Овој автомобил официјално им се придружува на „Ioniq 5“ и „Ioniq 6“ како дел од целосно електричниот погон на корејската марка, а се базира на концептот „Hyundai SEVEN“ кој првпат беше прикажан пред три години.
Тоа е и најголемиот „SUV“ на „Hyundai“ со батерија.
Новиот електричен СУВ на Хјундаи е за околу 40 cm подолго од неговиот претходник, но доволно моќен да понуди автономија со погон на задните тркала од 540 километри благодарение на големата батерија од 110 kWh.
„Ioniq 9“ доаѓа на истата E-GMP платформа како и другите електрични автомобили на „Hyundai“.
Во внатрешноста има инфозабавен систем со заоблен „панорамски“ екран со дијагонала од 12 инчи, кој е комбиниран со дигитален екран на таблата со инструменти со истата дијагонала, кој дава футуристички изглед на внатрешноста.
Исто така, има и асистент на возачот со вештачка интелигенција. Се работи за теренец со три реда седишта, што доволно говори за неговата пространост.
Засега сè уште не е познато кога „Hyundai Ioniq 9“ ќе пристигне во Европа, но се појавија информации дека ќе биде достапен на јужнокорејскиот и американскиот пазар во првата половина на 2025 година.