Бислимовски: Дополнителен час евтина струја преку ден нема да има до крајот на годинава

Дополнителен еден час дневна евтина тарифа на струја сепак нема да има до крајот на годината.

Дополнителен еден час дневна евтина тарифа на струја сепак нема да има до крајот на годината – анализите на регулаторна покажале дека доколу се воведе во периодот од 12 до 16 часот кога цената на берзата се и најниски, ќе треба да се укине вечерната од 10 до 12 часот на полноќ кога цените се далеку повисоки. Причина за ваквата ситуација е ударот кој изминатиов период се случи со цеnите во регионот, кој беа повисоки во однос на останатите држави од ЕУ поради, како што појасниле од Европската енергетска заедница високите температури, но и поради тоа што земјите од регионов не биле доволно енергетски поврзани. Првиот човек на регулаторна Марко Бислимовски вели потребна е сериозна анализа, а за да не ни се случуваат вакви работи во иднина, предлага заедничка регионална берза.

„ Најниски цени имаме во периодот од 12 до 16 часот. Тоа се цени на берзата ХУПЕКС под 50 евра за мегават час. Значи таму постои апсолутно не за еден туку за еден час плус. Но за жал на пазарот од 20 часот до 24 часот цените се убедливо високи. Ако се следи пазарот воведување на евтина би било од 12 до 16, но ќе треба онаа од 22 часот до 24 кога цените се високи, да се укине.“- изјави Марко Бислимовски – претседател на РКЕ..

Со стартот на идната година се очекува цената на струјата на берзите да расте. Каква цена ќе плаќаат граѓаните од 1 јануари ќе се знае најверојатно идниот месец.

„Ги добивме барањата од електро дитрибуција, МЕПСО и МЕМО. Најбитните елементи ќе бидат набавката на загубите... Во овој момент не сакам да шпекулирам и не благодарно е да кажувам дали ќе се зголеми и ќе се намали цената на електрична енергија.... сега да видиме ЕВН ХОУМ треба да распише тендер. Да видиме колку проценти ќе обезбеди ЕСМ, дали од слободниот пазар, по која цена, колкави количини. “ изјави Марко Бислимовски – претседател на РКЕ.

Во однос на цената на парното Бислимовски вели таа останува стабилна до следното лето, иако не очекува промени сепак вели би се довела во прашање само ако се случи драматична промена на цената кај природниот гас.

Над 100 загинати во експлозија на цистерна со гориво во Нигерија (ВИДЕО)

Најмалку 105 лица загинаа во северна Нигерија при експлозија на цистерна со гориво.

Експлозијата се случила во државата Џигава доцна вчера вечер по локално време, јавува Си-Ен-Ен.

Според медиумите, мештаните дошле да наполнат гориво кога се случила експлозијата.

„Возачот изгуби контрола и цистерната се преврте и го истури горивото во одводниот канал. Како резултат на тоа, жителите побрзаа да го соберат горивото кога се случи експлозијата“, рече портпаролот на полицијата на Џигава.

На социјалните мрежи се појавија видеа од експлозијата.

Се очекува бројот на жртвите да се зголеми бидејќи најмалку 50 лица се тешко повредени.

Шер се трансформира поради корекција на лицето, фановите шокирани (ВИДЕО)

Легендарната икона на светската музичка сцена Шер се прошета на модната писта на ревијата на Викторија Сикрет, а нејзиниот изглед предизвика бура од реакции.

Поп-легендата излезе на сцената вчера за нереалното шоу, што го означи враќањето на годишната екстраваганција на модните писти по нејзиното откажување во 2019 година, поради критиките за недостатокот на инклузивност.

Таа на розовиот тепих се појави со 40 години помладиот дечко Едвард, а потоа доминираше на сцената.

Таа во специјален костим изведе два големи хита „Strong Enough“ и „Believe “.

Сепак, она што овојпат привлече можеби најмногу внимание - е нејзиниот изглед, поточно лицето.

Како што се коментира, таа повторно направила некои операции на лицето, до таа мера што изгледа „на работ да пукне“.

Шер си го „средила“ лицето, а тоа не им се допадна на многумина: „Повторно си направи нешто на себе, а изгледа како да ќе пукне“, „Ах, ја сакам Шер, но ова навистина не ѝ одговара , таа е искривена“, „Сега отиде предалеку со овие јаготки“…

Словачкиот премиер Фицо рече дека гледа голема веројатност војната во Украина наскоро да заврши

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска дека гледа голема веројатност војната во Украина наскоро да заврши, јавија светските агенции, повикувајќи се на словачките медиуми.

Ова Фицо го изјави пред заминувањето на самитот на Европската унија, каде претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе го претстави својот „План за победа“ во војната против Русија.

„На среден рок, веројатноста војната во Украина да заврши е голема. Утре очекувам некакво навестување, бидејќи одеднаш се појави темата за поканата на Украина за НАТО“, изјави словачкиот премиер пред парламентарната комисија во Братислава. /МИА

притисни ентер