Многу луѓе кои вежбаат и здравствени гуруа јајцата ги сметаат за суперхрана. Сепак, советите на лекарите често се спротивни - тие јајцата ги сметаат за извор на холестерол кој може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Јајцата со децении се демонизирани бидејќи изобилуваат со холестерол, особено во жолчката, а многу експерти предупредуваат на потенцијалните здравствени ризици.
Сепак, новите истражувања покажуваат дека овој страв можеби не е целосно оправдан.
Експериментот на еден доктор го шокираше светот
Една неодамнешна студија на д-р Ник Норвиц, докторант на Универзитетот Харвард, предизвика внимание. Тој одлучил да консумира 720 јајца за еден месец - во просек 24 јајца дневно - за да го испита нивното влијание врз нивото на холестерол. Резултатите беа изненадувачки: неговото ниво на липопротеини со ниска густина (ЛДЛ), познат како „лош“ холестерол, паднало за 18 проценти.
Д-р Норвиц, кој докторирал за метаболизмот на човечкиот мозок на Универзитетот во Оксфорд, истакнал дека неговиот експеримент имал за цел да покаже дека јадењето јајца не мора нужно да го зголемува нивото на холестерол.
„Претпоставував дека консумирањето 720 јајца во еден месец, што е околу 133.200 мг холестерол, всушност ќе го намали мојот ЛДЛ холестерол, и тоа се покажа како точно“, изјавил тој.
Во својот експеримент, кој предизвика големо внимание на социјалните мрежи, д-р Норвиц покажа како јајцата влијаат на неговиот метаболизам.
– Иако значително го зголемив внесувањето холестерол, ЛДЛ холестеролот всушност ми се намали, додаде тој.
Во овој контекст, важно е да се забележи разликата помеѓу лошиот холестерол (LDL) и липопротеините со висока густина (HDL), односно „добриот“ холестерол кој помага во отстранувањето на вишок холестерол од крвотокот.
Зошто јајцата не го зголемуваат нивото на холестерол?
Истражувачите понудија хипотеза зошто јајцата не го зголемуваат нивото на холестерол. Имено, во цревата холестеролот се врзува за рецепторите кои го поттикнуваат ослободувањето на хормонот холесин, кој му сигнализира на црниот дроб да го намали производството на ЛДЛ.
Покрај тоа, Норвиц за време на експериментот, го прилагодил консумирањето јаглехидрати, и се фокусирал на овошјето, што дополнително придонело за намалување на нивото на ЛДЛ.
- Кога се зголемува внесот на јаглехидрати, нивото на ЛДЛ се намалува бидејќи телото добива повеќе енергија од тие намирници, објаснил тој.
Коментарите на гледачите на неговото видео го нагласуваат интересот за оваа тема. Еден корисник истакнал дека знаел оти неговиот LDL нема да се зголеми, додека друг го споделил своето искуство од долгогодишното консумирање јајца без никакви здравствени проблеми.
Овие студии отвораат нови прашања за традиционалниот пристап кон исхраната и холестеролот и бараат понатамошно истражување за вистинската улога на јајцата во исхраната на луѓето. Докажано е дека перцепцијата за јајцата како нездрави може да се промени, а со новото знаење, можеби е време да се преиспита стариот мит.