Жител на Богданци осомничен за задоволување полови страсти пред деца

Прибраните докази, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, упатуваат на сомнение дека осомничениот, се соблекувал и го вршел наведеното дело неколку пати пред деца кои не наполниле 14 години.

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци за кое постои основано сомнение дека извршило продолжено кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Прибраните докази, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, упатуваат на сомнение дека осомничениот, се соблекувал и го вршел наведеното дело неколку пати пред деца кои не наполниле 14 години, и тоа на јавно место – во двор на основно училиште и на други локации.

-Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, е наведува во оопштението од Обвинителтвото.

Спроведени вонренки контроли во старски домови, 14 не биле воопшто регистрирани во АХВ

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври, спроведоа вонредни инспекциски  надзори во 41 домови за стари лица во земјава. 

Со контролите утврдено е дека од нив, 14 не биле воопшто регистрирани како оператори со храна во АХВ.

Издадени се 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности од кои кај 4 оператори за незадоволителни хигиенски барања, а кај три оператори, утврдено е дека вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед.

Изречени се парични кази за 18 оператори.

Кај 5 оператори запленета и нештетно уништени се 40 килограми небезбедна храна.

Со почит,

Агенција за храна и ветеринарство

Нема опасност за ширење на вирусот на птичји грип уверуваат од АХВ

Не постои сериозна опасност од ширење на птичјиот грип од комплескот куќи во скопската населба Злокуќани.

Не постои сериозна опасност од ширење на птичјиот грип од комплескот куќи во скопската населба Злокуќани. Станува збор за затворен комплекс каде по утврдувањето на вирусот кај една дива птица биле превземени сите мерки. Негативни се резултатите кај двата лебеда кои се чувале во самиот комплекс се негативни, велат од АХВ за Канал 5. Се чекаат резулатите од уште две украсни птици од комплексот. Од агенцијата за храна и ветеринарство со апел до граѓаните доколку најдат умрена птица.

„Дивите птици најчесто преселниците се сметаат за резервоар на болеста. Затоа апелирам до граѓаните доколку најдат угината дива птица, но од водните патки, гуски или слични од нив да ја информираат Агенцијата за храна и ветеринарство или ветеринарни друштва. Доколку станува збор за други видови птици и за изолирани угинувања треба да се обратат кај јавните комунални претпријатија за нештетно отстранување на лешевите, изјави Оливер Миланов директор на АХВ.

Професорот од факултетот за ветерина од катедра за болести за птици Александар Додовски објаснува дека секое навремно уништување на болна птица од птичји грип е добро да не се шири. Во однос на луѓето нема простор за паника ако се види мртва птица, треба да се пријави во АХВ или комунално претпријатите. На удар се луѓето кои работат со птици и затоа треба да носат заштитна опрема.

Првиот случај на птичји грип се појави пред три недели во зоолошката градина каде беа усмртени 35 птици. Досега нема ниту еден потврден случај на птичји грип кај луѓе.

Буџетот за 2025 година оди во Собрание

Рекордниот предлог буџет за 2025 година тежок 6,5 милијарди евра денеска ќе биде доставен до Собранието. 

Со него предвидено е зголемување од 57 милиони евра за плати, 32,5 милиони евра за дотации и над 84 милиони евра за фондот за здравство. Колку средства ќе бидат предвидени за раст на минималецот како што веќе подолг период бараат синдикатите, министерката за финансии Гордана Димитриевска – Кочоска најави дека ќе се знае по седницата на социо-економскиот совет закажана за впеток. Согласно законот, со мартовското усогласување на минималецот тој ќе изнесува 24.400 денари. За зголемување на пензиите се предвидени над 270 милиони евра, со што пензиите во март ќе линеарно ќе се зголемат за 2500 денари.

- Има бафер од 2 милијарди денари во буџетот во фукции на држава, средства кои што ќе можеме да ги спуштиме откако ќе знаеме што е постигнато и договорено на социо-економскиот совет кој што го предводи министерот за економија. Во однос на пензиите планирани се 15 милијарди денари зголемување на ставката на пензии и уште 2 милијарди денари зголемување кон фондот за здравствено осигурување под одој основ.

Министерката Кочоска потенциташе дека за економскиот раст во земјата клучни се капиталните инвестиции, за кои се предвидени околу 800 милиони евра кои ќе се одлеат за изградба на коридорите 8 и 10, реконстукрција на казнено поправни установи, изградба на нови училишта и спортски сали, реконструкција на студентски домови, во земјоделието..Амбициозниот економски раст од 3,7% предвиден со новиот буџет Кочоска го оправдува со како што кажа реална и транспарентна реалицација на овие проекти, што според неа не било пракса изминатите години.

- Кога ќе ги соберете математиките ќе видите дека ние реално во годините не сме инвестирале повеќе од 15 милијарди денари зборувам за реални инвестиции и затоа граѓаните потоа прашуваат што е тоа што можеме да го видиме со голо око, а имаме толкава реализација на капитални инвестиции? За споредба веќе 2025 година такви работи нема, транфери за есм нема, трансфери за јавни претрпијатија се предвидени но во многу помал износ или се пренасочени на други ставки а не да ги билдаме капиталните.

Дополнително со новиот буџет е предидена инфлација од 2,2%, а буџетскиот дефицит е проектиран на 4% или 680 милиони евра. Кочоска кажа и дека оваа година имало големи барања од страна на министерствата кои доколку биле прифатени во целост дефицитот би изнесувал 13,5% или 2 милијарди евра..

притисни ентер