Екипата од „Црвена јабука“ наишла на паднато дрво на патот

Од групата „Црвена Јабука“на пат кон Словенија наидоа на потешкотии, поточно им го попречи дрвото кое падна на патот. 

Гитаристот на бендот Дарио Дувњак објави видео на Инстаграм на кое се гледа како екипата ги засукала ракавите и го помести дрвото од патот.

Додека Дувњак седеше зад воланот, тапанарот Адријан Бориќ, басистот Крешимир Каштелан, Пеги Штефановиќ и клавијатуристот Стјепан Шариќ се фатија за работа, а гитаристот се пошегува и на снимањето додаде песна од анимираната серија „Пат и Мат“.

Извор: Индекс.хр

Жена загина при пад на спортски авион во белгискиот град Хаселт

Жена загина, а маж е повреден при уривање на двокрилен спортски авион во раните вечерни часови во градот Хаселт во провинцијата Лимбург во североисточниот дел на Белгија. 

Како што соопшти лимбуршкото Јавното обвинителство, повредениот маж бил пилот во авионот, а загинатата жена негов сопатник. Повредениот е пренесен во болница и се наоѓа во состојба на шок.

Очевидец на настанот за белгискиот јавен радиодифузен сервис на холандски јазик ВРТ изјави дека авионот направил ротација во воздухот, по што се урнал во паркот во Хаселт,

- Очигледно нешто не беше во ред. Моторот престана да работи, па се вклучи. Потоа авионот почна да паѓа и слушнавме само силен удар, но не видовме чад, изјави друг очевидец на падот за ВРТ.

Причина за уривањето на авионот се уште не е позната. На местото на настанот покрај припадници на Јавното обвинителство и полицијата, излегле и претставници на белгиската Федералната воздухопловна служба со задача да ги испитаат околностите за несреќата. /МИА

Предизборната кампања на Бајден собрала 14 милиони долари по телевизиската дебата со Трамп

Предизборниот штаб на американскиот претседател Џо Бајден објави дека кампањата собрала 14 милиони долари од донации на денот на првата телевизиска дебата со поранешниот претседател на САД Доналд Трамп.

Од штабот на Бајден соопштија дека најголемиот приход од донации од почетокот на кампањата е постигнат во периодот од 23:00 часот до полноќ, еден час по крајот на телевизиската дебата во студиото на Си-Ен-Ен во Атланта, Џорџија./МИА

притисни ентер