Привремената влада на Сирија ќе ги зголеми платите на бројни вработени во јавниот сектор за 400 проценти следниот месец, откако ќе заврши административното преструктурирање на министерствата за подобрување на ефикасноста и отчетноста. Ова денеска го изјави министерот за финансии, Мохамед Абазид.
Зголемувањето, за кое се проценува дека ќе чини 1,65 трилиони сириски фунти (околу 127 милиони американски долари), ќе биде финансирано од постојните државни ресурси, заедно со регионална помош, нови инвестиции и обиди за одмрзнување на сириските средства во странство.
- Ова е првиот чекор за итно решавање на економската реалност во земјата, изјави Абазид.
Тој додаде дека платите за овој месец ќе бидат исплатени неделава. /МИА