Предизборната кампања на Бајден собрала 14 милиони долари по телевизиската дебата со Трамп

Предизборниот штаб на американскиот претседател Џо Бајден објави дека кампањата собрала 14 милиони долари од донации на денот на првата телевизиска дебата со поранешниот претседател на САД Доналд Трамп.

Од штабот на Бајден соопштија дека најголемиот приход од донации од почетокот на кампањата е постигнат во периодот од 23:00 часот до полноќ, еден час по крајот на телевизиската дебата во студиото на Си-Ен-Ен во Атланта, Џорџија./МИА

САД ги обвинија Русија и Кина дека „бесрамно ја штитат“ Северна Кореја

 САД упатија критики до Русија и до Кина пред Советот за безбедност на ОН дека „бесрамно ја штитат“ и ја охрабруваат Северна Кореја да продолжи да ги крши санкциите на ОН.

„Русија и Кина бесрамно го бранат Пјонгјанг од каква било казна, па дури и од осуда на неговите дејствија“, рече заменик-постојаниот претставник на САД во ОН, Роберт Вуд на денешниот состанок одржан во врска со најновото тестирање на интерконтинентална балистичка ракета од страна на армијата на Северна Кореја. /МИА

Нетанјаху, наводно, нуди милиони долари за секој ослободен заложник

 Во обид да обезбеди ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е подготвен на нивните киднапери да им понуди неколку милиони долари, објави вечерва израелската телевизија Канал 12.

Премиерот е исто така подготвен да гарантира безбедно поминување од Газа за киднаперите да ги ослободат заложниците и нивните семејства, се додава во извештајот.

Нетанјаху даде инструкции за ова вечерва на безбедносна консултација.

Тој јавно разговараше за овие напори минатиот месец, објавија израелските медиуми./МИА

Ахмети: Ако изгубам на избори, ќе се повлечам од политиката

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети од вечерашната средба со граѓаните во Куманово нагласи дека доколку загуби на изборите ќе се повлече од политиката.

Ова изјава на Ахмети доаѓа неколку дена откако Коалицијата „Влен“ му порача дека ако тој навистина сака предвремени парламентарни избори, да депонира писмена гаранција дека кога ќе загуби, ќе си замине од политиката.

- Мораме да излеземе јавно, отворено да им кажеме, бидејќи овие не разбираат. Ние не сме заинтересирани да влеземе во Владата, но што е можно побрзо да ја напуштат владата, толку подобро е за нив, за нивните семејства, затоа што ова е црна страница за Албанците. Слушнав, бараат да потпишам кај нотар дека доколку со еден глас ги загубам изборите, нема да бидам дел од власта. Четврт век велам, ако ги изгубам изборите, се враќам дома, рече Ахмети.

притисни ентер