Земјата завчера „зароби“ нова месечина, може ли да се види со голо око?

Во неделата, на 29 септември, Земјата зароби „втора месечина“ во својата орбита, која ќе кружи околу неа, и околу нас, веројатно 57 дена.

Дали оваа нова мини-месечина, астероид чие официјално име е 2024 PT5, е видлива со голо око од нашата планета?

- Објектот е премногу мал и премногу темен за да биде видлив дури и со типични аматерски телескопи и двогледи. Сепак, објектот ќе биде доволно видлив за типични телескопи што ги користат професионалните астрономи - изјави Карлос де ла Фуентес Маркос, професор на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид, пренесува LiveScience.

Оваа вселенска карпа има пречник од 10 метри или, според LiveScience, е долга колку автобус. Научниците проценуваат, објавено во студијата во списанието Research Notes of AAS, дека мини-месечината повторно ќе успее да избега од гравитацијата на Земјата на 25 ноември.

Втората месечина е многу помала од вистинската Месечина - таа е 300.000 пати помала.

Кратките мини-месечински настани како претстојниот, во кој мало тело (во овој случај астероид) има негативна геоцентрична енергија неколку недели или месеци, се релативно чести - неколку настани во деценија. Долгите „заробувања“, од друга страна, се реткост - околу едно на секои 10 или 20 години.

Причината за исфрлањето на овие објекти се гравитационите нарушувања предизвикани од Сонцето. Откако ќе ја одигра својата улога како мини-месечина, 2024 PT5 ќе се врати во орбитата во центарот на сонцето како дел од астероидниот појас Арџуна.

Сите патни правци во државава се проодни

 Сите патни правци во државата се проодни. ЈП Македонија пат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата, информираат од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег после нашата интервенција.

-Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме како навремено би се справиле со снежните наноси, стои во соопштението.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот може да се добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502.

Националниот комитет на Македонски Концепт избра двајца потпретседатели на партијата

Националниот комитет на политичката партија Македонски Концепт на својата последна седница одржана на 20.12.2024 година ги избра Јасмина Арсовска и Васко Алексовски за нови потпретседатели на партијата.

Јасмина Арсовска е дипломиран економист со долгогодишно искуство во областа на ревизијата, сметководството и финансиското управување. Таа е лиценциран судски вештак и успешен претприемач, посветена на личен и професионален развој.

Васко Алексовски е доктор на науки од областа на клиничката биохемија при Медицински факултет на УКИМ, со повеќе од две децении искуство како раководител на клиничка биохемиска лабораторија. Тој е еден од основачите на Македонски Концепт и активен член на Унијата на Европските Федералисти на Македонија.

На седницата, Националниот комитет го усвои годишниот извештај за работа и завршната сметка за 2024 година, донесе план за работа за 2025 година и одлука за учество на Локалните избори 2025 година. Направени беа и измени на Статутот на партијата.

Со ова, Македонски Концепт потврдува дека останува посветен на своите програмски цели и визија за демократска, европска и напредна Македонија.

Македонски Концепт

Премиера на претставата „Бог на колежот“ на 24 декември

Во Македонскиот народен театар на 24 декември ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Бог на колежот“, по мотивите на „God of Carnage“ на Јасмина Реза, а во адаптација и режија на Весна Петрушевска.

Ова е седмиот проект на Македонскиот народен театар во оваа сезона.

Во претставата играат Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски, Наталија Теодосиевa како и децата од Актерската школа на Весна Петрушевска.

Преводот на текстот е на Рајна Кошка-Хот, како сценограф се потпишува Татјана Христоска, костимограф е Наталија Терзија, а сценските движења се на Кренаре Невзати-Кери.

Изборот на музиката е на Весна Петрушевска, а автор на сонгот „Пепел и мрак" е Игор Џамбазов.

-Оваа копродукциска претстава нуди можност да се погледнеме кои сме макар на 90 минути за време кога публиката е учесник во арената, се вели во соопштението на МНТ.

Првата реприза е закажана за 25 декември.

притисни ентер