Здравко Чолиќ заработи 120.000 евра на новогодишната ноќ, снимен е како ужива покрај море

Најголемата машка ѕвезда од регионот, Здравко Чолиќ, на главниот плоштад во Тиват одржа спектакуларен предновогодишен концерт.

Чола, всушност, го срушил рекордот затоа што пеел пред повеќе од 30.000 луѓе, а и сериозно заработил, според некои медиуми - дури 120.000 евра, објави Телеграф.

По новогодишната ноќ Чола остана на црногорското приморје, а веќе на 1 јануари беше во сериозно друштво. Имено, Наташа Нинковиќ сподели фотографија со Чола, од ручек на 1 јануари.

Нинковиќ се запознала со Чолиќ ден по Новата година, а бидејќи пејачката настапувала за дочекот во Тиват, се претпоставува дека таму се запознале.

Актерката не ја тргна насмевката од лицето, а со нивната слика ја додаде песната на Здравко „Зелена си ријека била“.

Која е причината за вчерашниот сообраќаен колапс во Маврово?

Несовесните возачи се главна причина за синоќешниот сообраќаен колапс кај Маврово, каде со часови во колони возила беа заглавени голем број граѓани.

Ова е објаснувањето на полицијата по вчерашните застои кон и од овој туристички центар. Од СВР Тетово денеска информираат дека вчера биле ангажирани дополнителни дваесетина полициски службеници кои излегле на терен за да воспостават ред. Дополнително велат дека уште пред почетокот на сезоната неколку пати имале состаноци со сопствениците на угостителските објекти каде им ја предочиле обврската да имаат доволен број паркинг места за гостите. Од полицијата апелираат до граѓаните, да ги почитуваат сите правила во сообраќајот, да не ги паркираат нивните возила на коловоз, да се движат согласно предвидените правила и да не тргнуваат во правец на овие локалитети без соодветен зимска опрема..

-Како секоја измината година така и оваа година начинот на постапувањето тече согласно планот, при што на подрачјето на Маврово се воведува кружен тек на движење на возилата за да се избегне секој вид на блокирање на патот, но поради одредени неодговорни возачи кои не го почитуваат тоа правило доведува и до целосно блокирање на сообраќајот, исто така друг проблем претставува и паркирањето на возила покрај патот, што го оневозможува целосното прочистување на патот од страна на надлежните институции поради нивниот широк габарит, при што им се оневозможува постапувањето при расчистување и проширување на коловозот и тоа уште повеќе го отежнува движењето во сообраќајот, затоа што и во летни услови на тие делници не е во можност да се одвива двонасочен сообраќај. – Фатмир Реџепи – Портпарол на СВР Тетово

Овој настан беше повод за партиски реакции. Од СДСМ прстот го вперија кон владата и нејзините кадри.

„Поради неисчистени патишта од страна на државното претпријатие Македонија пат и задоцнета реакција на СВР Тетово бројни граѓани со часови беа заглавени во километарски колони во Маврово. Само пред неколку дена се случи хаос и на патот Тетово – Попова Шапка. Како што падна првиот снег патиштата ширум државата останаа целосно неисчистени а граѓаните се оставени сами на себе., соопштија СДСМ…

Инаку, според податоците на МВР од 3ти јануари до денеска утринава, преку граничните премини Табановце и Богородица државава ја напуштиле околу 39 000 македонски државјани, а влегле 29 илјади. Од полицијата велат дека во функција се ставени сите капацитети за да се забрза протокот на патиници но и да се направат задолжителните проверки.

Скопје повторно е најзагаден град во Европа!

Скопјани и денеска дишат најзагаден воздух во Европа, а главниот град означен во категотијата „нездрав“ утрово беше 5ти најзагаден во светот според податоците на Iq Air.

Во делови од денот концентрацијата на штетните ПМ 2,5 честички во Скопје беше и 15 пати поголема од дозволените вредности според упатството на СЗО. Граѓаните велат дека веќе почнуваат да ги чувствуваат штетните последици врз здравјето, а од надлежните побараа наместо меѓусебно да си ја префрпаат топката, заеднички да направат конкретни чекори за решавање на проблемот.

- Еве детето не може еден месец да се излечи. Не знам што таблети сум купувал и што сирупи сум му дал се на приватно.

- Главата, главоболки тие работи секое сабајле тоа нема што да правиме или да одиме некаде на Водно или подалеку негде на чист воздух.

- Има многу фабрики, нема никакво прочистување, а и многу се доселија многу е народ овде и Скопјево не е предвидено за толку жители така да треба да се преземе нешто со фабриките претежно.

- Не само што ми пречи туку од година во година е полоша ситуацијата, мерките кои што се преземаат се никакви или скоро да нема такви мерки мислам крајно време е во скопјево тоа да се реши. Надлежните и на локално и на државно ниво, бидејки само префрлање на топката од едни на други никаде не води.

Се до петок, низ котлините ќе има слабо струење на ветер кое ќе предизвика магла и облачност – покажуваат прогнозите на УХМР. Пооптимистички најави за ветер, дожд и снег кои би придонеле во расчистување на воздухот се очекуваат од петок и во викендот кој следи.

- Промена на времето се очекува од петок, кога најпрво во претпадневните часови ќе дува умерен и повремено засилен ветер од јужен правец, облачноста ќе се зголемува, а веќе во попладневните часови ќе има и врнежи од дожд. Врнежите постепено во следните денови ќе преминуваат во снег ќе преминуваат во снег,најпрво на повисоките, а потоа ќе има услови и во некои од пониските места.

Канал 5 веќе неколку дена бара одговор од ресорниот министер за животна средина Изет Меџити, за тоа која е конкретната стратегија на министерството за справување со загадениот воздух, но тој до моментов не одговори на нашите повици и пораки. Истото прашање го упативме и директно до министерството, но засега одговор не добивме и оттаму.

Коледарите утринава први го навестија Бадник

Првите весници на празникот децата коледари од рано утрово со песна и радост ги разбудија православните христијански верници, кои денеска го празнуваат Бадник ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ.

„Денеска е коледе, а утре е божиќ“ - одекнуваше пред вратите .... Земните ангели го најавуваат Христово раѓање ....

Со насмевка на лице и торбичка в раце коледарат по своите мааала а домаќините ги пречекуваат со срце полно радост, дарувајќи ги со по некое оревче, костени, јаболка, бонбони ....

„Ние добивме благо, парички и овошпје... и зеленчук, банани, портокали, мандарини, киви, ореви, костени и лешници и бадеми, се добивме .... “

„Денеска е Коледе и бадник – се врти паричка, па нели во месеното лебче...“

„Среќни празници ... Среќен Божиќ, Нова година... Среќни празници...“

И додека дечињата коледарат, во домот полека почнуваат подготовките за бадниковата вечера, на која на заедничка трпеза се собира целото семејство, и според обичајот оваа вечер не се оди на гости....

Се прави богата и посна трпеза, а екипа на Канал 5 утрово беше во домот на тетка Цеце, која откако ги пречека коледарчињата започнува со подготвоките за вечерата ....

„Најубавото утро е ова, затоа што прво дечињата доаѓаат коледарат, пеат песнички а ние бабите што имаме тоа ќе им прибереме...од посни работи.... “-Светлана Трајчевска

Овој ден го одбележува последнито ден од постите и претставува духовна подготовка за доечкот на Христовото раѓање....домот е украсен со бадникови гранчиња, а домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде погата трпезата целата година, лебче со паричка, посно гравче, сарма, костени, ореви, овошје ... а тетка Цеце вели од она што го пати од детството досега не се променило многу....

„За вечер си спремаме лебче, посна трпеза, сарми, грав, риба, и да си ја задржиме оваа наша традиција да не исчезнува...Сите си правиме тоа што си правеле и нашите предци и ние сега си го продолжуваме....“- Светлана Трајчевска

Пред почнување на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата го крши лебечето со паричка, го дели на делови колку што има членови семејството, оставајќи парче за Бога и куќата... Се верува дека оној кој ќе ја најде паричката во својот дел од лебчето ќе го прати среќа, здравје и блаогосотојба во текот на целата година... а по вечерата во огнот се става бадникото гранќе кое се смета за најздраво дрво за сите членови на семејството да бидат здрави.

притисни ентер