Автосаемот во Њујорк сепак ќе се одржи , и покрај коронавирусот

Откако изразија жалење за откажувањето на авто салонот во Женева, организаторите на њујоршкиот автомобилски саем решија да преземат активности поради ризикот од инфекција со коронавирус, но не и да го откажат настанот.

Во најновото соопштение не станува зборува за тоа како бројот на заболени од коронавирус во Њујорк се зголемува . Наместо тоа, тие потенцираат дека поминаа пет недели откако ги започнале подготовките за овој одличен саем.

Исто така, за да бидат посетителите безбедни, организаторите презедоа некои мерки. Така, инсталирани се 70 места за дезинфекција на рацете, ќе се зголеми интензитетот на чистење и воведен е нов протокол за чистење на изложените возила.

Реално, со оглед на непредвидливоста на ширењето на вирусот, тешко е да се каже со сигурност дека салонот навистина ќе се одржи. Салонот е предвидено да се отвори на 9 април, со повеќе од еден милион посетители , каде се најавени околу 60 премиери на возила, како и да се видат повеќе од илјада изложени автомобили.

Силен земјотрес во Иран, 4 загинати повеќе од 100 повредени

Најмалку четири лица загинаа, а 120 се повредени во денешниот земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала што го погоди градот Кашмар во североисточниот дел на Иран, јавија државните медиуми.

Земјотресот се случил во 13 часот и 24 минути по локално време (09:54 по Гринич), објави локалниот гувернер во интервју за иранската државна телевизија, пренесува порталот Alarabia News.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Приведени десет лица по масовна тепачка во Карпош и на Клинички

Полицијата вчера привела десет лица, меѓу кои тројца малолетници, поради физичка пресметка поради нарушени меѓусоседски односи која настанала на подрачјето на Карпош, а потоа продолжила и на Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

-Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во 22.30 часот на подрачјето на Карпош, поради нарушени меѓусоседски односи, настанала физичка пресметка помеѓу Ф.Ј.(22), Б.Ј.(39) и тројца малолетници од една страна и Е.Г.(52), Г.Г.(23) и Х.Т.(29) од друга страна, сите од Скопје, при што биле употребени тврди и метални предмети. Подоцна било пријавено дека околу 01.55 часот во Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека Д.Ј.(52) со роднините С.Ј.(25) и И.Д.(38) чекал резултати за неговиот повреден син во претходната пресметка, биле физички нападнати од Е.Г.(52), Б.С.(43), А.С.(48), Б.С.(44) и И.Г.(36), при што употребиле метални и тврди предмети, информираат од МВР.

Набргу, по преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на Центар ги лишиле од слобода Е.Г., Б.С., А.С., Б.С. и И.Г.. Додека, во Полициската станица Карпош биле приведени Ф.Ј. и Б.Ј. и тројцата малолетници.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Роналдо со специјално обраќање до фановите пред дуелот со Чешка

 Неколку часа пред првиот натпревар на Португалија на Европското првенство во Германија, суперѕвездата и капитен на тимот, Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи за да испрати порака до навивачите на „морнарите“.

Роналдо објави видео од себе со репрезентацијата на Португалија. Импресивно е и вклучувањето на голем број кадри со португалски навивачи.

„Португалци, денес започнува ново поглавје во нашата историја. Со задоволство се сеќавам на мојот прв ден со репрезентацијата, патување полно со предизвици и победи. Сега сум привилегиран што сум опкружен со тим од шампиони кој е полн со талент и одлучност. Со универзална сила и поддршка, соништата ги претвораме во реалност. Заедно да се избориме за уште еден триумф. Обединети, незапирливи сме. Форца Португалија!“, напиша тој како коментар на видеото.

Иберијците вечерва од 21:00 часот го започнуваат учеството на ЕП 2024 со мечот против Чешка во Лајпциг. За 39-годишниот Кристијано ова ќе биде рекордно шесто Европско првенство, а денеска се очекува да забележи врвно достигнување од 26 одиграни натпревари на турнирот.

притисни ентер