Во делови од денот концентрацијата на штетните ПМ 2,5 честички во Скопје беше и 15 пати поголема од дозволените вредности според упатството на СЗО. Граѓаните велат дека веќе почнуваат да ги чувствуваат штетните последици врз здравјето, а од надлежните побараа наместо меѓусебно да си ја префрпаат топката, заеднички да направат конкретни чекори за решавање на проблемот.
- Еве детето не може еден месец да се излечи. Не знам што таблети сум купувал и што сирупи сум му дал се на приватно.
- Главата, главоболки тие работи секое сабајле тоа нема што да правиме или да одиме некаде на Водно или подалеку негде на чист воздух.
- Има многу фабрики, нема никакво прочистување, а и многу се доселија многу е народ овде и Скопјево не е предвидено за толку жители така да треба да се преземе нешто со фабриките претежно.
- Не само што ми пречи туку од година во година е полоша ситуацијата, мерките кои што се преземаат се никакви или скоро да нема такви мерки мислам крајно време е во скопјево тоа да се реши. Надлежните и на локално и на државно ниво, бидејки само префрлање на топката од едни на други никаде не води.
Се до петок, низ котлините ќе има слабо струење на ветер кое ќе предизвика магла и облачност – покажуваат прогнозите на УХМР. Пооптимистички најави за ветер, дожд и снег кои би придонеле во расчистување на воздухот се очекуваат од петок и во викендот кој следи.
- Промена на времето се очекува од петок, кога најпрво во претпадневните часови ќе дува умерен и повремено засилен ветер од јужен правец, облачноста ќе се зголемува, а веќе во попладневните часови ќе има и врнежи од дожд. Врнежите постепено во следните денови ќе преминуваат во снег ќе преминуваат во снег,најпрво на повисоките, а потоа ќе има услови и во некои од пониските места.
Од Министерството за животна средина за Канал 5 потсетуваат дека е донесен плански документ „Програма против загадување на воздухот 2024-2030“и Акциски план за грејната сезона.
По извршени вонредни инспекциски контроли на индустриските капацитети кои поседуваат А интегрирана дозвола за работа, досега бил утврдено надминување на прагот само во Струмица, по што од страна на министерството биле дадени препораки до институциите и граѓаните.