Карпин останува на клупата на Русија

Рускиот фудбалски сојуз (РФС) го продолжи денеска договорот со селекторот на националниот тим, Валери Карпин.

Како што е соопштено, Карпин ќе остане руски селектор до јули 2028 година.

Карпин (55) е на чело на репрезентацијата на Русија од 23 јули 2021 година.

Под негово водство, Русија го освои второто место во квалификациската група за Светското првенство во 2022 година, но не доби право да учествува во плеј-офот поради војната во Украина. /МИА

Нетанјаху, наводно, нуди милиони долари за секој ослободен заложник

 Во обид да обезбеди ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е подготвен на нивните киднапери да им понуди неколку милиони долари, објави вечерва израелската телевизија Канал 12.

Премиерот е исто така подготвен да гарантира безбедно поминување од Газа за киднаперите да ги ослободат заложниците и нивните семејства, се додава во извештајот.

Нетанјаху даде инструкции за ова вечерва на безбедносна консултација.

Тој јавно разговараше за овие напори минатиот месец, објавија израелските медиуми./МИА

Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети од вечерашната средба со граѓаните во Куманово нагласи дека доколку загуби на изборите ќе се повлече од политиката.

Ова изјава на Ахмети доаѓа неколку дена откако Коалицијата „Влен“ му порача дека ако тој навистина сака предвремени парламентарни избори, да депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби, ќе си замине од политиката.

- Мораме да излеземе јавно, отворено да им кажеме, бидејќи овие не разбираат. Ние не сме заинтересирани да влеземе во Владата, но што е можно побрзо да ја напуштат владата, толку подобро е за нив, за нивните семејства, затоа што ова е црна страница за Албанците. Слушнав, бараат да потпишам кај нотар дека доколку со еден глас ги загубам изборите, нема да бидам дел од власта. Четврт век велам, ако ги изгубам изборите, се враќам дома, рече Ахмети.

Во штипското село Пиперово пронајден маж со прострелна рана

Во атарот на штипското село Пиперово пронајдено е безживотно тело на млад маж. 

Според првичните информации пронајден е со прострелна рана. Што се случило на местото каде што е пронајден, дополнително ќе се утврдува.

Од СВР Штип потврдуваат дека кај нив е пријавено околу 16 часот, а во моментов во тек е увид на лице место од страна на полицијата и јавен обвинител.

Повеќе детали се најавуваат во текот на утрешниот ден. Телото на починатиот ќе се предаде на обдукција.

притисни ентер