„Астра-Зенека“: Новиот лек за рак на дојка, „Трукап“ не ги исполни своите цели

- Иако сме разочарани од исходот на проектот „КАПИтелло-290“, овие резултати ќе ги унапредат нашите сознанија за улогата на патеката „ПИ3К/АКТ“ кај ракот на дојката, изјави Сузан Галбрајт.

Фармацевтската компанија „Астра-Зенека“ денеска соопшти дека новиот лек за рак на дојка „Трукап“ (Truqap), во комбинација со хемотерапиското средство „Паклитаксел“, не ги исполнил своите главни цели во доцната фаза на испитување во однос на подобрувањето на целокупното лекување кај пациенти со некои видови рак на дојка.

- Иако сме разочарани од исходот на проектот „КАПИтелло-290“, овие резултати ќе ги унапредат нашите сознанија за улогата на патеката „ПИ3К/АКТ“ кај ракот на дојката, изјави Сузан Галбрајт, потпретседателка одговорна за онколошки истражувања и развој во „Астра-Зенека“.

Испитувањата, познати како „КАПИтелло-290“ (CAPItello-290), проучуваа дали комбинацијата на лекови ќе го подобри целокупното преживување кај пациенти со неоперабилен или метастатски тројно-негативен рак на дојка во споредба со постариот и поевтин лек за хемотерапија - „Паклитаксел“, а комбиниран со плацебо. Инаку, тројно-негативниот карцином на дојка останува еден од најпредизвикувачките облици на болеста за лекување, поради недостаток на познати цели за биомаркери, а режимите засновани на хемотерапија остануваат главен во третманот, според „Астра-Зенека“.

Студијата, се вели, не успеа да ги исполни своите цели ниту кај целокупната пробна популација, ни кај подгрупата на пациенти со тумори коишто носат специфични промени на биомаркерите. /МИА

Претседателот на Кенија го повлече законот за зголемување на данокот

Претседателот на Кенија, Вилијам Руто денеска најави дека нема да го потпише законот за зголемување на даноците еден ден по немирите во кои демонстрантите упаднаа во зградата на Парламентот, при што загинаа 22 лица.

Руто истакна дека предлог-законот предизвикал „општо незадоволство“ и оти ги слушал граѓаните и се „согласил“ со нив. Тој протестот го нарече предавнички.

Лидерот на кениската опозиција Раил Одинга го осуди убиството на демонстрантите и грубата сила на власта и повика на дијалог. /МИА

Шефот на израелската дипломатија го нарече турскиот претседател „воен злосторник“

Шефот на израелската дипломатија, Израел Кац, во објава на платформата „Х“ го нарече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „воен злосторник“.

Кац напиша дека Ердоган „ја објави својата поддршка за Хезболах против израелската закана. Ердоган е воен злосторник кој убива невини Курди долж сириската граница и се обидува да му го одземе правото на Израел на самоодбрана од терористичка организација која напаѓа од Либан по иранска наредба“.

Турскиот претседател денеска изрази солидарност со Либан поради зголемените тензии со Израел и ги повика и другите земји во регионот да го сторат истото, јави турската државна телевизија ТРТ Хабер.

Во својот говор Ердоган го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ментално болен“. /МИА

притисни ентер