Романо: Иднината на Тен Хаг во Манчестер би можела да се реши по средбите со Порто и Астон В.

Раководството на Манчестер јунајтед го поддржува тренерот Ерик тен Хаг, но притисокот врз него расте, објави инсајдерот Фабрицио Романо.

Клучните натпревари кои би можеле да ја одлучат иднината на Холанѓанецот ќе бидат претстојните натпревари против Порто во Лига Европа (3 октомври) и Астон вила во Премиер лигата (6 октомври).

По поразот од Тотенхем (0:3) изминатиот викенд на домашен натпревар од Премиер лигата, Тен Хаг изјави дека не размислува за отказ.

Манчестер јунајтед има седум бодови и е на 13. место во Премиер лигата.

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Во пресрет на новата грејна сезона 2024/2025 година што започнува на 15 октомври, за компаниите формирани од АД ЕСМ и подружницата Енергетика, соработката со потрошувачите е од суштинско значење за навремено и квалитетно снабдување.

Во пресрет на новата грејна сезона 2024/2025 година што започнува на 15 октомври, за компаниите формирани од АД ЕСМ и подружницата Енергетика, соработката со потрошувачите е од суштинско значење за навремено и квалитетно снабдување со топлинска енергија.

Во тој контекст, ЕСМ денеска преку соопштение ги повика корисници да ги завршат сите потребни проверки и поправки на внатрешните грејни инсталации пред почетокот на грејната сезона, бидејќи редовното одржување на внатрешните грејни инсталации е нивна обврска.

Препорачуваат навремено да се извршат проверки и да се завршат започнатите интервенции во најкус можен рок, и тоа да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи.

- На тој начин придонесуваат испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено. Исто така, важно е заедниците на сопственици да овозможат пристап на службените лица до топлинските потстаници во објектите и да обезбедат непречено електрично напојување во топлинската станица (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација), се вели во соопштението од ЕСМ.

Навременото и квалитетно снабдување со топлинска енергија, се посочува, е од витално значење за комфорот на нашите корисници.

- Затоа, апелираме да ги следат препораките и да соработуваат со службените лица за да се обезбеди непречено функционирање на системот за централно греење, соопштија од ЕСМ.

За информации или пријави на дефекти и завршени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи.

За потрошувачите на ЕСМ Снабдување со топлина Центар за грижа на потрошувачи (24/7): 02 3076 200 и 075 400 100

За потрошувачите на ЕСМ- Енергетика

Дефекти и протекување (24/7): 071 313 405

Центар за грижа на корисници (понеделник-петок, 07.00 - 19.00): 02 3104 816

Рекламации за квалитет на греење (понеделник-петок, 07.00 - 19.00): 02 3104 872

Во мај следната година ќе биде пуштена во употреба првата половина од автопатот Кичево-Охрид

Остануваат да се реализираат уште 10-тина километри. Имаме јасен план како тоа да се реализира преку Јавното претпријатие за државни патишта. 

Има напредок во реализацијата на автопатот од Кичево до Охрид, секојдневно се работи и очекувам првата половина од автопатот од селото Арбиново до Охрид, со исклучок на мал дел кај село Ботун, да биде пуштена во употреба до мај следната година, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Посочи дека до крајот на 2026 година, како што беше ветено во кампањата, ќе биде целосно пуштен во употреба овој автопат.

-Наследивме катаклизмична состојба со инфраструктурните проекти. Конечно оние два фамозни километри од автопатот кон Блаце се завршени и наскоро ќе бидат пуштени во употреба. Остануваат да се реализираат уште 10-тина километри. Имаме јасен план како тоа да се реализира преку Јавното претпријатие за државни патишта. Тој проект наскоро ќе почне со реализација, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата по повод 100 дена од работењето на новата влада.

Нагласи дека познати имиња кои се блиски на ДУИ се наоѓаат на трасата на овие 10 километри од автопатот.

-Но, тоа е што е. Предизвици има и ќе ги решаваме. Од онаа катаклизмична состојба што ја наследивме се случуваат големи поместувања. Оставена е страшна состојба и со проектите поврзани со коридорите 8 и 10д за кои освен авансот од 300 милиони евра буквално немаше никаков прогрес. Немаше ниту еден отсто прогрес направен од европејциве и про-западниве на кои од европското изгледа само еврото им било важно, потенцира Мицкоски.

Најави дека завршува градбата на експресниот пат Чатал-Длабочица-Крива Паланка кој е дел од коридорот 8 што треба да го поврзе Куманово со граничниот премин Девебаир со Бугарија. Привршуваат, како што кажа, и работите на експресниот пат Градско-Росоман-Фариш и се очекува до крајот на годината да биде пуштен во употреба.

Фидан: Израелската копнена офанзива во Либан е нелегален обид за окупација

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска изјави дека копнената офанзива на Израел во Либан е нелегален обид за окупација што го нарушува територијалниот интегритет на земјата.

Тој додаде дека израелската операција мора веднаш да се прекине, со повлекување на нејзината војска од Либан.

Израелски падобранци, командоси и вооружени единици започнаа рации во упад во јужен Либан, откако денеска се интензивираше судирот со Хезболах.

Министерот за надворешни работи на Турција во изјавата рече дека израелската офанзива ја загрозува и безбедноста и стабилноста на земјите во регионот и дека е „многу веројатно“ да има зголемување на бројот на мигранти од тоа земја.

Фидан го повика Советот за безбедност на Обединетите нации „да го направи она што е неопходно“ во согласност со меѓународното право.

притисни ентер