Православните верници денеска го слават Бадник

Бдеењето започна, Бадник ги собраа верниците во храмовите, ги одбројуваат последните неколку часа до најрадосната вест – Христовото раѓање.

Со свеќи во рацете, во духовна и молитвена атмосфера побараа од Бога здавје, среќа и ги завршуваат последните мигови од 40 дневниот пост за духовно прочистување.

Велат ова се денови на сплотеност, кога запира брзината на секојдневнието, а семејствата повторно се собираат на една трпеза и се препуштаат на она што е најважно.

-Бадник, среќа, радост, убаво нешто, сите се насмеани, возрасни, млади-стари, значи се случува нешто убаво на овој денешен ден, најавата е дека ќе се роди нашиот спасител.

-Да не сплотат, заедно да бидеме и така.

-По една свеќа да запалиме, да се помолиме на Бога.

-Празник еден кој традиционално се одржува.

Отец Антонио вели дека Бог во овој ден треба да биде цел ден во мислите на верниците, а покрај вообичаените молитви, не треба да ја заборават и благодарноста кон Бога.

-Барајте го најнапред царството Божјо, се друго ќе ви се придодаде и тука ни е се кажано во кратки црти. Ние ако целиме кон Бога, кон царството небесно кон она што е крајна цел за секој христијанин се друго на земјата ќе му се придодаде, во смисла Бог знае на кого што му е потребно и ние најпрво да се обратиме кон Бога со една благодарност, што сме живи, што сме се разбудиле. - Отец Антонио

По завршувањето на неколку часовната литургија, на ред дојдоа и традиционалните бадникари кои пристигнаа со Кочија, а нив им претходеше и Бадниковата химна.

Оваа година кум е Радомир Макеларски, а здравичар Атанас Петров, повозрасни луѓе кои се кумови и во приватниот живот, а кои не можеа да го сокријат задоволстовто од честа која им е доделена

-Овој бадникарски ќуп е голем трофеј за мене и моето семејство, ќупот не се купува, но не се ни продава, овој ќуп за мене е дар од Бога и дар од овие прекрасни бадникари. - Радомир Раде Макеларски – Бадникарски кум

-Нека не не напушти вербата кон подоброто, но никогаш да не ја заборавиме традицијата, започанта од нашите предци која се одржала до денешни денови. Традицијата е симбол и патот на нашето постоење - Атанас Петров – Бадникарски здравичар

Бадникарските песни не одекнуваа само во храмовите...На улица Македонија најмалечките ја изодеа бадниковата поворка пеејќи ја Вечниот Бог. Во рацете ја носеа Витлеемската ѕвезда која е симбол на Христовото раѓање, односно, според легендата, кога Исус Христос се раѓал во пештерата ѕвездата светела на небото, помагајќи им на мудреците да ја пронајдат.

А, дел од нив песната Вечниот Бог ја испеја пред архиепископот Г.Г Стефан

По завршувањето на бадниковата вечера, кога ќе отчука полноќ, завршува и бдеењето, а верниците ќе си го честитаат празникот со реченицата Христос се роди, ваистина се роди.

Честитки за бадник пристгнаа од секаде, а на верниците празникот им го честитаа од државниот врв и политичарите.

Џеј Ло и Бен Афлек се договараат за деталите за разводот, секој ќе си ја задржи заработката

Пет месеци откако Џенифер Лопез и Бен Афлек ја шокираа јавноста со веста дека се разведуваат, тие успеаја да ги договорат сите детали и поделбата на имотот и покрај тоа што не потпишаа предбрачен договор, пишува Дејли Мејл.

Тие на 20 февруари ќе потпишат официјални документи за развод, а секој ќе го задржи она што поединечно го стекнал за време на двегодишниот брак. Успеале да се договорат и за вилата на Беверли Хилс вредна 61 милион долари, која ја купиле заедно, но деталите се уште не се познати на јавноста.

ТМЗ, исто така, објави дека Афлек ќе го задржи својот удел во продуцентската компанија „Artists Equity“, која ја основа во 2022 година со пријателот Мет Дејмон. Компанијата стои зад филмовите „Air“, „The Accountant 2“ и „Unstoppable“.

Џеј Ло заработи повеќе за време на нивниот брак

Кога се појави веста за нивното раскинување, многумина беа изненадени што парот не потпишал предбрачен договор. За време на нивниот брак нивното богатство изнесувало вкупно 550 милиони долари, од кои 400 милиони заработила само Џенифер.

Таа сними четири филма откако се омажи за Бен, вклучувајќи го и самофинансираниот проект „This Is Me... Now: A Love Story“, финансиран од 20 милиони долари, кој ја документира романсата на парот. Таа лансираше и коктели Делола и требаше да оди на светска турнеја, која на крајот беше откажана.

Бен, кој имаше нето богатство од 150 милиони долари за време на нивниот брак, глумеше во филмовите „Air“ (2023.) и „Hypnotic“ (2023). Тој, исто така, ја заврши продукцијата на продолжението на „The Accountant“ од 2016 година во тоа време.

Љубов која пропаѓа цели 20 години

За потсетување, Лопез и Афлек се венчаа повеќе од 20 години откако се запознаа на снимањето на комедијата Џигли. Двојката првпат се вери во ноември 2002 година. Неколку дена пред да се венчаат во септември 2003 година, тие ја откажаа венчавката наведувајќи го „прекумерното медиумско внимание“. Во јануари 2004 година тие официјално раскинаа, но 16 години подоцна и дадоа на својата љубов уште една шанса, која не траеше долго.

Извор: Индекс.хр

Араухо би можел да замине на позајмица во Јувентус

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Роналд Араухо може да се пресели во Јувентус на позајмица, пренесува „La Gazzetta dello Sport“.

Според италијанскиот весник, 25-годишниот Уругваец веќе се согласил на трансферот за да добие поголема минутажа на натпреварите.

Барселона сè уште не ја прифатила понудата на торинскиот тим, но може да се согласи поради високата плата на дефанзивецот.

Араухо се пресели во Барселона во 2018 година. Сезонава поради повреда одигра само еден натпревар за Каталонците во Купот на Шпанија, постигнувајќи една асистенција.

Вредноста на Араухо на порталот „Трансфермаркт“ се проценува на 55 милиони евра. Неговиот договор со Барселона е до летото 2026 година. /МИА

И 23 години по воведување на еврото, се уште не се разменети 12 милијарди германски марки

Речиси четврт век по воведување на еврото, Германците сè уште разменуваат големи суми од нивната поранешна валута.

Германската централна банка соопшти дека во 2024 година размените биле околу 53 милиони марки, вредни околу 27,2 милиони евра.

Еврото беше официјално воведено на 1 јануари 2002 година, а 23 години подоцна, Германската централна банка проценува дека околу 12 милијарди марки сè уште не се разменети.

Според соопштението на бундесбанк, дел од парите најверојатно биле скриени, а потоа заборавени или на друг начин уништени, но се сомневаат дека дел од оваа сума веројатно се чува намерно, вклучително и во странство. Според германските закони, бундесбанката сè уште е обврзана бесплатно да ги заменува марките - без временско или ограничување на сумата.

притисни ентер