ШФМ во Њујорк го претстави проектот „Шах во училиштата“

Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) на покана на JWF – фондацијата учествуваше на конференција организирана на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, САД. 

На конференцијата се обработуваа теми, проекти за постигнување на целите за одржлив развој дефинирани од Обединетите нации.

- Членот на Управниот одбор на ШФМ, Зоран Стојчевски го презентираше проектот „Шах во училиштата“ имплементиран во Македонија, започнат од 2022 година, како пример за применување на добрите практики и иницијативи за постигнување на овие цели. Половата еднаквост, социјална кохезија, социјална интеграција, борба против сите видови на дискриминација и зависности и пред се развој на младите личности се клучните придобивки од овој проект, соопшти ШФМ.

На конференцијата учествуваа повеќе од 100 учесници со свои предавања и проекти од целиот свет.

СВР-Битола апелира граѓаните утре да се воздржат од користење возила кон Пелистер

СВР-Битола во соопштение до јавноста упати апел до граѓаните утре да се воздржат од користење на сопствени возила доколку имаат намера да престојуваат во Националниот парк Пелистер.

Во пресрет на утрешната хуманитарна манифестација „Имам куќа на Пелистер“ што ја организира Јавната установа Национален парк „Пелистер“, од СВР Битола посочуваат да се користи бесплатниот автобуски превоз.

-Апелираме граѓаните да се воздржат од беспотребно користење на патничко моторни возила на патниот правец што води кон Пелистер бидејќи од страна на организаторот е обезбеден бесплатен автобуски превоз. Автобусите ќе поаѓаат во 10:15 часот од пред автобуските станици Атпазар, Шехерезада, Црн Мост, Довлеџик, Спортска сала, Болница и Нов пазар, а враќањето ќе биде во 15:30 часот. Сите учесници во сообраќајот да ги следат насоките на полициските службеници, соопштија од СВР Битола.

Од СВР Битола посочуваат дека и граѓани од околните градови, да го користат бесплатниот јавен превоз со цел да се избегне сообраќаен метеж.

Почина поранешниот англиски репрезентативец Истхам

 Џорџ Истхам, поранешниот фудбалски репрезентативец на Англија со која го Светското првенство во1966 година, почина на 89-годишна возраст, соопшти денеска неговиот поранешен клуб Стоук.

„Фудбалскиот клуб Стоук Сити е бескрајно тажен поради смртта на клупската легенда Џорџ Истхам. Тој ќе остане запаметен како човекот чиј гол ни донесе победа над Челзи во финалето на ФА Купот во 1972 година“, се вели во соопштението на поранешниот клуб на Истхам.

Во својата кариера, меѓу другото, играше и за Арсенал и Њукасл, а во 1973 година беше награден со Орден на Британската империја за придонес во фудбалот.

За англиската репрезентација Истхам одигра 19 натпревари.

Новата влада во Сирија го именуваше Асад Хасан ал Шабани за министер за надворешни работи

Новата влада во Сирија го именуваше Асад Хасан ал Шабани за министер за надворешни работи на привремената влада, соопшти командата на обединетите вооружени сили на опозицијата, кои воспоставија контрола над Сирија, цитирана од агенциите.

Назначувањето доаѓа во контекст на напорите на новите владетели да изградат односи со меѓународната заедница две недели по падот на режимот на претседателот Башар ал Асад.

Шабани има 37 години и дипломирал на Универзитетот во Дамаск. Тој претходно го предводеше политичкиот оддел на бунтовничката влада во северозападната сириска провинција Идлиб, соопшти командата.

На 8 декември, по 13-годишна граѓанска војна, сириските бунтовници го зазедоа Дамаск и го принудија Асад да побегне, ставајќи крај на децениското владеење на неговиот клан.

Силите под команда на Шара - попознат како Абу Мохамед ал-Џавлани назначија преодна влада за период од три месеци, што е практично иста со која досега владееше со бунтовничката енклава во северозападната провинција Идлиб.

Во 2013 година Вашингтон го означи Шара за терорист и во тоа време посочи дека Ал Каеда во Ирак му поставила задача да го собори режимот на Асад и да воспостави шеријатско владеење во Сирија. Вчера, американските власти рекоа дека САД ќе се откажат од наградата од 10 милиони долари за неговата глава.

Во меѓувреме, Катар повторно ја отвори својата амбасада во Дамаск. Денеска пред зградата на дипломатската мисија беше подигнато знамето на Емиратите.

Така, Катар стана втората земја по Турција која ја обнови работата на својата амбасада во Сирија по доаѓањето на власт на бунтовничката коалиција предводена од исламистите, која го собори Асад.

притисни ентер