Актерката ги почести фановите за својот 55-ти роденден

Со новата фотографија ги израдува фановите кои со години ја следат.

Актерката Кетрин Зета Џонс на 25-ти септември наполни 55 години. Таа глумеше многубројни улоги кои ја истакнуваа нејзината сексапилност, меѓу кои акциониот филм „Маската на Зоро“ и филмот „Стапица“ (Entrapment). Исто така, таа се истакна со улогите во филмовите „Traffic“ додека во филмот „Чикаго“ глумеше пејачка убиец. Таа има играно и во неколку комедии. По некое време пауза, таа се врати на сцената со помали улоги.

За својот роденден таа одлучила да објави роденденска фотографија на својот Инстаграм профил со што ги израдува своите фанови. На фотографијата таа е целосно гола.

- Во мојот роденденски костум! По повеќе од 25 години славење родендени со мојот сопруг, немам идеи за подароци! Ова е подарок опција 2, топчињата за голф се прва опција... секако“ – напишала актерката во духовитиот опис.

Под нејзината фотографија многу корисници на социјалната мрежа Инстаграм ѝ посакале најубави желби.

- Среќен роденден, убавице!

- Силна, убава и интелигентна жена. Те сакаме!

– Среќен роденден, инспиративна дамо! - напишале под нејзината фотографија.

Потсетуваме, Кетрин Зета Џонс е во брак со Мајкл Даглас. Љубовта ја започнаа во далечната 1999 година. Тие се венчаа само по една година, а интересно е што овој пар одлучил да потпише предбрачен договор за да си обезбеди стабилност во случај на развод. Актерскиот ветеран Мајкл Даглас зад себе веќе има еден развод кој го чинеше околу 45 милиони долари.

Поучен од тоа искуство, решил да постави јасни финансиски граници со Кетрин, особено што убавицата е дури 25 години помлада од него.

Според британскиот весник „Гардијан“, преговорите за предбрачниот договор не биле без предизвици. Кетрин барала импресивни услови: повеќе од три милиони евра за секоја година брак, како и сопствена куќа. Во еден момент, Даглас наводно размислувал да се повлече од договорот, но парот на крајот постигнал компромис кој на актерката ѝ гарантирал значителна финансиска заштита. Во случај на развод, Мајкл Даглас ќе мора да ѝ плати на Кетрин 2,8 милиони долари за секоја година од бракот. Меѓутоа, доколку ја изневери, таа ќе има право на дополнителни 5 милиони долари. Имајќи предвид дека нето вредноста на Даглас се проценува на околу 350 милиони долари, овие бројки претставуваат значителна сума, дури и за еден холивудски великан.

Асанж: Слободен сум бидејќи признав вина за новинарството

 Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (53) денеска изјави дека е ослободен од затвор затоа што се изјаснил за виновен за новинарство, а не затоа што функционирал правниот систем, објави Гардијан.

Тој им рече на европските парламентарци дека е неопходно да се изјасни за виновен по обвиненијата за американска шпионажа бидејќи правните и политичките напори за заштита на неговата слобода не се доволни, пишува Гардијан.

-На крајот ја избрав слободата наместо недостижна правда. Денеска сум на слобода по години поминати во затвор затоа што се изјаснив за виновен за новинарство, рече Асанж пред Комитетот за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа на ПССЕ во Стразбур во своето прво јавно обраќање по неговото ослободување во јуни.

Тој рече дека се надева оти неговото денешно сведочење може да послужи за да ги истакне слабостите на постојните заштитни мерки и да им помогне на оние чии случаи се помалку јавни, но кои се исто толку ранливи. Асанж рече дека слободата на говор е на „мрачна раскрсница“.

Асанж истакна дека новинарите не треба да бидат прогонувани затоа што ја вршат својата работа.

-Новинарството не е криминал, нагласи Асанж.

Андоновски од министерска конференција во Скопје

Дигиталните вештини и иновации се клучни за напредокот на нашето општество и економија.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Скопје имаше поздравно обраќање на министерска конференција на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука и истражување и иновации, во организација на делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

Во своето обраќање, министерот Андоновски ја истакна важноста на дигиталната трансформација за напредокот на Македонија и регионот. "Денес дигиталните вештини и иновации се клучни за напредокот на нашето општество и економија“.

Министерот Андоновски ги презентираше плановите на Република Македонија во областа на градењето на дигиталните вештини, истакнувајќи: "Наша цел е до 2030 година, најмалку 80% од возрасното население да поседува основни дигитални вештини. Исто така, се стремиме значително да го зголемиме бројот на ИКТ професионалци, со посебен фокус на зголемување на учеството на жените во оваа област."

Агендата за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт го става регионот во добра насока за подлабока соработка со ЕУ и Министерскиот состанок ќе се фокусира на заедничките напори за нејзино спроведување.

Министрите присутни на состанокот и сите други учесници ќе разговараат за важната улога на Европската истражувачка област и Европската агенда за иновации, во која сите партнери од Западен Балкан се целосно интегрирани.

Лонзо Бол е се поблиску до враќање на официјални натпревари

Лонзо Бол е се поблиску до враќање на официјални натпревари. Кошаркарот на Чикаго се надева дека ќе игра во првиот натпревар од сезоната 2024/25.

Лонзо Бол е се поблиску до враќање на официјални натпревари. Кошаркарот на Чикаго се надева дека ќе игра во првиот натпревар од сезоната 2024/25.

Бол не играше од јануари 2022 година поради проблеми со коленото. На кошаркарот му беа извршени неколку операции.

- Сега имам, како што може да се нарече ново колено, рече Лонзо.

Кошаркарот додаде дека во оваа фаза не е подготвен да игра два дена по ред.

Новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот – НБА ќе почне на 22 октомври.

притисни ентер