Националниот комитет на Македонски Концепт избра двајца потпретседатели на партијата

Националниот комитет на политичката партија Македонски Концепт на својата последна седница одржана на 20.12.2024 година ги избра Јасмина Арсовска и Васко Алексовски за нови потпретседатели на партијата.

Јасмина Арсовска е дипломиран економист со долгогодишно искуство во областа на ревизијата, сметководството и финансиското управување. Таа е лиценциран судски вештак и успешен претприемач, посветена на личен и професионален развој.

Васко Алексовски е доктор на науки од областа на клиничката биохемија при Медицински факултет на УКИМ, со повеќе од две децении искуство како раководител на клиничка биохемиска лабораторија. Тој е еден од основачите на Македонски Концепт и активен член на Унијата на Европските Федералисти на Македонија.

На седницата, Националниот комитет го усвои годишниот извештај за работа и завршната сметка за 2024 година, донесе план за работа за 2025 година и одлука за учество на Локалните избори 2025 година. Направени беа и измени на Статутот на партијата.

Со ова, Македонски Концепт потврдува дека останува посветен на своите програмски цели и визија за демократска, европска и напредна Македонија.

Македонски Концепт

Пентагон соопшти дека е убиен еден од лидерите на „Исламска држава“

Во воздушен напад на силите на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) во сириската провинција Деир ез-Зор бил убиен еден од лидерите на „Исламска држава“, јави синоќа Пентагон.

Нападот бил извршен на 19 декември во регион кој претходно бил под контрола на руски и владини сили на отстранетиот претседател Башар Асад.

Како резултат на ударот биле убиени двајца борци на ИД, вклучувајќи го и Абу Јусиф, еден од лидерите на групата.

Пентагон соопшти дека воздушниот напад е дел од задачите на Централната команда за „попречување и ослабување на напорите на терористите за планирање, организирање и извршување напади врз цивили и војници на САД, нивните сојузници и партнери“.

-Како што веќе беше кажано во активности со сојузниците и партнерите во регионот, Соединетите Американски Држави нема да дозволат ИДИЛ да ја искористи сегашната ситуација во Сирија за своја обнова, изјави командантот на ЦЕНТКОМ, генерал Мајкл Ерик Курила.

ИДИЛ значи „Исламска држава на Ирак и Левант“ и е првичното име на организацијата што подоцна беше скратено во „Исламска држава“ (ИД).

-ИДИЛ посакува да ослободи над 8.000 свои борци кои моментално се во притвор во Сирија. Ќе продолжиме активно да ги следиме овие лидери и борци, вклучувајќи ги и оние кои се обидуваат да извршуваат операции надвор од Сирија.

ИД во различни земји е означена од САД како терористичка организација.

Неделава беа извршени неколку напади на американските сили во Сирија. Во понеделникот, командата објави дека извршила прецизни воздушни напади врз кампови на ИД, при што биле убиени 12 борци.

Од администрацијата на Бајден укажаа дека американската војска во Сирија останува и по падот на режимот на Асад, како дел од мисијата за борба со тероризмот и целосно уништување на ИД.

МВР: Претреси во Тетово и тетовско, пронајдени над 75 000 парчиња пиротехника

 Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и тетовско, при што пронајдени  над 75 000 парчиња пиротехника.

- Денеска во периодот од 09.30 до 14.20 часот полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба извршиле претреси во дом и други простории кај Б.А.(40) во с. Селце, тетовско, како и во дом и други простории кај М.Д. (43) од с. Селце и продавница, како и во три импровизирани тезги во Тетово сопственост на С.М.(35) и М.А.(54) двајцата од Тетово и Ј.Н.(56) од с.Буковиќ, скопско. При претресите се пронајдени 75 889 парчиња пиротехнички средства и 346 килограми тутун, информираат од МВР.

Лицата, информираат од МВР, се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

МВР: Фатени бегалци од затвор

Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи.

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потраги во содејство со полициски службеници од СВР Куманово денеска околу 12:20 часот на бул. „Трета Македонска ударна бригада“ во Куманово ги лишија од слобода Е.П. (31) од Скопје и Д.С. (41) од Кочани, кои биле барани поради бегство од затвор.

Како што информират од МВР, Е.П. бил баран по потерница од КПУ Затвор Штип, а бил осуден на затворска казна од девет години за кривично дело по чл.418 од КЗ (криумчарење мигранти) и за доиздржување има шест години, три месеци и 12 денови, додека Д.С. бил баран по потерница од КПУ Затвор Струмица, а бил осуден на затворска казна од седум години за кривично дело по чл.236 ст.1 од КЗ (тешка кражба) и за доиздржување има една година.

Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи.

притисни ентер