирани петте најважни цели за 2025 година.

Првиот вицепремиер и министер за финансии на Србија, Синиша Мали денеска објави дека првите две цели за 2025 година се напредокот на државата во лигата на земји со инвестициски кредитен рејтинг и дека просечната плата во Србија во декември да достигне 1.000 евра.

Мали во објава на Инстаграм истакна дека се дефинирани петте најважни цели за 2025 година, а тоа се - раст од 4,2 отсто, со што БДП за првпат во историја на Србија, завршување на најмалку 150 километри нови автопати и експресни патишта во Србија, како и да има најмалку 100 земји кои ќе го потврдат своето учество на Експо 2027 година.

„Јавните финансии ни се стабилни, имаме доволно пари и продолжуваме да работиме и да ја градиме Србија“, објави Мали./МИА

Украина ја нападна нафтената база во рускиот град Енгелс, која служи за стратегиски бомбардери

Украинската војска соопшти дека извршила напад врз нафтена база во рускиот град Енгелс, која служи за снабдување на воениот аеродром каде што се сместени стратегиски бомбардери.

Според генералштабот на Украина, нападот предизвикал повеќе експлозии и голем пожар во нафтениот склад „Кристал“, кој, како што се наведува, е клучен за снабдување на аеродромот „Енгелс-2“. „Овој напад создава сериозни логистички проблеми за руската стратегиска авијација и значително ја намалува способноста на окупаторите да извршуваат напади врз украинските градови“, стои во објавата на украинската војска на Телеграм. Руските власти од регионот саратов потврдија дека напад со украински дрон предизвикал голем пожар на индустриски објект во областа.

Нова Горица и Кемниц ја презедоа титулата европски престолнини на културата за 2025 година

Официјалната инаугурација на Кемниц за европска престолнина на културата за 2025 година ќе се одржи на 18 јануари, а на Нова Горица на 8 февруари. 

Со почетокот на новата година словенечкиот град Нова Горица и германскиот Кемниц ја презедоа титулата европски престолнини на културата за 2025-та, со што во следните 12 месеци тие ќе бидат домаќини на повеќе културни настани, изложби и перформанси со кои ќе биде истакнато заедничкото богатството на европски култури.

Како што соопшти денеска Европската комисија, дополнителна димензија на овие активности ќе им додаде и фактот што годинава се одбележуваат 40 години од покренувањето на иницијативата за прогласување на европски престолнини на културата.

Според еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Глен Микалеф, Нова Горица и Кемниц ќе имаат можност да ги покажат различностите, идентитетите и вредностите на европските култури, истовремено истакнувајќи го она што ги зближува европските граѓани во славењето на различност, идентитети и вредности на ЕУ.

- Честитки за нашите европски престолнини на културата во 2025 година, Кемниц и Нова Горица, изјави Микалеф, додавајќи дека ова претставува и можност „да се размислува за влијанието на оваа престижна иницијатива во изминатите 40 години“.

Официјалната инаугурација на Кемниц за европска престолнина на културата за 2025 година ќе се одржи на 18 јануари, а на Нова Горица на 8 февруари.

Според најавите на властите, како носител на оваа титулата Нова Горица има намера да расте заедно со соседниот пограничниот италијански град Горица, станувајќи „европска престолнина на културата без граници“. На овој начин, според најавите, концептот на границите ќе може да се истражи од повеќе димензии си помош на културни и уметнички средства,

Кемниц, пак, титулата европска престолнина на културата за 2025 година ќе ја одбележи под мотото „Види го невиденото“ и има за цел да ја зајакне улогата на граѓанското општество преку културни проекти и да изгради мрежа на „европски креатори на демократијата“.

Како признание за квалитетот на нивните подготовки за одбележување на титулата европска престолнина на културата, Европската комисија донесе одлука на Нова Горица и Кемниц да им ја додели наградата „Мелина Меркури“, чија парична вредност изнесува 1,5 милиони евра и е финансирана во рамки на програмата „Креативна Европа“.

Според ЕК, титулата европска престолнина на културата им овозможува на градовите што ја носат да го засилат својот локален и регионален развој преку културата и им обезбедува долгорочни културни, економски и социјални придобивки, како за самите нив, така и за околните региони.

- За да бидат избрани, градовите мораа да постават културна програма со силна европска димензија, промовирајќи го активното вклучување на заедниците во нивниот град, се додава во соопштението.

Инаку, титулата европска престолнина на културата во 2028 година ќе ја носи Скопје, заедно со францускиот град Бурж и чешкиот Чешке Будејовице. /МИА

притисни ентер