Андоновски од министерска конференција во Скопје

Дигиталните вештини и иновации се клучни за напредокот на нашето општество и економија.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Скопје имаше поздравно обраќање на министерска конференција на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука и истражување и иновации, во организација на делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

Во своето обраќање, министерот Андоновски ја истакна важноста на дигиталната трансформација за напредокот на Македонија и регионот. "Денес дигиталните вештини и иновации се клучни за напредокот на нашето општество и економија“.

Министерот Андоновски ги презентираше плановите на Република Македонија во областа на градењето на дигиталните вештини, истакнувајќи: "Наша цел е до 2030 година, најмалку 80% од возрасното население да поседува основни дигитални вештини. Исто така, се стремиме значително да го зголемиме бројот на ИКТ професионалци, со посебен фокус на зголемување на учеството на жените во оваа област."

Агендата за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт го става регионот во добра насока за подлабока соработка со ЕУ и Министерскиот состанок ќе се фокусира на заедничките напори за нејзино спроведување.

Министрите присутни на состанокот и сите други учесници ќе разговараат за важната улога на Европската истражувачка област и Европската агенда за иновации, во која сите партнери од Западен Балкан се целосно интегрирани.

Во мај следната година ќе биде пуштена во употреба првата половина од автопатот Кичево-Охрид

Остануваат да се реализираат уште 10-тина километри. Имаме јасен план како тоа да се реализира преку Јавното претпријатие за државни патишта. 

Има напредок во реализацијата на автопатот од Кичево до Охрид, секојдневно се работи и очекувам првата половина од автопатот од селото Арбиново до Охрид, со исклучок на мал дел кај село Ботун, да биде пуштена во употреба до мај следната година, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Посочи дека до крајот на 2026 година, како што беше ветено во кампањата, ќе биде целосно пуштен во употреба овој автопат.

-Наследивме катаклизмична состојба со инфраструктурните проекти. Конечно оние два фамозни километри од автопатот кон Блаце се завршени и наскоро ќе бидат пуштени во употреба. Остануваат да се реализираат уште 10-тина километри. Имаме јасен план како тоа да се реализира преку Јавното претпријатие за државни патишта. Тој проект наскоро ќе почне со реализација, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата по повод 100 дена од работењето на новата влада.

Нагласи дека познати имиња кои се блиски на ДУИ се наоѓаат на трасата на овие 10 километри од автопатот.

-Но, тоа е што е. Предизвици има и ќе ги решаваме. Од онаа катаклизмична состојба што ја наследивме се случуваат големи поместувања. Оставена е страшна состојба и со проектите поврзани со коридорите 8 и 10д за кои освен авансот од 300 милиони евра буквално немаше никаков прогрес. Немаше ниту еден отсто прогрес направен од европејциве и про-западниве на кои од европското изгледа само еврото им било важно, потенцира Мицкоски.

Најави дека завршува градбата на експресниот пат Чатал-Длабочица-Крива Паланка кој е дел од коридорот 8 што треба да го поврзе Куманово со граничниот премин Девебаир со Бугарија. Привршуваат, како што кажа, и работите на експресниот пат Градско-Росоман-Фариш и се очекува до крајот на годината да биде пуштен во употреба.

Фидан: Израелската копнена офанзива во Либан е нелегален обид за окупација

Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска изјави дека копнената офанзива на Израел во Либан е нелегален обид за окупација што го нарушува територијалниот интегритет на земјата.

Тој додаде дека израелската операција мора веднаш да се прекине, со повлекување на нејзината војска од Либан.

Израелски падобранци, командоси и вооружени единици започнаа рации во упад во јужен Либан, откако денеска се интензивираше судирот со Хезболах.

Министерот за надворешни работи на Турција во изјавата рече дека израелската офанзива ја загрозува и безбедноста и стабилноста на земјите во регионот и дека е „многу веројатно“ да има зголемување на бројот на мигранти од тоа земја.

Фидан го повика Советот за безбедност на Обединетите нации „да го направи она што е неопходно“ во согласност со меѓународното право.

НАДМИНУВАЊЕ НА ГРАНИЦИТЕ – КУЧКОВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2024!

Општина Ѓорче Петров со задоволство објавува дека на 27ми Октомври ќе се одржи највозбудливиот спортски настан во Македонија – OCR Кучково 2024.

OCR (Obstacle Course Racing) е натпреварувачки спорт во кој учесниците се соочуваат со различни физички пречки и предизвици, тестирајќи ги своите граници и издржливост.

Општината ја поддржува организацијата на овој настан со цел да се поттикне учеството на граѓаните и да се создаде уникатна спортска атмосфера. Сите заинтересирани можат да се приклучат како волонтери и да помогнат во организацијата, поддржувајќи ги натпреварувачите во нивните предизвици.

Пријавувањето за волонтери е отворено на следниот линк: http://bit.ly/47uBzSG

Ве очекуваме на OCR Кучково 2024.

притисни ентер