Бибер за Канал 5: Има позитивни знаци дека ЕУ го сфаќа Западен Балкан посериозно

Европската унија има реална заложба за проширување, но нема визија како да се спроведе тоа во практика – вели за Канал 5 реномираниот професор и експерт за балканот Флоријан Бибер. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Во Тибет спасувачите во текот на ноќта бараа преживеани по големиот земјотрес

Спасувачите во текот на ноќта бараа преживеани по големиот земјотрес кој уби најмалку 126 лица, а повреди 188 лица и оштети повеќе од 3.000 згради во оддалечен дел од кинескиот регион Тибет, во близина на Еверест. 

Преживеаните беа под дополнителна опасност бидејќи се предвидуваше дека температурите ќе паднат до -16 целзиусови во текот на ноќта.

Земјотресите се вообичаени во регионот, кој лежи на голема геолошка раседна линија, но земјотресот вчера беше еден од најсмртоносните во Кина во последниве години.Земјотресот со јачина од 7,1 степени според рихтеровата скала, кој се случи на длабочина од 10 километри, според податоците на геолошкиот институт на САД, бил почувствуван и во непал и делови од Индија, кој е сосед на Тибет. Кинеските државни медиуми објавија дека земјотресот бил со малку помала магнитуда од 6,8 степени, што предизвикал „очигледни“ потреси. Во подножјето на Монт Еверест, кој ги дели Непал и Кина, округот Тингри е популарна база за планинари кои се подготвуваат да се искачат на највисокиот врв на светот.

Поради шумски пожар, 30.000 луѓе се евакуирани во близина на Лос Анџелес

Шумски пожар беснее низ луксузниот дел на Лос Анџелес уништувајќи домови и предизвикувајќи сообраќаен метеж додека 30.000 луѓе се евакуирани.

Најмалку 510 хектари од областа Пацифик Палисадес меѓу Санта Моника и Малибу изгореа, соопштија властите, откако веќе предупредуваа за екстремна опасност од пожар поради силните ветрови по долга суша.

Американски медиуми јавија за голем број на куќи во пламен.

Пред пожарот, Националната метеоролошка служба го издаде своето највисоко предупредување за екстремни услови за пожар во поголемиот дел од округот Лос Анџелес од вторник до четврток. Во комбинација со ниската влажност и сува вегетација поради недостаток на дожд, условите се исклучително опасни, објавија властите.

Гувернерот Гевин Њусом рече дека државата почнала да ги преместува ресурсите за гаснење пожари од северна кон јужна Калифорнија уште во саботата поради временските предупредувања. Многу од тој персонал, противпожарни возила и авиони останаа на позиции на друго место во Јужна Калифорнија поради опасноста од пожар за поширокиот регион, додаде тој. /МИА

Трудо: Канада нема да стане дел од САД

 Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби „економска сила“ за да ја направи Канада 51-та американска држава.

-Нема шанси Канада да стане дел од Соединетите Држави. Работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и безбедносни партнери, рече Трудо во објавата на „Х“.

Претходно, канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли рече дека коментарите на Трамп „покажуваат целосно недоразбирање на она што ја прави Канада силна земја“, додавајќи дека Канада „никогаш нема да потклекне пред заканите“. /МИА

притисни ентер