Бесплатен оброк за ученици до петто одделение втора година по ред во Кавадарци

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска информираше дека со бесплатниот оброк се опфатени вкупно 1.780 ученици од прво до петтто одделение. 

Бесплатен оброк за ученици до петто одделение, втора учебна година по ред се реализира во Кавадарци. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска информираше дека со бесплатниот оброк се опфатени вкупно 1.780 ученици од прво до петтто одделение. Тој појасни дека оброкот се доставува секое утро во секое училиште, каде што од страна на лица задолжени за тоа, им се дели на сите ученици.

- Втора година по ред Општината го спроведува проектот во сите основни општински и подрачни училишта. Овој проект што е исклучително важен за нас како локална самоуправа и за нашите дечиња, успешно се имплементираше претходната година, а еве и сега на почетокот на новата учебна година, кон што ќе се стремиме и во иднина. Проектот се реализира согласно претходно регулираните законски постапки за заштита на безбедноста и здравјето на учениците, соопшти градоначалникот.

Тој подвлече дека менито е нутриционистички изготвено и вклучува разновидна храна, пијалок и овошје.

- Овој проект е инвестиција на Општина Кавадарци во вредност од 20.000.000 денари, проект кој беше дел од мојата предизборна програма и еве веќе втора година се покажа како доста успешен, дечињата се задоволни, а тоа ни е најважно, истакна Јанчев.

Тој нагласи дека целта е финансиски да им се олесни на родителите, кои за првпат ги запишуваат своите деца во училиште, но и правилна и навремена исхрана за развој на децата.

- Општина Кавадарци продолжува со овој бесплатен оброк, здравје и следната учебна година, најави градоначалникот на Кавадарци, во изјава за медиумите.

НАДМИНУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ – КУЧКОВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2024!

Општина Ѓорче Петров со задоволство објавува дека на 27ми Октомври ќе се одржи највозбудливиот спортски настан во Македонија – OCR Кучково 2024.

OCR (Obstacle Course Racing) е натпреварувачки спорт во кој учесниците се соочуваат со различни физички пречки и предизвици, тестирајќи ги своите граници и издржливост.

Општината ја поддржува организацијата на овој настан со цел да се поттикне учеството на граѓаните и да се создаде уникатна спортска атмосфера. Сите заинтересирани можат да се приклучат како волонтери и да помогнат во организацијата, поддржувајќи ги натпреварувачите во нивните предизвици.

Пријавувањето за волонтери е отворено на следниот линк: http://bit.ly/47uBzSG

Ве очекуваме на OCR Кучково 2024.

Видео: „McLaren“ го откри името на новиот хиперавтомобил, премиера на 6 октомври

Помина повеќе од една деценија од почетокот на производството на „McLaren P1“, време е за наследник.

„McLaren“ објави дека нивниот нов хиперавтомобил ќе се вика „W1“.

Датумот на премиерата, 6 октомври, беше избран за да се одбележат 50 години од првата титула на конструкторите во Ф1, кога нивниот возач Емерсон Фитипалди го освои шампионатот во Ф1.

Името на автомобилот „го слави начинот на размислување на „McLaren“ за Светскиот шампионат во Ф1“, се вели во соопштението.

Во прилог е кратко видео на кое се прикажани претходниците на „McLaren W1“ заедно со логото на новиот модел. Погледнете го тизер видеото.

Помина повеќе од една деценија од почетокот на производството на „McLaren P1“ и дојде време за наследник.

„McLaren“ штотуку постави видео за своите болиди „1“, „F1“ и „P1“, во кое вработените во компанијата зборуваат за тоа што ги прави овие автомобили толку посебни.

На почетокот на оваа година, „McLaren“ наводно им претставил на дилерите нов хиперавтомобил со кодно име „P18“.

Тој треба да добие нов хибриден „V8“ погон, за кој „McLaren“ потврди дека е во развој минатата година.

Оваа единица го заменува твин-турбо V8 што компанијата го користеше од дебито на „MP4-12C“ во 2011 година.

Наследникот на „McLaren P1“ исто така ќе усвои нов дизајнерски јазик.

„McLaren P1“ беше откриен во 2012 година и заедно со „Porsche 918 Spyder“ и „Ferrari LaFerrari“ го формираа „светото тројство“ на хибридни хиперавтомобили.

Неговиот хибриден твин-турбо V8 мотор произведе 916 КС и вртежен момент од 900 Nm, а благодарение на конструкцијата главно од јаглеродни влакна, „P1“ тежеше помалку од 1.500 kg.

Исто така, имаше паметен хидрауличен систем за суспензија и активна аеродинамика за супериорни перформанси. И денес е еден од најбрзите автомобили во светот.

„McLaren“ оттогаш направи други хиперавтомобили, како што се „Senna“, „Speedtail“ и „Elva“, но ниту еден не беше толку епохален како „P1“. Или „F1“ пред него.

Со својот најнов болид „1“, „W1“,„McLaren“ се надева дека ќе ја врати магијата.

Извор: Б92

Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, ни треба силна и конструктивна опозиција

Коалицијата има двотретинско мнозинство, ова не е коалиција што се бори за својата стабилност. Хармонијата и колегијалниот дух владее во коалицијата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во обраќањето по повод 100 дена Влада повторно нагласи дека владината коалиција е стабилна и дека и покрај различните мислења за одредени прашања, сепак сите коалициони партнери се обединети околу стратешките прашања.

Изминатите 100 дена од работата на Владата ги оцени како успешни и рече дека она што го прави горд и задоволен е тоа што сите оние кои добиле шанса, во најголем дел ја исполниле дадената можност без разлика од која политичка партија доаѓаат.

- Коалицијата има двотретинско мнозинство, ова не е коалиција што се бори за својата стабилност. Хармонијата и колегијалниот дух владее во коалицијата, на моменти нормално е да постојат и различни мислења, но тоа не значи дека не се согласуваме за стратешките прашања, рече Мицкоски.

На опозицијата и порача да биде конструктивна и силна и наместо со обвинувања, да се натпреварува со политики кои ќе донесат подобар стандард на граѓаните.

- Има такви кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ направило премногу отстапки на коалиционите партнери и такви кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ ги поништи своите коалициони партнери. Ги слушам сите тие гласови кои доаѓаат од опозицијата од кои едната се обидува да опстане на политичката сцена, а другата преку националистичка реторика се труди да се врати на политичката сцена. Тие мислат дека ако испраќаат такви пораки ќе внесат раздор и недоверба во таа коалиција. Можам да ги разочарам и да им кажам дека не само што не се успешни, туку таквото нивно однесување го зајакнува заеднички дух. Не смееме да се вратиме кон овие политичари кои поминаа децении во македонската политика, а ќе останат запаметени по корупција и многу предавства на сметка на личните интереси. Нема да навлегувам зошто ДУИ во изминатите 21 година не успеа да ги постигне стратешки цели, зошто СДСМ на лага се обидуваше да ја задржи својата власт. Имам да им порачам на двете партии дека имаме потреба од силна и конструктивна опозиција со која ќе се напреваруваме за политики кои ќе донесат подобар стандард на граѓаните, рече Мицкоски.

Во однос на забелешките дека процесот на именување на кадри оди бавно, премиерот рече дека не треба да се избрзува и дека понекогаш е подобро да се направи еден вистински чекор, отколку да се направат три чекори па потоа да се враќаме пет чекори назад.

- Не можеме да зборуваме за брзина на именување на кадри затоа што многупати во минатото во јавноста имаше критика дека многу брзо се партизирале институциите, многу брзо се именувале партиски кадри, се менувале професионалци... Апсолутно се сложувам со тоа затоа што не секогаш треба да реагирате многу бргу за да покажете некаква силина и дека се што било претходно, не чинело. Покажавме како Влада дека се што било добро од претходната влада, сме го продолжиле како што беше и случајот со странските инвестиции, рече Мицкоски.

притисни ентер