Зараза од норовирус на познато езеро во Италија, над 300 лица завршија во болница

Повеќе од 300 луѓе се хоспитализирани, а многу други страдаат од дијареа, гадење, грчеви или треска по појава на норовирус во општината Тори дел Бенако на езерото Гарда во северна Италија, соопштија денеска властите.

Повеќе од 900 случаи се регистрирани во таа општина на источниот брег на езерото, инаку популарна дестинација за одмор за Италијанците, но и за странските посетители. Се претпоставува дека вирусот се шири преку пиење вода од чешма.

Општинските власти им наложија на луѓето да купуваат флаширана вода, а чистата вода се дели бесплатно.

Весникот вели дека се верува дека избувнувањето на вирусот е поврзано со високите нивоа на езерото по обилните дождови во последните недели, кои го преоптоварија канализациониот систем. Засега нема официјална потврда за ова.

Општинските власти соопштија дека се обидуваат да утврдат како се шири вирусот. Додека во петокот беа пронајдени траги во водата за пиење, последователните тестови од добавувачот на вода се негативни.

Сепак, градоначалникот Стефано Никотра се уште повикува на претпазливост. „Не користете вода од чешма за лична употреба или за храна“, рече тој. Водата не смее да се користи за готвење или миење храна.

Општината вообичаено има само 3.000 постојани жители, но сега прима и многу туристи. Норовирусот е многу заразен, но обично краткотраен.

Белата куќа и официјално се огласи за кандидатурата на Бејден

Американскиот претседател Џо Бајден не размислува за повлекување од функцијата претседателски кандидат, соопшти денеска Белата куќа.

„Апсолутно не“, беше одговорот на портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, на новинарско прашање дали Бајден размислува да се повлече од изборната трка, пренесува Ројтерс.

„Тој разбира дека е фер луѓето да го поставуваат тоа прашање. Го видов претседателот во Западното крило (на Белата куќа) пред да отидам на говорницата на брифингот со новинарите. Изгледаше одлично“, рече таа.

Претходно денеска, Бајден разговараше со лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, Чак Шумер, со демократскиот претставник Џејмс Клибурн, копретседател на кампањата Бајден-Харис и со поранешната претседателка на Домот Ненси Пелоси.

Си-Ен-Ен објави дека Бајден и американската потпретседателка Камала Харис разговарале и со сите членови на изборниот штаб на Бајден за овогодинешните претседателски избори и дека „детално го опишале влогот на претстојните избори“.

Според неименуван извор, Бајен рекол дека „кога ќе те соборат, се враќаш“.

„Да го победиме ова“, биле зборовите на Бајден на крајот од разговорот.

Келнер откри трикови како ги казнува непријатните гости: Не ми е гајле за бакшишот (ВИДЕО)

Дилан Карино од Тексас објави неколку видеа на TikTok, каде што открива дека „казнува арогантни клиенти во ресторан“.

Тој тврди дека поединците често ги игнорираат правилата на кафеаната - и очекуваат добра услуга, па во такви моменти применува одредени „трикови“.

На почетокот открива дека дозволува „грубите гости да чекаат по 20 минути“, а потоа се преправа дека не ги видел.

„Седнавте на масата со валкани чинии? Никој не те послужил? Дали го прашавте дали е слободно? Тоа не е во ред“, објасни младиот човек.

Дилан ги посочува и клиентите кои сами носат пијалоци во барот. Потоа применува поинаква „тактика“.

„Сакате палачинки? За жал, немаме повеќе смеса. Сакате да појадувате? Престанавме да го служиме пред шест минути. Можеби не требаше да носите кафе во ресторанот“.

@dylanpcarlino Dont come for the breakfast waitress #server #comedy #restaurant #serverproblems #serverlife #breakfast #jokes ♬ original sound - Dylan

На крајот рече дека во таква ситуација ниту сака ниту очекува бакшиш.

„Кога се однесувам вака, претпоставувам дека нема да добијам бакшиш. Но, слободно чувајте си ги парите, не ми требаат. Ми дадоа нешто повредно. Шанса за одмазда“, заклучил тој.

@dylanpcarlino As a waitress #comedy #server #restaurant #serverlife ♬ original sound - Dylan

Треба да се напомене дека на својата страница Дилан има снимено неколку стенд-ап (комичарски) настапи, па останува нејасно дали навистина работи како келнер - или се работи за подготвен скеч.

Рита Ора „ги почести“ фановите- прошета во проѕирен фустан без долна облека (ФОТО)

Пејачката Рита Ора се појави на концертот на Girls Aloud во светлечки проѕирен фустан без градник под него.

33-годишната пејачка го привлече вниманието со своето издание, а на концертот пристигна со сопругот, новозеландскиот режисер Таика Ваитити.

Нејзиниот сопруг ја тешеше додека таа се расплака додека се оддаде почит на починатата членка на групата, Сара Хардинг, која почина од рак на дојка пред три години.

Да потсетиме, пејачката со албанско потекло во неколку наврати ги налути Србите со изјавите за Косово, а неодамна призна дека и е тешко да одбие деловни понуди бидејќи нејзиното семејство припаѓало на работничката класа.

притисни ентер