Коледарите утринава први го навестија Бадник

Првите весници на празникот децата коледари од рано утрово со песна и радост ги разбудија православните христијански верници, кои денеска го празнуваат Бадник ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ.

„Денеска е коледе, а утре е божиќ“ - одекнуваше пред вратите .... Земните ангели го најавуваат Христово раѓање ....

Со насмевка на лице и торбичка в раце коледарат по своите мааала а домаќините ги пречекуваат со срце полно радост, дарувајќи ги со по некое оревче, костени, јаболка, бонбони ....

„Ние добивме благо, парички и овошпје... и зеленчук, банани, портокали, мандарини, киви, ореви, костени и лешници и бадеми, се добивме .... “

„Денеска е Коледе и бадник – се врти паричка, па нели во месеното лебче...“

„Среќни празници ... Среќен Божиќ, Нова година... Среќни празници...“

И додека дечињата коледарат, во домот полека почнуваат подготовките за бадниковата вечера, на која на заедничка трпеза се собира целото семејство, и според обичајот оваа вечер не се оди на гости....

Се прави богата и посна трпеза, а екипа на Канал 5 утрово беше во домот на тетка Цеце, која откако ги пречека коледарчињата започнува со подготвоките за вечерата ....

„Најубавото утро е ова, затоа што прво дечињата доаѓаат коледарат, пеат песнички а ние бабите што имаме тоа ќе им прибереме...од посни работи.... “-Светлана Трајчевска

Овој ден го одбележува последнито ден од постите и претставува духовна подготовка за доечкот на Христовото раѓање....домот е украсен со бадникови гранчиња, а домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде погата трпезата целата година, лебче со паричка, посно гравче, сарма, костени, ореви, овошје ... а тетка Цеце вели од она што го пати од детството досега не се променило многу....

„За вечер си спремаме лебче, посна трпеза, сарми, грав, риба, и да си ја задржиме оваа наша традиција да не исчезнува...Сите си правиме тоа што си правеле и нашите предци и ние сега си го продолжуваме....“- Светлана Трајчевска

Пред почнување на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата го крши лебечето со паричка, го дели на делови колку што има членови семејството, оставајќи парче за Бога и куќата... Се верува дека оној кој ќе ја најде паричката во својот дел од лебчето ќе го прати среќа, здравје и блаогосотојба во текот на целата година... а по вечерата во огнот се става бадникото гранќе кое се смета за најздраво дрво за сите членови на семејството да бидат здрави.

Џеј Ло и Бен Афлек се договараат за деталите за разводот, секој ќе си ја задржи заработката

Пет месеци откако Џенифер Лопез и Бен Афлек ја шокираа јавноста со веста дека се разведуваат, тие успеаја да ги договорат сите детали и поделбата на имотот и покрај тоа што не потпишаа предбрачен договор, пишува Дејли Мејл.

Тие на 20 февруари ќе потпишат официјални документи за развод, а секој ќе го задржи она што поединечно го стекнал за време на двегодишниот брак. Успеале да се договорат и за вилата на Беверли Хилс вредна 61 милион долари, која ја купиле заедно, но деталите се уште не се познати на јавноста.

ТМЗ, исто така, објави дека Афлек ќе го задржи својот удел во продуцентската компанија „Artists Equity“, која ја основа во 2022 година со пријателот Мет Дејмон. Компанијата стои зад филмовите „Air“, „The Accountant 2“ и „Unstoppable“.

Џеј Ло заработи повеќе за време на нивниот брак

Кога се појави веста за нивното раскинување, многумина беа изненадени што парот не потпишал предбрачен договор. За време на нивниот брак нивното богатство изнесувало вкупно 550 милиони долари, од кои 400 милиони заработила само Џенифер.

Таа сними четири филма откако се омажи за Бен, вклучувајќи го и самофинансираниот проект „This Is Me... Now: A Love Story“, финансиран од 20 милиони долари, кој ја документира романсата на парот. Таа лансираше и коктели Делола и требаше да оди на светска турнеја, која на крајот беше откажана.

Бен, кој имаше нето богатство од 150 милиони долари за време на нивниот брак, глумеше во филмовите „Air“ (2023.) и „Hypnotic“ (2023). Тој, исто така, ја заврши продукцијата на продолжението на „The Accountant“ од 2016 година во тоа време.

Љубов која пропаѓа цели 20 години

За потсетување, Лопез и Афлек се венчаа повеќе од 20 години откако се запознаа на снимањето на комедијата Џигли. Двојката првпат се вери во ноември 2002 година. Неколку дена пред да се венчаат во септември 2003 година, тие ја откажаа венчавката наведувајќи го „прекумерното медиумско внимание“. Во јануари 2004 година тие официјално раскинаа, но 16 години подоцна и дадоа на својата љубов уште една шанса, која не траеше долго.

Извор: Индекс.хр

Араухо би можел да замине на позајмица во Јувентус

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Роналд Араухо може да се пресели во Јувентус на позајмица, пренесува „La Gazzetta dello Sport“.

Според италијанскиот весник, 25-годишниот Уругваец веќе се согласил на трансферот за да добие поголема минутажа на натпреварите.

Барселона сè уште не ја прифатила понудата на торинскиот тим, но може да се согласи поради високата плата на дефанзивецот.

Араухо се пресели во Барселона во 2018 година. Сезонава поради повреда одигра само еден натпревар за Каталонците во Купот на Шпанија, постигнувајќи една асистенција.

Вредноста на Араухо на порталот „Трансфермаркт“ се проценува на 55 милиони евра. Неговиот договор со Барселона е до летото 2026 година. /МИА

И 23 години по воведување на еврото, се уште не се разменети 12 милијарди германски марки

Речиси четврт век по воведување на еврото, Германците сè уште разменуваат големи суми од нивната поранешна валута.

Германската централна банка соопшти дека во 2024 година размените биле околу 53 милиони марки, вредни околу 27,2 милиони евра.

Еврото беше официјално воведено на 1 јануари 2002 година, а 23 години подоцна, Германската централна банка проценува дека околу 12 милијарди марки сè уште не се разменети.

Според соопштението на бундесбанк, дел од парите најверојатно биле скриени, а потоа заборавени или на друг начин уништени, но се сомневаат дека дел од оваа сума веројатно се чува намерно, вклучително и во странство. Според германските закони, бундесбанката сè уште е обврзана бесплатно да ги заменува марките - без временско или ограничување на сумата.

притисни ентер